срце отвори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 16 Dec 2020 08:24:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png срце отвори – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Срце отвори“ е најубавиот подарок под уникатната елка на Александра Јанева (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/srce-otvori-e-najubaviot-podarok-pod-unikatnata-elka-na-aleksandra-janeva-foto/ Wed, 16 Dec 2020 08:21:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180808

Младата поп пејачка Александра Јанева предпразнично има изненадување за своите обожаватели и фанови на нејзината музика. Имено,Јенава пред неколку дена во забавно музичката емисија на МРТ „Стисни плеј“ го промовираше својот деби албум насловен „Срце отвори“, по насловот на истоимената песна која ја објави во 2019 година. Па така, деновиве во животот на талентираната струмичанка се’ се врти околу нејзиното музичко првенче.
-Патот кон отворањето на моето срце беше долг и среќна сум што бевте трпеливи секоја минута, ден, година одејќи го заедно со мене. Многу соработници, пријатели, музичари несебично ми помогнаа и ги надополнија сите мои замисли и идеи. Деби албумот е компилација од сите рефрени кои се пееја гласно и енергично во изминативе години. Долго се двоумев кога и како да го направам овој пресек, но 2020 година реши да стави многу активности на пауза. Реши да не` научи да застанеме, длабоко да размислуваме за делата кои ги правиме и за тоа какво значење имаат. А овој албум има огромно значење за мене! Периодов подготвив доволна количина за сите кои сакате да го имате ЦД-то и со тоа заеднички да направиме хумано дело. Одлучив сите средства од продажбата да бидат донирани. Сите собрани средства од продажбата ќе бидат донирани на Ковид пациент/и на кои им се потребни финансии за болничко лекување, пишува Александра Јанева на своите профили на социјалните мрежи. Сакајќи што повеќе да зборува и да акцентира на албумот, пејачката го фотографираше и до својата уникатна елка во домот од која преовладуваат белите детали. Отворете срце, купете го албумот, слушајте квалитетна македонска музика и бидете хумани!]]>

Александра Јанева посака љубов, па му порача – „Срце отвори“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-janeva-posaka-ljubov-pa-mu-poracha-srce-otvori-video/ Fri, 01 Mar 2019 09:58:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=75388

Поп-пејачката Александра Јанева има нова песна и видео за неа насловена „Срце отвори“.
По успехот на минатогодишниот хит „Еуфорија“ отпеан во дует со колешката Наташа Малинкова и соло синглот кој излезе пред него насловен „Ќе се вратам некој ден“, Александра ја продолжува соработката со истиот тим. Така, и овој пат автори на новото музичко остварување на Јанева се Панче Илиев и Иле Спасев, кој ги потпишува и аранжманот и продукцијата на песната, додека стиховите се исто така одново авторско дело на познатиот текстописец Огнен Неделковски.
Срце отвори е песна за сите нас кои секој ден се трудиме да се допаднеме некому, а сè што треба е искрено да се отвориме за да доживееме љубов, влезени во свој филм“ - ќе изјави Јанева промовирајќи ја новата песна.
Едноставното видео со лирик моменти од текстот на песната го потпишува Пеце Здравковски, додека зад камерата стоел Ѓорѓи Вацев, видео продуцирано од „Пинестел продукција“. За изгледот на пејачката пак се погрижила стилистката Милена Танаскоска, акако сето тоа спакувано звучи и изгледа кога Александра Јанева ќе побара од него „Срце  (да) отвори“, проследете во продолжение. https://www.youtube.com/watch?v=jukgNBPJW_U]]>