спорт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Feb 2024 10:11:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спорт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Таткова гордост: Коста од „Преспав“ и синот се совршен тандем за акција (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tatkova-gordost-kosta-od-prespav-i-sinot-se-sovrshen-tandem-za-aktsija-foto/ Tue, 27 Feb 2024 10:11:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=340180

Актерот Игор Ангелов или на многумина попознат како Коста од „Преспав“, не многу ги милува социјалните мрежи, но одвреме- навреме знае да изненади со некоја објава од приватноста. Игор во реалноста е далеку од карактерот од ликот на Коста… Тој е семеен човек со хармониечен брак и најголемото богатство од него – двата сина, Андон и Јаков. Игор заедно со неговото семејство односно, сопругата Ева и синовите живее во Скопје, поточно во својата куќа изградена во село Бардовци. Кога не е на снимања и има слободно време, тој редовно поминува моменти во спортска рекреација, а убавата и полезна навика му ја пренел и на постариот син Јаков. Татко и син се совршен тандем за трчање на кејот на Вардар, а за ваквата семејна спортрка спојка, Игор се пофали на социјалните мрежи. Инаку, постариот син на познатиот актер за разлика од тата си, плови во музичките води и свири на виолина која е негова примарна преокупација.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Igor Angelov (@igor_angelov)

Јаков е згоден и шарментен млад дечко кој несомнето ги краде погледите на девојките. фото:Instagram printscreen/ igor_angelov]]>

Вељко Ражнатовиќ чека трето машко бебе, а посакува уште едно ама девојче: Синот на Цеца откри неочекувани детали од приватноста (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/velko-razhnatovik-cheka-treto-mashko-bebe-a-posakuva-ushte-edno-ama-devojche-sinot-na-tsetsa-otkri-neochekuvani-detali-od-privatnosta-foto/ Mon, 05 Feb 2024 10:06:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337432

Вељко Ражнатовиќ, синот на фолк ѕвездата Цеца Ражнатовиќ, не се појавува често во медиумите, а приватниот живот сака максимално да го задржи за себе. Сепак, иако максимално го држи семејството подалеку од очите на јавноста, сега реши да открие детали за сопругата Богдана Ражнатовиќ и децата, а на почетокот на разговорот зборуваше и за својата боксерска кариера. - Кога се подготвувам за натпревар, ништо не ми е тешко. Тренирам два пати на ден. Некако сè се спои во мојот живот. Не излегувам и сум посветен само на тренинзите и семејството. Отсекогаш сум имал страст за натпреварување. Тренирав во сите спортови, но го избрав боксот. Овој спорт прави разумен маж од непослушно момче. Тоа е некој вид вентил за нас кој ќе не смири. Имав краток фитиљ, испади кои сега ги немам. Боксот те учи на живот и преку боксот учиш да живееш, рече тој и потоа додаде:
- Би сакал со мојот пример кога ќе го постигнам она што го сакам, да ги натерам младите да се свртат кон овој спорт. Никој не треба да гледа на мене како што сум, имам илјада маани, но треба да гледаат на она што сакам да го постигнам и постигнам, дека сум посветен на семејството, спортот – рече тој. Вељко проговори и за семејството и за идното дете кое тој и Богдана со нетрпение го чекаат.
- Сега живеам во Тител. Сега сум тука додека се подготвувам за натпревари. Се враќам во моето село, градот повеќе нема да ме види. Отсекогаш сонував да имам два сина... Ова трето дете е само плус. Се надевам на девојче сега, по моите синови - рече тој, осврнувајќи се на фактот дека благодарение на неговите родители бил познат уште од мали нозе уште пред успехот во боксот.
-Тоа внимание веќе го добив на почетокот на кариерата поради мајка ми и татко ми... Можеби тоа ми помогна, но и ме обесхрабри бидејќи бев соочен со разни предрасуди. Само сега, сам да го добијам тоа внимание, многу помалку луѓе би биле љубоморни... Ќе ми даваат поголема поддршка. Сега мислам дека ова внимание повеќе ме повреди отколку што помогна - изјави Вељко во емисијата „Премиера викенд специјал“ фото:Instagram printscreen/ veljkoraznatovicfan10]]>

