српски актер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 15 Oct 2021 07:45:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png српски актер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина српскиот актер Марко Живиќ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-srpskiot-akter-marko-zivikj/ Fri, 15 Oct 2021 07:43:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223071

Актерот Марко Живиќ почина по борбата со коронавирусот на 49 -годишна возраст. Српскиот актер починал во д -р КБЦ „Драгиша Мишовиќ“, каде што бил на интензивна нега. Белградскиот драмски театар се прости од актерот преку социјалните мрежи со потресна порака: – Денес во Белград почина првакот на нашиот театар, Марко Живиќ. Му благодариме за се и вечна му слава. Драг Марко, засекогаш ќе бидеш со нас, пишува во објавата. Марко Живиќ е роден 4 април 1972 година во Крушевац. Завршил во Академијата за драмски умтености во Нови Сад. На Марко Живиќ, кој е најпознат по улогите во филмовите „Некролози за Ескобар и Монтевидео„, „Бог те видео„, здравјето значително му се влошило откако беше заразен со коронавирус. Последните три недели тој ги поминал во сериозна состојба во болница, каде што бил приклучен на респиратор.
Имал билатерална пневмонија, а неговата состојба била комплицирана од бактерии од дигестивниот тракт, особено затоа што пред неколку години бил опериран од рак на хранопроводот и желудникот.
]]>

Почина Иван Бекјарев, познатиот српски актер со македонско потекло (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-ivan-bekjarev-poznatiot-srpski-akter-so-makedonsko-poteklo-foto/ Tue, 17 Nov 2020 09:16:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176417

Познатиот српски актер Иван Бекјарев почина вчера на 74 години од последици од коронавирусот во Белград. Бекјарев, како што известуваат српските медиуми, со Ковид 19 се заразил минатиот месец додека снимал филм, по што веднаш го напуштил сетот. Пред десеттина дена неговата здравствена состојба значително се влошила и тој бил хоспитализиран на инфективната клиника во Белград.
Бекјарев својата прва улога ја одиграл во далечната 1967 година, а во својот живот има одиграно повеќе од 150 театарски улоги, а глумел и во повеќе од 50 филмови. Најпознатите серии кои беа доста актуални и кај нас, а во кои Иван Бекјарев беше дел од екипата се „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Отпишани“, „Горки плодови“. Многу познати лица  се простуваат од актерот, велејќи дека „Легендите никогаш не умираат“. Иван Бекјарев имаше македонско потекло. Татко му Георги пред Втората светска војна дошол во Белград, а мајка му Радмила (со потекло од Гевгелија во Белград дошла 1945 година. Татко му на Иван пред војната го сменил своето презиме во Беќаревиќ, но после раѓањето на Иван, повторно го преименувал во Бекјарев.
Бекјарев, како внук на Илија Џаџев, заедно со режисерот Јордан Дуков го истражуваат животот и делото на професорот Џаџев, инаку вујко на Бекјарев од Гевгелија.
Филмот „Професорот“ имаше премиера во официјалната програма на фестивалот за документарни филмови „Македокс“, а телевизиска премиера на МТВ ќе има на пролет, која за жал актерот не ја дочека.
 
Српскиот актер проговори за соработката со Бред Пит: „Не можев да верувам колку е скромен“ https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-akter-progovori-za-sorabotkata-so-bred-pit-ne-mozev-da-veruvam-kolku-e-skromen/ Tue, 19 May 2020 10:17:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150350

Српскиот актер Милош Тимотијевиќ беше гост во утринската емисија кај Јована Јоксимовиќ каде што зборуваше за деталите од својот холивудски живот. Актерот во Холивуд имаше прилика да запознае и соработува со многу холивудски ѕвезди. Водителката го праша Милош за заедничката на фоготрафија со Бред Пит која ја објави на „Инстаграм“. Јована го замоли актерот да раскаже некои детали за Пит. „Бидејќи бевме во Лос Анџелес таму запознав и други актери како на пример: Томас Хенкс, Морган Фримен, Колин Фарел. Но, во сеќавање ми остана Бред Пит затоа што тој е толку скромен што не можев да верувам. Кога имавме премиера во Њујорк тој дојде во своето најгрдо одело, се сеќавам дека носеше „Блекбери“ телефон со скршен екран“ вели актерот. „А дали нешто украдовте од Морган Фримен?“, праша водителката. „Па, од него ја украдов посветноста на работата. Многу е скромен, секогаш носи качкет, не ги сака новинарите, не сака таблоиди. Многу бев изненаден од начинот на кој се однесува, но тоа беше за очекување бидејќи големите ѕвезди секогаш се такви“ заврши актерот.]]>

