спротивности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 29 Sep 2023 09:18:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спротивности – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Спротивностите се привлекуваат“ веќе не важи! Еве што вели новото истражување https://arhiva.vistina.com.mk/sprotivnostite-se-privlekuvaat-veke-ne-vazhi-eve-shto-veli-novoto-istrazhuvane/ Fri, 29 Sep 2023 09:18:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320403

Правилото „Спротивностите се привлекуваат“, се чини, веќе не важи. Ново истражување открива најмалку пет својства на меѓусебната привлечност поврзана со сличностите и современата успешна и трајна врска. Сеопфатно проучување од Универзитетот на Колорадо во САД опфати повеќе од 130 особини на милиони двојки во распон од еден век. Во 82 – 89 отсто од особините – од политички наклонетости до избор на начин на живот, партнерите покажале впечатливи сличности. Од друга страна, само три отсто од личните особини покажале некаква спротивност. Покрај разбирањето на љубовта, врз овие откритија имаат значително влијание и генетските истражувања, пренесува „Хелти“ (The Healthy). Д-р Метју Келер, автор на испитувањата и професор на Институтот за бихејвиорална генетика, психологија и невронаука при Универзитетот во градот Боулдер, истакнува дека многу генетски модели претходно веруваа дека човековото поврзување е случајно… Сепак, последните сознанија посочуваат дека луѓето прилично „намерно“ бараат одредени особеносати кај партнерот. 1. Политички и верски убедувања Тања Хорвиц, една од авторите, вели оти „секоја птица е поверојатно да лета до сопственото јато“. Затоа и за многумина можеби не е шок што заедничките уверувања се меѓу најбитните показатели дека врската може да трае долго. 2. Исто ниво на образование и коефициент на интелигенција Нивото на образование ја диктира човековата потреба за интелектуална стимулација. Поединци во САД, на пр., сѐ повеќе наоѓаат партнери со исто или слично ниво на интелигенција. Според познавачите, оваа шема може на долг рок да ги засили социо-економските разлики. 3. Висина Луѓето велат: големината е важна. Се чини, тоа важи за висината. Според Хорвиц, ако пониските лица првенствено избираат партнери со сличен раст, а повисоките луѓе го прават истото, следните поколенија би можеле да се одликуваат со поизразени разлики во висината – но и сличните наследни особини, како медицински предиспозиции, однесување итн. 4. Слични ставови кон консумените и пороците И односот кон супстанции како алкохолот и тутунот може значително да влијае на љубовниот избор. Новото истражување открива јасна шема: страсните пушачи, алкохоличари и од друга страна оние кои „апстинентните од пороци“ често се дружат со оние кои ги споделуваат тие навики. 5. Година на раѓање Можеби изгледа очигледно, но возраста се издвојува како јасен признак на компатибилноста. Луѓето најчесто наоѓаат партнери кои им одговараат на нивото на емоционална зрелост, што можеби ја одразува генерациските вредности и искуства. Инаку, истражувањето покажа дека факторот претходни партнери, на пр., или дури и животните искуства, како што е доењето, влијаат на изборот на партнер, иако во помала мерка. И невротичноста, како и други позитивни или негативни особини, покажаа минимални, но позитивни корелации во смисла на меѓусебната привлечност. Интересно, компатибилноста кога станува збор за отвореност или воздржаност не е клучна. Хорвиц коментира: „Луѓето ги имаат сите овие теории дека екстровертите се како интроверти или екстроверти како другите екстроверти, но факт е дека тоа е како да превртувате паричка: екстровертите имаат исто толку шанси да завршат со екстроверти како и интровертите“. Иако сѐ ова посочува дека сличностите доминираат во романтичните избори, постојат исклучоци. Одредени особини, како што се моделите на спиење (да се биде утринска личност наспроти „ноќна птичка“) и донекаде анксиозноста укажуваат на привлекување на спротивностите. Сепак, корелацијата тука е недоволно јасна и бара дополнителни истражувања. Извор: Курир]]>

Дали спротивностите всушност се привлекуваат? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-sprotivnostite-vsushnost-se-privlekuvaat/ Thu, 27 Apr 2023 11:28:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299731

Сигурно некогаш сте се запрашале. Сите сме ја слушнале фразата „спротивните страни се привлекуваат“. Меѓутоа, дали тоа е докажано кога се во прашање односите меѓу луѓето. Тешко е да се каже како доаѓа привлечноста и кои особини најмногу ги привлекуваат луѓето. Голем број истражувачи велат дека веќе нашле некои одговори. Но, вистината е всушност комплицирана. Социологот Даниел Т. Лихтер и статистичарката Дебра Л. Блеквел анкетирале парови во три различни врски и откриле дека повеќето од нив, без разлика дали се забавуваат или се во брак, споделуваат исти расни, образовни и религиозни идентитети. Нивната студија беше објавена во „The Sociological Quarterly“. Психолозите Метју Монтоја и Роберт Хортон дојдоа до сличен заклучок во сопствената анализа објавена во Журналот за социјални и лични односи. Наместо да спроведат една нова студија, тие прегледале и анализирале десетици претходни студии кои истражувале дали сличноста води до привлечност. Она што го пронашле е силен доказ дека двајца луѓе кои си личат еден на друг во однос на личноста, ставовите, интересите и другите особини веројатно ќе се сметаат за привлечни. Работата на психологот Дон Бирн сугерира можна причина за привлекување луѓе кои се слични по различни основи. Неговото истражување, кое се појавува во Журналот за социјални и лични односи, покажа дека луѓето се чувствуваат поудобно со оние кои се слични на нив. Посебна студија, објавена во „Communication Monographs“, сугерира дека комуникацијата и контактот меѓу поединци кои имаат многу заеднички работи е попријатна отколку помеѓу различни парови, пренесува „The List“. извор:курир.мк]]>

Спротивностите се привлекуваат: Вистина или мит? https://arhiva.vistina.com.mk/sprotivnostite-se-privlekuvaat-vistina-ili-mit/ Fri, 22 Nov 2019 13:56:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=120086

Сте слушнале ли за изреката дека спротивностите се привлекуваат? Дознавме зошто ова тврдење е апсолутно точно. Иако на првиот состанок најчесто се обидуваме да го пронајдеме заедничкиот јазик и нештата по кои сме слични, некои работи сепак не треба да бидат исти кај двајцата партнери. Имено, како што пишува Your Tango, личноста чиј карактер е сосема различен од вашиот, ќе ве извлече од вашата комфор зона и ќе ви го прошири хоризонтот. На пример, доколку сте интроверт и уживате поминувајќи го времето дома пред телевизија, гледајќи романтичен филм со кафе во раце и замотани во ќебе, не ви паѓа на памет да се впуштите во некоја луда авантура. Баш тука настапува вашиот партнер кој ќе ве фати за рака и ќе ви го покаже светот надвор од четирите ѕида. Од друга страна, вие ќе му покажете дека понекогаш е убаво да се здивне малку и да се ужива во домашна атмосфера. Ваквите партнери совршено се надополнуваат и нивните врски се совршено балансирани. Сепак, постојат работи за кои мора да се сложите и да се разбирате меѓусебно, но допуштете си да постојат разлики помеѓу вас. На тој начин ќе биде поинтересно и ќе уживате во врската. извор: Кајгана]]>