срби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 12 Nov 2020 12:11:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png срби – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дино Мерлин со новиот спот предизвика гадење, гнев и бес дека ги „исмејува“ српските чувства кон паднатите жртви: „Колку треба да си болен за да добиеш ваква инспирација?“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dino-merlin-so-noviot-spot-predizvika-gadenje-gnev-i-bes-deka-gi-ismejuva-srpskite-chuvstva-kon-padnatite-zrtvi-kolku-treba-da-si-bolen-za-da-dobiesh-vakva-inspiracija-foto-video/ Thu, 12 Nov 2020 12:07:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175831

Новиот спот на Дино Мерлин, кој веќе наголемо се врти во регионот, предизвика бес, гнев, гадење и одвратност кај српската публика, бидејќи сараевскиот кантавтор за екранизација на песната „Ние“ („Ми“) наводно користел мотиви што потсетуваат на споменикот посветен на масакрот врз Србите во Втората светска војна. Споменикот во спомен на ѕверското страдање на недолжното население се наоѓа во Стари Брод кај Вишеград, каде во 1942 година усташите брутално убиле 6.000 српски цивили. Кадрите во видеото на Дино Мерлин како стои опкружен во водата од која излегуваат човечки раце, неодоливо потсетува на скулптурите на жртвите од надојдената Дрина, започна да кружи на социјалните мрежи со коментари од оние кои се згрозени од овие сцени, кои како што се вели,го навредуваат споменот на невините жртви, главно мајки, кои  со децата во раце биле турнати во смрт. „Колку треба да бидеш болен штом ваквите скулптури на луѓе кои умираат можат да послужат како инспирација. Бев шокиран кога го видов видеото“ -  е само еден од мноштвото коментари, по што следеше одговорот на друг корисник на социјалните мрежи: „Ужас! Да дозволите некој стар перверзник вака да ги исмева жртвите и да помине без никакви последици, и при тоа секој пат да ја полни „Арена“ во Белград?!“ - возвратил тој. „Свесен за неговите претходни музички перформанси, да ги споредува Србите, на пример со кучиња, ми дава основано сомнение да сметам дека ова нема никаква врска со случајност“ - се наведува во коментарот. Инаку, Дино Мерлин го снимал видеото во Порто Монтенегро и песната стана хит за само неколку дена. Останува да видиме дали нешто ќе се случи по овие реакции. https://www.youtube.com/watch?v=xsWT8DAmMEY Извор: Република.рс  ]]>

Наместо поделби на ваши и наши, домашни и странци, Срби и Хрвати… во „Вардар“ соиграчите стануваат пријатели, другари, браќа, шампиони!   https://arhiva.vistina.com.mk/namesto-podelbi-na-vashi-i-nashi-domashni-i-stranci-srbi-i-hrvati-vo-vardar-soigrachite-stanuvaat-prijateli-drugari-brakja-shampioni/ Mon, 03 Jun 2019 12:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91170

Вардар е европски ракометен шампион. На врвовот на Европа по втор пат за само три години. Иако соочени со сите проблеми, златните вардарови момчиња покажаа дека за шампионска екипа не се потребни само пари... Дека може и без нив да се  биде најдобар на стариот континент, ако имаш силна волја, изразена желба за успех, тимски дух, ако си екипа сплотена,  која  дише и функционира како еден организам! Но, шампионската европска круна на „Вардар“ покажа и нешто друго, нешто што само овде, во Македонија е можно. Да ги сплоти професионалците не само како тим, туку како вистински другари, како браќа иако доаѓаат од различни земји, припаѓаат на различни националности, религии, култури...
Различните знамиња на рамениците, околу појасот или во рацете на играчите на шампионскиот трон, или уште повеќе, прегратката на Србинот, Дејан Милосављев и Хрватот, Игор Карачиќ по финалниот меч се слики кои говорат повеќе од илјада зборови. Овековечени моменти кои покажуваат и докажуваат дека колку до вчера неможното на „крвните непријатели“ од балканското воено лудило, само македонското срце и душа можат како со волшебно стапче да ги претворат во најдобри пријатели, во другари, браќа, шампиони...! Затоа „Вардар“ и не е само обичен клуб, а Македонија обична мала држава на југот од Балканот... Затоа „Вардар“ е клубот од соништата, а Македонија земјата на чудата... И спортски и човечки. Каде сплотеноста на душата и срцето се посилни и од парите и од нациите и од политиката! Затоа Вардар е еден, а Македонија – вечна!]]>