спот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Mar 2024 13:07:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Српската пејачка измамена и „ограбена“: Платила грдни пари за видеоспот, па истите кадри си ги пронашла уште во шест други видеа направени од истиот човек за други пејачи! https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-pejachka-izmamena-i-ograbena-platila-grdni-pari-za-videospot-pa-istite-kadri-si-gi-pronashla-ushte-vo-shest-drugi-videa-napraveni-od-istiot-chovek-za-drugi-pejachi/ Tue, 05 Mar 2024 11:35:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341141

Денес, видео клиповите се еден од најскапите сегменти во кариерата на секој пејач, а најмногу пари се издвојуваат токму за визуелни решенија, кои се најдобрата форма на презентација на секоја нова песна.Цената на еден комплетен проект кога станува збор за спот може да биде и до неколку стотици илјади евра, во зависност од технологијата, идејата, локацијата... Секое музичко видео е авторско дело на оној кој стои зад него како креаторот на идејата и пејачите многу често не штедат пари за добар спот, па се' што заработиле го даваат на продукции во кои имаат доверба. Така Наташа Алимпиќ му го довери на Дејан Марковиќ своето деби, песната „Идила“ и плати за визуелно решение кое требаше да ја покаже во најдобро можно светло на самиот почеток на нејзината кариера. Пејачката тврди дека кадри од нејзиниот спот пронашла во шест други екранизации на песни на колегите, а за сроски Курир вели дека е разочарана и шокирана од потегот на режисерот кој неколку пати ја продал истата идеја. Наташа ги проследи и сите снимки што ги нашла, а кои изгледаат идентично. „Вчера видов дека е направен спот за песната „Исти играчи“ на Мина Костиќ и Горан Вукошиќ и очекував да видам нешто необично бидејќи еден ваков хит  заслужува големо внимание.Истиот човек ми направи спот и секако ме интересираше да го видам.И имав што да видам“ - ​​започна пејачката: „Не можев да поверувам дека буквално се е копирано освен некои други сцени кои се поинакви.Истата гаража, истата локација. Секако, гледав до крај и видов дека на истото место во Белград на вода е направен уште еден спот. Полудев затоа што едноставно ми е невозможно таков хит да има исти кадри како и моето првенче. За почетник не  е ни мала цифрата што ја платив,  во износ на еден просечен автомобил.Разбирам дека се работи за нискобуџетно видео, но да не се лажеме, не е единствената гаража во Белград на вода каде што можеш да снимаш.На тој човек му ја дадов довербата на почетокот кога ми кажа дека тоа ќе биде нешто необично и поинакво.На крајот испадна вака“ - додаде Наташа и откри: „После тоа ги пребарав видеата на речиси сите пејачи на кои се сетив дека соработувале со истиот човек за да ги видам нивните спотови и насекаде наидов на истите кадри.Буквално шестмина од нас имаат исти кадри во видеата“ - изјави Наташа.Ќе му се јавам и ќе му ги испратам „црно на бело“ доказите, па ќе размислам за тужбата.Се чувствувам измамено, верувам дека сите други се уште не го виделе ова - заклучила Наташа.
Фото: Инстаграм/natasa_alimpic_official
]]>

Бојана, Димитар и Тара се споија во „Лажни светови“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/bojana-dimitar-i-tara-se-spoija-vo-lazhni-svetovi-video/ Tue, 05 Mar 2024 09:00:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341200

Вчеравечер во еден скопски ресторан се случи промоцијата на најновата песна и спот на Бојана Скендеровски насловена „Лажни светови“. Станува збор за балада која е оригинален печат на она што Бојана со години го презентира на македонската музичка сцена и е својствена за нејзиниот музички израз. Дека несебично е поддржувач на колегите од естрадата,  Бојана докажа со тоа што соработуваше со Александар Тарабунов и Димитар Андоновски кои се потпишуваат како авторски тим. Па така, музиката и текстот се на Тара, додека аранжманот и мастерингот се дело на Димитар Андоновски, а пак видеото е во реализација на продукцијата на Бојана и нејзиниот сопруг, Скендеровски. -Вчера ја промовиравме “Лажни светови”Јас сум екипен играч и од се срце му благодарам на мојот тим што учествуваше во создавањето на оваа песна и видео. Благодарам на медиумите кои вчера беа со нас,на сите пријатели кои се радуваат со мене на секој успех…Песната ја има веќе на сите дигитални платформи,и на You tube. Слушнете ја,оставивме парче душа во неа,и ако ви се допаѓа споделете и коментирајте Ви благодарам и да ја славиме македонската музика. Преслушајте како звучат здружените сили на Бојана, Тара и Димитар во „Лажни светови“: фото: Facebook/Bojana Skenderovski]]>

