српски полтичари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 11 Jul 2018 08:45:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png српски полтичари – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Српски политичари се скараа заради Сандра Африка https://arhiva.vistina.com.mk/srpski-politichari-se-skaraa-zaradi-sandra-afrika/ Wed, 11 Jul 2018 08:43:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=37420

Одлуката на локалната власт во српската општина Андријевица да ја ангажира естрадната уметница Сандра Продановиќ, попозната како Сандра Африка, за да ги забавува граѓаните на 17 јули, за време на прославата на Денот на општината Андријевица, предизвика бура од негодување и ја крена на нозе  опозицијата.
Наводно, планирано е  околу пет илјади евра да се потрошат за настапот на Сандра Африка, што најмногу ја изиритирало опозицијата во Андријевица, која тврди дека ова е скандал зашто власта неодговорно ги троши парите на граѓаните, за шунд настан со кој само ќе  ги понижи, омаловажи и исмее  традиционалните, историските придобивки и културните вредности на тој крај и Србија воопшто.
Власта пак има свое гледање на работите. В.Д. директорот на Центарот за култура  Марко Вукиќ, тврди дека во целата приказна нема ништо спорно и контроверзно, туку само опозицијата злобно сака да го исполитизира случајот, пишуваат „Вечерње Новости“.]]>