српска верзија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sun, 14 Oct 2018 12:31:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png српска верзија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Живеам да се вратам… Тијана ја промовираше српската верзија на „Километри“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ziveam-da-se-vratam-tijana-ja-promovirashe-srpskata-verzija-na-kilometri-video/ Thu, 11 Oct 2018 08:13:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52464

Македонската поп пејачка,  водителка, а пво последно време и актерка со белградска адреса на живеење Тијана Дапчевиќ штом ја слушна песната „Километри“ на Влатко Лозановски, и јавно најави дека сака да ја има! Или поточно, да ја преработи на српски јазик, за да може подобро да мине кај северниот сосед и во регионот воопшто. Не помина долго време, а Тијана веќе се најде во студио за да ја отпее и сними својата верзија на „Километри“ во која сесрдно и помогнаа самите автори: композиторот Лазар Цветковски, авторот на македонските стихови - неговата сестра Магдалена, кои заедно со Лозано и ги отпеале придружните вокали, додека српската варијанта на текстотја адаптирал Милан Милетиќ.
Продукцијата на темата е на Лазар Цветковски додека виолината во песната ја свири уште едно познато македонско име, Димитар Андоновски, чија вештина на прстите и умешноста со гудалото обвој пат ги замениле неговите вокални способности. По аудио делот, Тијана го најави и видеото на „Километри“ зад кое застана видеопродукцијата на уште македонец од Белград - Антонио Павловски и неговата „Сторителер“ кој на прекрасен начин ги визуелизирал емоциите и целата патина и тежина која во себе ја носи пораката на стиховите на овој македонски музички „бестселер“.
Очигледно Тијана и самата се нашла во него, односно стиховите ја допреле за да ја извади целата своја експресија и во вокалната изведба и во актерската глума во видеото, кои популарната „Ула“ ги направила на маестрален начин. Затоа и стои можноста, што е ретка прилика во последниве години кај нас, еден комплетно македонски аудиовизуелен производ да успее да направи вистински бум не само кај јужниот сосед, туку и во регионот,а со тоа и ширум да ги отвори и онака веќе подотворените врати кои Дарко Димитров со својата работа и соработка со балканските ѕвезди како Марија Шерифовиќ, Емина Јаховиќ, Анастасија Ражњатовиќ, Јелена Розга... успеа прв да ги отклучи.
„Живеам да се вратам“ - пее во своите „Километри“ Тијана, а ние живееме да го дочекаме денот кога ќе остане само разликата во километри, а не и во популарноста и успехот на македонските автори и изведувачи во однос на останатите од регионот! https://www.youtube.com/watch?v=VSrSiyPsbDQ  ]]>