Сме ја виделе во секакви изданија, но во вакво никогаш: Сузана Гавазова како фатална русокоса (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sme-ja-videle-vo-sekakvi-izdanija-no-vo-vakvo-nikogash-suzana-gavazova-kako-fatalna-rusokosa-foto/ Wed, 28 Feb 2024 09:49:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340347

Сузана Гавазова никогаш не мирува. По дома вредна домаќинка, а професионално комплетно предана на музиката и настапите пред македонската публика и онаа во дијаспора. Кариерата никогаш не смее да трпи и за тоа мора да се има енергија и да се биде посветен и постојан, а Сузе како искусна тоа многу добро го знае. Публиката секогаш сака да слушене и види нешто ново, па за да не досади таа не остава да биде без нова песна и спот како и сега.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Suzana Gavazova (@suzanagavazova)

Сме ја виделе во разни изданија, а овој пат таа на совојот Инстаграм откри дека снима нов спот во Охрид. Оттаму објави неколу интересни фотографии на кои е стилизирана речиси до непрепознатливот. На дел од нив во своите препознатливи изданија, но во друг сегмент како од вестерн филм, каубојка со плетенки и тексас градник од кој бујните гради се во преден план. Следно навидум чиниш е девојка која е статист во спотот, но фаталната русокоса како Марлинка е токму таа – Сузе. Треба да загледате подобро за да ја препознаете бидејќи во ваква трансформација Гавазова не сме ја виделе досега. Како ќе изгледа финалното аудио и визуелно дело, останува да видиме кога ќе биде готово... фото:Instagram printscreen/ suzanagavazova]]>

Јана Спирковска поради него губи „Контрола“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/jana-spirkovska-poradi-nego-gubi-kontrola-video/ Thu, 21 Dec 2023 08:00:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331968

Младата македонска пејачка Јана Спирковска е уште едно свежо и надежно музичко име на домашното забавно небо кое ветува. Со крајот на 2023 година Јана ја претставува песната „Контрола“ која е модерно електронско и динамично музичко парче кое се интегрира со тековните музички трендови. Песната е дело на пејачката Наташа Миха и нејзиниот сопруг Дамир Пух, тој исто така го потпишува аранжманот, а Миха текстот на песната. За нештата да бидат комплетни со аудио и видео изработен е и спот од Горан Симјановски, а поткрај Јана во видеото се појавуваат и две девојки и едно момче, Никола Андоновски, Калина Трајковска и Ања Илич. Инаку, Спирковска за брзо време ја освои публиката со нејзиниот убав глас, лик и стас. Таа остави силен впечаток со својот забележителен настап на „Макфест 2022“ во Штип со изведбата на песната „Дел од себе“. Јана настапува и со „Акустик трио“ каде член е и нејзинот момче и помлад брат на „Џокер“, односно Роберт Спасецновски, Александар. фото: You Tube printscreen]]>

Дијана Оу-Џи и Кристина Димитри голи среде зима: Се’ за слава која се исплати, ако подоцна добро се наплати!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dijana-ou-dhi-i-kristina-dimitri-goli-srede-zima-se-za-slava-koja-se-isplati-ako-podotsna-dobro-se-naplati-foto/ Sat, 16 Dec 2023 07:07:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326585