Почина познатиот српски актер од култната серија „Среќни луѓе“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-poznatiot-srpski-akter-od-kultnata-serija-srekjni-lugje-foto/ Tue, 10 Mar 2020 10:56:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138568

Познатиот српски актер Десимир Станојевиќ по долго и тешко боледување почина на 69-годишна возраст во неговиот стан во Белград. За многу генерации тој ќе биде запаметен како Вукашин Голубовиќ, ликот од култната југословенска ТВ серија „Среќни луѓе“. Десимир Станојевиќ е роден на 7 октомври 1950 година во Ниш. Играше во Народниот театар во Ниш од 1970 до 1990 година и од 1991 година во театарот Теразије во Белград. Тој е основач на Младинскиот театар „Трето полувреме“ во Ниш. Заслужен е за изведување на првиот мјузикл во историјата на Нишкиот театар, „Виолинистот на покрив“. Исто така, тој е заслужен за поставување на театарскиот мјузикл „Циганите летаат на небото“ во Народниот театар Ниш, во негова режија. Десимир мина повеќе од две децении во театарот Теразије, при што некои од неговите култниулоги беа во мјузиклите „Гркот Зорба“ и „Циганите летаат на небото“.]]>

Почина српскиот актер Бранислав Петрушевиќ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-srpskiot-akter-branislav-petrushevikj/ Sun, 10 Nov 2019 07:30:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=117604

Актерот Бранислав Петрушевиќ почина вчера ( 09.11. 2019) на 65 години, а веста за неговата смрт ја потврди неговиот син Марко Петрушевиќ.
„Вчера беше на слава, па чувствуваше мака. Мислевме дека е од храна, па испи сода бикарбона за да го исчисти желудникот. Меѓутоа, не се чувствуваше подобро. Почина денес“ изјави неговиот син Марко. Неговата сопруга била последните минути со актерот.
„Беше на слава и ми рече дека ќе намине во обложувалница. Рече дека изел повеќе и дека не му е нешто најдобро. Во обложувалницата му се слошило и викнале брза помош.Таму констатирале дека притисокот му е нормален и си заминале – вели Нада и раскажува што се случило дома:
„Тој се врати и рече дека желудникот не може да му ја свари храната. Му дадов сода бикарбона и кога утредента се разбуди беше се во ред. Но, кога стана рече дека му се врти и ме замоли да му го масирам вратот бидејќи го болел. Потоа се смеевме, па земав да му читам една книга. Но, наеднаш почна тешко да диши, но ја мислев дека се шегува како што знаеше претходно така да направи. По неколку секунди престана да диши,  почнав да му правам реанимација, но набргу пожолте. Кога дојде Брзата помош го реанимираше 20 минути, но не успееја да го вратат во живот. За десет секунди го загубив сопругот, не можам да верувам – објасни сопругата на Петручи.
Тој соработувал со многу јавни личности како што се: Лепа Брена. Тома Здравковиќ, Мирослав Илиќ.
„Многу сме погодени од неговото рано заминување. Беше човек со кој беше задоволство да се соработува и приватно да се дружи“ изјави Лепа Брена за „Курир.рс“.
Водителката Душица Јаковљевиќ вели дека ова е голема загуба за Србија.
„Ме изненади оваа вест. Беше многу духовит. Благодарение на ТВ Пинк имав прилика да го запознам и да биде гост во моите емисии. Ова е голем губиток за нашата земја, посебно сега кога хуморот не е тоа што беше некогаш“ вели Душица.
Бранислав играше во претставите: „Тито во рајот“, „Југо, како гордо тоа звучи“, „Викенд акција“ и многу други. Петрушевиќ оваа година во март одбележа 40 години од својата кариера. Бранислав Петрушевиќ Петручи беше познат комичар, кој преку театарот, комедиската и радио програмата ја изгради својата кариера.]]>

