сретна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Sep 2023 06:38:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сретна – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонскиот репрезентативен голман Димитриевски во прегратки на неговиот идол: Столе си го исполни својот сон, се сретна со Џиџи Буфон! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskiot-reprezentativen-golman-dimitrievski-vo-pregratki-na-negoviot-idol-stole-si-go-ispolni-svojot-son-se-sretna-so-dhidhi-bufon-video/ Mon, 11 Sep 2023 06:38:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317265

Македонската фудбалска репрезентација уште еднаш потврди дека е „ноќна мора“ за Италија. По катастрофата од Англија, конечно еден добар натпревар, солидно поставена тактика, цврста игра на средината, брзи на контри во нападот, сигурни во одбраната сво која македонскиот голман Столе Димитриевски уште еднаш потврди дека е светска класа. Чуварот на нашата мрежа не крие дека има свој идол од  младоста  на кој му се восхитува и денес, а тоа е италијанската голманска легенда, однеодамна тазе фудбалски пензионираниот Џанлуиџи Џиџи Буфон. Токму Столе се појави со  неговиот дрес на себе на првата средба при собирот  со фудбалерите и селекторот Благоја Милевски на подготовките пред двата квалификациски средби за Европско против Италија и Малта. Италијаните одново никако да излезат на крај со нас, а македонскиот голман имаше можност да си ја исполни најголемата желба во животот, за која мечтаел уште од дете... Да се сретне со својот идол Џиџи Буфон, кој беше дел од италијанската фудбалска делегација на натпреварот меѓу двете репрезентации. Средбата во соблекувалните на стадионот „Тодор Проески“ непосредна, емотивна и срдечна. Со тоа што Столе не пропушти од џебот на тренерката да го извади споменатиот дрес на легендарната „единица“ и побара од својот идол да му се потпише на него. Галантниот Џиџи иако можеби помалку и изненаден, со насмевка, прегратки и бакнежи  тоа го прифати, оставјќи  автограм со посвета на восхитениот Столе. Срцето и душата полни, како поттик повеќе македонскиот голман  да продолжи со добри одбрани и резултати, како во репрезентативниот дрес, така и во оној на клубот за кого настапува, шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано.
Фото: Инстаграм/ffmacedonia
]]>

Во ноќен клуб налетала на странец, а сега се омажи за него и стана принцеза (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-nokjen-klub-naletala-na-stranec-a-sega-se-omazi-za-nego-i-stana-princeza-foto/ Thu, 19 Oct 2017 13:37:00 +0000 http://vistina.mk/?p=609

Жена од Америка стана африканска принцеза откако минатиот месец се венчаше со принцот на Етиопија. Ариана Остин се запознала со 35-годишниот Џоел Меконен на „модерен бал“, односно на журка во ноќен клуб. Парот приредил спектакуларна венчавка 12 години откако се запознал во клубот Pearl во Вашингтон. Прославата се одржала во Вирџинија пред 307 гости. ]]>