Зимата полека почна да ги покажува забите иако времето се уште држи, ама сепак... Сезоната на јакни, капути и бунди веќе започна, но изгледа  не баш за сите. Македонските пејачки, Дијана Оу- Џи и Кристина Димитри на пример, покажаа дека и во ова календарско доба можат да бидат разголени и тоа да не им пречи. Или барем тоа така да изгледа, зашто работата им е таква што не смее да трпи ни заради студот,  па ако сакаат работа да има и едната и другата мораа  да снимаат голи среде зима! Македонската траперка по учеството во  реалното шоу „Задруга“ реши да живее на релација Скопје - Белград, каде иако работи сосема петнаесетта работа, зашто не се живее само од музика, а сепак се обидува да се наметне и со она што го нуди како пејачка. Арно ама и уметноста бара жртви и вложувања, меѓу останатото и финансиски, па затоа Дијана Оу-Џи финансиите веројатно најдобро ги обезбедува од секој нејзин нов перформанс на страницата за возрасни - „Онли фанс“. Она што како најново го снимаше за потребите на својот тамошен профил, меѓудругото бараше и капење надвор во отворен базен. Колку водата и да била подзатоплена, а сонцето да ѕирка, во ова доба на годината и сонцето има заби, а времето е доволно студено за на пејачката да и смрзне... снагата! Впрочем и самата траперка во описот на новата содржина тоа го опишала со еден смрзнат емотикон. Наметнатата бањарка само малку ја подзгреала, ама затоа она што доаѓа потоа внатре во „Онли фанс“ апликацијата пали како жежок жар и гори како пожар! Како и самата Дијана, чија експлицитна содржина за задоволство и радување, пејачката ви ја нуди со „дебел попуст“ и  гратис видео изненадување! Какво и што во вас ќе поттикне, ќе дознае секој откако ќе кликне! Нејзината колешка Кристина Димитри со слични дејанија и намери. По макфестовската „Посилна“ испеана во дует со Љуба Перуќица, уште една нова песна со артист од северниот сосед во видеото на тетовската убавица! Не дека Кристина и досега не сме ја виделе разголена - напротив, голотијата во речиси секоја нова објава за неа како да станува императив, ама овој пат во прашање е нешто друго. Многу се*с... И во насловот на песната ( „Ми го е*а денот“) и прилично еротика во кадрите со кои Кристина спотот за истата го најавува. Иако видеото се снимало уште во октомври кога температурите и не беа така ниски, сепак, времето не беше баш ни за по бикини, арно ама... Се' за слава... Која до душа може и да се исплати, ако подоцна добро се наплати? Само прашање е претходно, колку треба да се плати? Каков и колкав е влогот? Како и да е, Кристина Димитри како и Дијана Оу-Џи, сериозно тргнале во освојување на Белград... И тоа „голи“ среде зима, за да покажат која што има... Од нови хит песни со секси кадри во спотовите со кои планираат да ве фрлат во транс, или со нов еротски „Онли фанс“ перформанс! Фото: Инстаграм/iamdijana.og/kristina.dimitry    ]]>

Јоце Панов реши да смени имиџ комплет: Набилдан, со нова фризура, брада и тетоважа, не една туку со цел „ракав“(фото) https://arhiva.vistina.com.mk/jotse-panov-reshi-da-smeni-imidh-komplet-nabildan-so-nova-frizura-brada-i-tetovazha-ne-edna-tuku-so-tsel-rakav-foto/ Sat, 09 Dec 2023 08:00:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329454

За пејачот Јоце Панов работохоличниот пристап е константа, а не периодичен. Тој како никогаш да не мирува кога работата е во прашање, па иако неодамна за „Гранд продукција“ ја издаде темата насловена „Погрешна“, штипјанецот со скопска адреса сега веќе работи на нова песна. Тоа го обзнани преку својот профил на Фејсбук каде ги изненади следбениците со новиот имиџ кој специјално е наменет за песната и спотот кои ги подговтвува. Набилдан, со нова фризура, форма на брада и не една туку ограмна „ракав“ тетоважа која ја почна од поодамна, а сега со повод можеби и ја заврши...  Испреплетени слики од женски лик, ангел, петолине со ноти, птици... Објавата не остана без коментари, односно прашања од типот на „ти ли си Јоце?“, што веројатно и очекувано. Панов е меѓу ретките на естрадата од посилниот пол кој кога е модата во прашање не им се плаши на промените и сака да експериментира. Па така, неговата модна индивидуалност знае да трпи промени и тоа од префинета елегантција, лежерност, па се до рокерско бунтовнички став. Монотонија кај Јоце никогаш нема, сака да биде интересен, актуелен, пред се’ среден за себе, а и за публикта пред која е постојано на настапи. Редовно на пат Скопје, Белград, а уште почесто низ градовите низ земјата, неуморен и предан на музиката и кариерата. Обврските не завршуваат тука, семејството е неговиот двигател, малиот Лука и сопругата Марина со која е пет години во брак. Во неговата набиена агенда стои и секојдневната работа како професор по музичка уметност во скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ каде теоретски и практично го пренесува знаењето и љубовта кон музиката. До новата песна и спот за кои сигурно нема да чекаме многу, слушнете ја „Погрешна“. фото:Facebook/ Joce Panov JP видео: You Tube/ Grand parada]]>