Актерот Бранислав Петрушевиќ почина вчера ( 09.11. 2019) на 65 години, а веста за неговата смрт ја потврди неговиот син Марко Петрушевиќ.
„Вчера беше на слава, па чувствуваше мака. Мислевме дека е од храна, па испи сода бикарбона за да го исчисти желудникот. Меѓутоа, не се чувствуваше подобро. Почина денес“ изјави неговиот син Марко. Неговата сопруга била последните минути со актерот.
„Беше на слава и ми рече дека ќе намине во обложувалница. Рече дека изел повеќе и дека не му е нешто најдобро. Во обложувалницата му се слошило и викнале брза помош.Таму констатирале дека притисокот му е нормален и си заминале – вели Нада и раскажува што се случило дома:
„Тој се врати и рече дека желудникот не може да му ја свари храната. Му дадов сода бикарбона и кога утредента се разбуди беше се во ред. Но, кога стана рече дека му се врти и ме замоли да му го масирам вратот бидејќи го болел. Потоа се смеевме, па земав да му читам една книга. Но, наеднаш почна тешко да диши, но ја мислев дека се шегува како што знаеше претходно така да направи. По неколку секунди престана да диши,  почнав да му правам реанимација, но набргу пожолте. Кога дојде Брзата помош го реанимираше 20 минути, но не успееја да го вратат во живот. За десет секунди го загубив сопругот, не можам да верувам – објасни сопругата на Петручи.
Тој соработувал со многу јавни личности како што се: Лепа Брена. Тома Здравковиќ, Мирослав Илиќ.
„Многу сме погодени од неговото рано заминување. Беше човек со кој беше задоволство да се соработува и приватно да се дружи“ изјави Лепа Брена за „Курир.рс“.
Водителката Душица Јаковљевиќ вели дека ова е голема загуба за Србија.
„Ме изненади оваа вест. Беше многу духовит. Благодарение на ТВ Пинк имав прилика да го запознам и да биде гост во моите емисии. Ова е голем губиток за нашата земја, посебно сега кога хуморот не е тоа што беше некогаш“ вели Душица.
Бранислав играше во претставите: „Тито во рајот“, „Југо, како гордо тоа звучи“, „Викенд акција“ и многу други. Петрушевиќ оваа година во март одбележа 40 години од својата кариера. Бранислав Петрушевиќ Петручи беше познат комичар, кој преку театарот, комедиската и радио програмата ја изгради својата кариера.]]> И сестрите на одделот на кој се лечи актерот Небојша Глоговац плачеа, иако тој храбро се бори против опаката болест! https://arhiva.vistina.com.mk/i-sestrite-na-oddelot-na-koj-se-lechi-akterot-nebojsha-glogovac-plachea-iako-toj-hrabro-se-bori-protiv-opakata-bolest/ Tue, 30 Jan 2018 13:45:13 +0000 http://vistina.mk/?p=11263

Брилијантниот српски  актер, кој се лекува во Институтот за онкологија, ниту за момент, не покажал слабост или гест со кој што ќе и се предаде на злокобната тешка болест. Познатиот актер Небојша Глоговац (48), кој минатата недела беше примен во Институтот за онкологија и радиологија на Србија (ИОРС), не потклекнал со духот и покрај најголемата животна борба што ја води.
Вработените во Институтот, како и пациентите кои го делеле одделот со него, велат дека во ниту еден миг актерот не покажал дека се предал. Изворите велат дека неверување владее и меѓу лекарите и меѓу сестрите кои не можат да сокријат солзи по ходниците, дека токму нему ова му се случува. Глоговац бил примен во Институтот на 24-ти јануари, а неговата здравствена состојба е многу сериозна.]]>