среќна нова година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Jan 2024 14:08:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png среќна нова година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Редакцијата на „Вистина“ Ви посакува Среќна Нова 2024 година https://arhiva.vistina.com.mk/redakcijata-na-vistina-vi-posakuva-srekjna-nova-2023-godina/ Mon, 01 Jan 2024 11:01:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282239

Зад нас е уште една година заедничко дружење… Изминаа уште 365 дена заедно од изминатата 2023 година… Ние, редакцијата на Вистина.мк и Вие, нашата верна читателска публика на нашиот портал. Во овие не баш розови времиња не знаеме дали и колку ни појде од рака барем малку да ве расположиме, насмееме, изненадиме, понекогаш шокираме, фасцинираме, ама и релаксираме и опуштиме … Нам не ни се цел, ниту ни се приоритет политиката, црните хроники, непријатните случки, катастрофите, проблемите, немилите настани… Создадени сме да ја третираме онаа, поубавата страна на животот, иако професионалноста и новинарската љубопитност, етиката и одговорност кон читателот, понекогаш не ни даваше за право да го премолчиме и она – што не е баш за гордост, радост, пофалба, не е сјајно, бласкаво, розово… Сепак, како и од самиот почеток и годинава се обидовме и во убавото и во помалку убавото да бидеме свои, уникатни, оригинални, едни и единствени… Издржано четиво за читателите, новинарска „лектира“ за „копи – пејст“ конкуренцијата. Затоа и само една има Вистина… Вистина.ком.мк… Се’ друго е… знаете веќе што! Да сте живи и здрави, радосни и весели, да имате среќна и бериќетна година, многу поубава од оваа која заеднички ја испраќаме! Останете ни верни, зашто Вистина.ком.мк никогаш нема да ве изневери! Редакцијата на „Вистина.ком.мк“ Ви посакува Среќна Нова 2024 година!]]>

Познатите Македонци Ви ја честитаат Новата Година со искрени желби за деновите пред нас! https://arhiva.vistina.com.mk/ponatite-makedonci-vi-ja-chestitaat-novata-godina-so-iskreni-zelbi-za-denovite-pred-nas/ Wed, 01 Jan 2020 11:34:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=126864

Ако некогаш се праќаа по пошта новогодишни честитки за пријателите и родините, сега во Новата 2020 и годините пред неа, тоа речиси и не постои. Затоа се тука социјалните мрежи, да си честитаме и посакаме желби за исполнета и среќна година пред нас. Македонските јавни личности кога се поклопија стрелките на часовникот и заврши одбројувањето, ги земаа телефоните во раце и испратија честитка до своите пријатели, обожаватели и следбеници на социјалните мрежи. Лозано Драги мои, Ви посакувам Среќна Нова 2020 година и да Ви се заблагодарам што 2019та ми ја направивте најсветлата и најдобрата година во мојата досегашна кариера, тоа се должи пред сè на Вам, мојата публика, моето семејство, мојот тим, пријателите, мојот бенд и сите оние кои придонесоа за овој успех. Ве сакам и Ве гушкам јако јако, се гледаме наскоро во следната епизода Лила Филиповска Драги инста пријатели... посакувам во Новата година секогаш да се среќаваме со насмевка , зошто од насмевката започнува љубовта. Бидете извор на среќата, радоста и бидете центар на својот свет...Не очекувајте ништо од никого , зошто само така ќе бидете среќни, простете на оние што ви згрешиле ама не го заборавајте нивното име...и на крајот живејте си го својот живот и пуштете ги другите да живеат Среќна Нова ... Ве сакаат Лила и Рагнар Марјана Станојковска Секоја година е различна и неповторлива, исполнета со навистина убави но и тешки моменти кои животот знае да ги приреди. Јас сакам да верувам. Верувајте и вие .Никогаш не ја губете таа детска наивна верба во се.Во иднината. Во луѓето. Во љубовта. Во малите ситници секој нареден ден.Во врските и пријателствата. Во остварување на вашите животни цели. За мене секоја година е исполнета со несовршености но сепак исто така и со искра на надеж. И посакувам секоја наредна да биде подобра од изминатата. Нека Новата 2020 Година ви биде баш таква каква што посакувате! Калиопи Драги луѓе,дали сте подготвени за најдобрата година што доаѓа? Јас сум! да влеземе од голема врата!- порачува Калиопи. Бубе Јаневска Во новата Ви пожелувам најмногу здравје, бескрајна среќа, повеќе насмевки, помалку грижи, позитивни мисли, успеси на секое поле, искрени прегратки, љубов во неизмерни количини. На здравје! Да сте ми живи и здрави! Тамара Тодевска Ова беше година на исполнети соништа.Ова беше година на тимска работа.Ова беше година на многу нови научени лекции. Најважно од се, ова беше година на многу љубов.Бескрајно сум благодарна на моето семејство, на мојот сопруг и на моите деца кои се центарот на мојот универзум. Без нив ниеден мој сон немаше да биде моја реалност.Бескрајно сум ви благодарна и на вам, драги мои фанови. Вашата љубов и поддршка ми помогнаа да ги преминам и најтешките препреки оваа година. Вашата љубов ме направи похрабра. Токму поради вашата љубов сум и денес тука. И знам дека уште многу години заеднички ќе ги прославуваме сите наши успеси.Ви посакувам најубава година! Ви посакувам многу љубов и многу моменти со кои ќе се гордеете.Ве сака, Тамара Среќна Нова 2020! Елена Велевска Да не дозволиме сивилото околу нас да ни го диктира животот. Да не бидеме завидливи на оние што се подобри од нас, туку да работиме за да станеме најдобрата верзија од себе. Да не сееме зло, да не пишуваме лоши коментари - тие само го покажуваат вистинското лице, неисполнетите цели и личните фрустрации. Да не го омаловажуваме она што ни е непознато и далечно. Пред нас се нови 365 да бидеме подобри луѓе за себе, за нашите најблиски и сите кои ни ги исполнуваат деновите со ведрина и среќа. Да се обединиме, да подадеме рака на оној кој му е неопходна. Новата 2020 година нека биде година на несебична помош и поддршка, затоа што добрината со добрина се враќа. Среќна нова! Сузана Турунџиева 2019та беше година на чудата. И благодарам на се што донесе, а посебно на се што однесе од мојот живот... И во 2020та продолжувам да верувам во чуда... Нека трепка!]]>