И таа е пејачка: Оваа убавица е внуката на Арсен Дедиќ и Габи Новак (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/i-taa-e-pejachka-ovaa-ubavitsa-e-vnukata-na-arsen-dedik-i-gabi-novak-video/ Thu, 09 Nov 2023 12:01:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326195

Арсен Дедиќ и Габи Новак важеа за еден од најхармонични парови. Нивниот син Матија стана врвен џез пијанист, а ниту нивната внука Лу не можеше да побегне од толку силни музички гени. Лу Дедиќ покажа дека е сериозна за продолжување на семејната традиција летово, кога го објави својот прв сингл наречен „The real thing“. Дотогаш навистина немавме можност да ја видиме талентираната дваесетгодишна девојка во јавност. Сепак, песната „Мијењам се“ за која штотуку објави видео ни открива дека пораснала во вистинска дама. Баба Габи нетрпеливо ја чекаше премиерата на новиот спот и не го криеше својот ентузијазам. Поддршката од семејството е најсилниот опасен ветер, а Лу секако го има. Тука е и гордиот татко, кој веднаш го сподели видеото на социјалните мрежи. Лу гостуваше и на последниот албум на Матија, за кој ја сними песната „Задњи сати лето“. - Бев тажна што таа не отиде во средно музичко по основното музичко училиште. Многу луѓе ми велеа да не се грижам и дека Лу еден ден ќе се врати на музиката. Токму тоа и се случи, а сега сум неописливо среќен и горд. Секогаш може да смета на мојата поддршка и совети – изјави неодамна Матија. Песната е одлична, видеото е вистинско мало изненадување, тато, мама и баба и се радуваат, а сигурни сме дека дедо Арсен би се гордеел со талентираната млада дама. фото:Профимедиа/Јутјуб принтскрин]]>

Антониа Гиговска се враќа на сцена, а за старт има необично барање до фановите: „Ми требате во што поголем број!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-se-vraka-na-stsena-a-za-start-ima-neobichno-barane-do-fanovite-mi-trebate-vo-shto-pogolem-broj-foto/ Tue, 07 Nov 2023 08:59:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325665

По многуте медиумски написи поврзани со приватноста, за пејачката Антониа Гиговска дојде време повторно да се вратат и насловите поврзани со нејзината музичка кариера. Помина речиси една година откако Тониа како што милува да ја нарекуваат, кариерата ја стави во мирување поради бременоста, а потоа и раѓањето на синчето Киан. Но, сега дојде време тоа да се смени, односно да се врати на старо. Гиговска наодамна најави дека своите фанови ќе ги изненади со нова песна, а дека турбо работи на истата во студио заедно со хитмејкерот Дарко Димитров, покажа во едно од своите стори објави. Па така, не само што ќе се приврши и аудиото, Антониа веќе е тргната во реализација и на спот за кој има барање до своите следбеници. Имено, таа ги повика во што поголем број да се пријават за статисти на видеото каде ќе бидат сите под маски. На музички план нештата тргнаа да се менуваат, а со тоа и новата етапа од животот на пејачката која сега дополнително ќе има инспирација, љубов и сознание дека некој што најмногу ја сака и му треба, ја чека да се врати дома, а тоа се разбира е бебето Киан. Инаку, Антониа неодамна по некоку месеци повторно застана на сцена и ја запеа заедно со Пајак нивната „Хабиби“ за роденденот на „Бекстејџ“. фото:Инстаграм принтскрин/Антониа Гиговска]]>

