сруга – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Aug 2019 12:15:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сруга – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Струга се подготвува за „Струшки вечери на поезијата“ https://arhiva.vistina.com.mk/struga-se-podgotvuva-za-strushki-vecheri-na-poezijata/ Mon, 19 Aug 2019 12:15:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102899

Во Струга на мостот пред хотелот „Дрим“ започна поставувањето на сцените за потребите на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“. Активностите се одвиваат на Мостот на поезијата, плажа Галеб и на влезот на Домот на култура.

Организаторите ги молат граѓаните на Струга, како и посетителите од надвор, да бидат внимателни при движење на назначените локации, поради опасност од повреди. Ќе се поставува техничка опрема, што може да предизвика опасност од струен удар, се вели во соопштението.

Поетскиот фестивал „Струшки вечери на поезијата“ почнува в среда, 21 август, а ова е програмата за првиот ден. Сите настани се во Струга.
10:00       Садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златен венец“ на СВП за 2019 година, романската поетеса Ана Бландијана. („Парк на поезијата“) 12:30       Прес – конференција со Ана Бландијана (Конгресна сала, Хотел „Дрим“) 13:30       Отворање на изложбата „ОБОЕНА КОЛЕКЦИЈА НА РАДОСТ“ на Сашо Блажес (Конгресна сала, Хотел „Дрим“) 20:30       Официјално отворање на Струшки вечери на поезијата 2019 година (Плато пред Центар за култура) 21:00       „Поетски меридијани” – Меѓународно поетско читање (Плато пред Центар за култура)
]]>