срценца – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 28 Sep 2021 06:37:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png срценца – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Срце од ајвар: Ноне доби најнеобична роденденска честитка од најсаканата личност! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srce-od-ajvar-none-dobi-najneobichna-rodendenska-chestitka-od-najsakanata-lichnost-foto/ Tue, 28 Sep 2021 06:37:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220784

Роденден е денот што го чекаме цела година... Само што некои го чекаат дома, некои но бекој локал, кафеана, кафетерија, клуб, дискотека, игротека... Зависи од возраста, желбите. замислите и можностите. Но, има некои што роденденот ќе го дочекаат далеку од дома, а сепак опкружеени со најблиските, најмилите, најдрагите личности во мислите... Некогаш ним роденденот на далечина им го честитавме со писма и телеграми, денес за среќа сето тоа оди многу побргу или за миг, преку современите можности на денешната технологија, интернетот и социјалните мрежи. Роденден славиме сите, секако и познатите личности, или барем оние кои некогаш тоа биле... А денес се токму далеку од дома, живеат и работат некаде таму по белиот свет, како што е случајот со некогашната македонска поп ѕвезда, пејачката Нона Неделковска или само Ноне. Токму денес, 28 септември на македонската „џепна венера“ и е роденден. Сто пати сме рекле дека на дамите не им се бројат годините, особено не на Ноне, зашто според нејзиниот младешки „бејби фејс“  изглед, ако не и ги знаете и да сакате не можете да и ги изброите. „Најшетаната велешанка“ во моментов повторно не е дома... Крстари преку седум мориња и океани, работејќи веќе со години на прекуокеанските крузери. Но тоа не значи дека роденденот не го слави...Или пак случајно најблиските и пријателите и го заборавиле. Напротив, уште од рано изутрина на нејзиниот Фејсбук почнаа да пристигаат роденденски честитки во вид на бројни пораки... Со најубави „желби рој“, емотикини на љубов, среќа и радост..., со по понекоја фотографија! Нај печатлива, но и науникатни, најкреативна и веројатно најмногу полна со љубов роденденската честитка од мама Мимоза! Цвеќе, бомбони, балони, емотикони, чоколади, пијалак... сето тоа веќе сме го виделе безброј пати во роденденските честитки и е очекувано да се сподели покрај убавите зорови. Но, она што мајка и на Ноне и го „спакува“ како фотографија со роденденска честитка, навистина ретко се гледа. Или поточно - се гледа за прв пат и затоа е ем оригинално, ем уникатно, ем „златно“! Две недели претходно ќерката и го честиташе роденденот на мајката, а сега мама и возврати на себесвојствен начин: Две срценца од тазе подготвено ајварче, со свеќички што горат во нив, два пати по три парченца сирење, едно варено јајце и чаша свежо цеден овошен сок. Сето тоа прекрасно гарнирано со свежи цветчиња и сервирано во чинија на масата како роденденска појадок честитка за својата ќерка. Да се стопиш од среќа, а и прсти да излижеш... Секако во првата прилика кога „форевер јанг“  Нона ќе се врати дома. Роденденот нека и е среќен, најсреќен... честитка и од редакцијата на Вистина.ком.мк! Фото: Инстаграм принтскрин/nona.nedelkovska
 ]]>