Музичко качување по „заспаната животинка“ на Скопје- „Нерези“ на „Баклава“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/muzichko-kachuvane-po-zaspanata-zhivotinka-na-skopje-nerezi-na-baklava-video/ Thu, 12 Oct 2023 07:10:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322040

Групата „Баклава“ Ви го презентира новото музичко видео за песната „Нерези“. Спотот е изработен од Марјан Јаневски, додека песната веќе позната од албумот „Од Скопје со љубов“, е авторство на Елена Христова. Токму за ова видео од „Баклава“ велат: -Ова видео е креација на Марјан Јаневски и ова ремек-дело од видео е подарок. И искрено на кој не се надевавме. Кога разбравме дека за нас, дотогаш ново име во фотографијата, направил видео на една од нашите песни, бевме скептични. Зошто баш таа песна? Како ли ќе ја долови таа елегија, таа опеана природа создадена од темен алт, кларинет и тишина, таа долга нумера што воопшто не се поклопува со стандардите на урбаната брзина која ни е секојдневие. И се изненадивме. - Како што ќе каже и самиот Марјан: каменот од блиску доаѓа. Но, овој пат во една прекрасна смисла на самата поговорка. Бевме маѓепсани од тој мир на видеото, од таа симбиоза на стиховите каде се спомнуваат скопските населби како протагонисти. Како битија. Песна за Водно, песна за скопското Нерези, но и Капиштец, Трнодол, Пржино, Црниче, Жданец… И за пчеличките. Песна за нашето Скопје, онакво какво го сакаме кога се качуваме на таа „заспана животинка“ за да си го видиме градот. Ма каков и да бил. Се надеваме дека Марјан Јаневски го чека светла иднина со својот талент. И благодарни сме му. Се надеваме дека и на гледачите ќе им се допадне, велат од „Баклава“. Песната од албумот „За Скопје со љубов“ под издавачката куќа CPL Music, Германија. фото:Јутјуб принтскрин]]>

По бурниот развод на Елена Велевска низ мисли и шета нов брак – пејачката повторно невеста?! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/po-burniot-razvod-na-elena-velevska-niz-misli-i-sheta-nov-brak-pejachkata-povtorno-nevesta-foto/ Sat, 07 Oct 2023 07:15:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=320044

Човек може на се’ да се навикне, добро или лошо останува во меморијата, но времето иако не може магично да ги избрише нештата, не учи да се адаптираме и живееме со промените. На фолк пејачката Елена Велевка и се случи доста од тоа, а по бурниот развод со сега веќе екс- сопругот Марјан, најтешко и падна разделбата со децата. Елена се пресели во нов стан во родниот град и во ниеден случај не ја запостави кариерата за која секогаш се дава во целост. Песната е нејзиниот живот, која низ тоа добро и лошо ја води секаде и секогаш. За нејзината приватност по разводост се шпекулираше доста, дека за брзо време си нашла нов партнер, но таа остро демантираше дека се работи за невистини. Она што милува најмногу да говори, да се покажува и докажува е единствено песната и нејзните три дечиња. Сепак, она што деновиве ги изненади нејзините следбеници, беше „стори“ објавата од нејзниот Инстаграм профил каде Елена е невеста во венчаница. Прашалниците со оглед на тоа дека е сама, оправдано се надоврзаа, но Елена остана резервирана и недоречена по објавата. Познато е дека пред седум години ја издаде песната „Невеста“,кадрите се токму од тој спот, па дали ова беше само потсетување на тоа време или дали навистина и се мота нов брак низ главата, си знае самата. Во секој случај, за убаво е, така што сеќавање или желба повторно да биде невеста, сеедно. За потсетување,на почетокот на 2020 година, Елена Велевска откри дека и покрај сите обиди и напори да го спаси бракот, се разведува од сопругот Марјан. Потоа следеше и бракоразводната постапка по која нивните три деца останаа да живеат во Охрид во татко им, а Елена се врати во родниот Прилеп. Оттогаш помина доста време, а Елена како што кажа остана силна и достојна на она што и го донесе животот, а најсилен поттик за се’ се најзините три деца, Софија, Марко и Калија. фото: Инстаграм принтскрин/Елена Велевска]]>