После толку години рече дека е доста: Милан Калиник најде нова среќа и место каде ќе биде исполнет https://arhiva.vistina.com.mk/posle-tolku-godini-reche-deka-e-dosta-milan-kalinik-najde-nova-sreka-i-mesto-kade-ke-bide-ispolnet/ Tue, 19 Sep 2023 11:14:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318617

Водителот и актер Милан Калиниќ досега се испробал во бројни телевизиски емисии, а по секоја ја задржа титулата омилен водител. Последниот формат „Преживеани“ насолзи многумина, а сега е време за нов почеток. Имено, како што никогаш не криел, Милан е голем љубител на спортот, а сега успеа да ги спои своите две големи љубови – водителството и спортот. Милан Калиниќ за првпат во кариерата ќе води емисија за спорт на која многу се радува, а сопругата Сандра, како и синот и ќерката, кои знаат дека спортот е голема љубов на Милан, му подаруваат најголема поддршка во овој, за него, многу важен потфат. - Ние сме народ кој го сака спортот и начинот на кој ги преживуваме успесите и неуспесите на нашите спортисти е нешто неверојатно. Мислам дека затоа имаме пократок животен век во споредба со другите нации во Европа. Во другите земји се следат еден или два спорта, а кај нас се следат сите - вели Милан Калиниќ и посочува дека тој и неговиот колега Предраг Поповиќ ќе го водат шоуто на ист начин како што би правеле обичните граѓани и љубителите на спортот. фото:Инстаграм прионтскрин]]>

Водителката Сања Маринковиќ ги воодушеви сите со своите фотографии, а овој спорт е нејзината страст! (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-sana-marinkovik-gi-voodushevi-site-so-svoite-fotografii-a-ovoj-sport-e-nejzinata-strast-foto/ Mon, 18 Sep 2023 12:21:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318502

Сања Маринковиќ неодамна ја отвори новата сезона на своето шоу „Магазин ин“ и призна дека е подготвена за нови работни победи. Водителката никогаш не криела колку се грижи за исхраната и тренира неколку пати неделно за да ја одржи својата линија и во петтата деценија. Таа неколку пати објавуваше фотографии од теретана, а сега откри кој спорт е нејзината страст и со кој успева да се одржува во форма. Водителката на Инстаграм покажа како ги поминува слободните денови и кога заврши со тренинзите и сите обврски, објави и фотографија од ноќно излегување. Фото: Принтскрин/Инстаграм]]>

Две варијанти на Снеже Велков: Фитнес инструкторката е и спортска и елегантна дама – која повеќе ви се допаѓа? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dve-varijanti-na-sneze-velkov-fitnes-instruktorkata-e-i-sportska-i-elegantna-dama-koja-povekje-vi-se-dopagja-foto/ Fri, 09 Jul 2021 07:07:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210346

Некогашната македонска водителка и сега фитнес инструкторка Снеже Велков е активна на социјалните мрежи, па речиси секојдневно објавува по нешто на Инстаграм. На неа денот и започнува со физичка активност, или возење велосипед или пак тренинг. Токму и објавите од спортските активности се најчести на нејзиниот профил.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

И да врне и да вее, и бура да коси, Снеже  Велков спортска облека носи....секако само додека вежба во раните утрински часови додека можеби некој уште го пие своето утринско кафе. Снеже може да ја сретнете на повеќе локации во Скопје, или покрај кеј, во парк, во центарот на главниот град како вежба или вози велосипед и се тоа мотивирајќи, но и инспирирајќи ги другите кои можеби токму од денес ќе започнат со вежбање. За некое физичките активности се добро утро, а крајниот резултат се згодно и затегнато тело на кое може многумина да и позавидат. Но, фитнес инструкторката освен во спортска, има и друга варијанта, односно онака стокмена од глава до пети како права дама. Имено, во кусите приказни на Инстаграм таа сподели видео на кое во првиот дел е облечена во хеланки и мајца и подготвена за тренирање, без шминка и препотена. Потоа облечена во зелен комбинезон кој одлично и прилега на витката фигура, нашминка и дотерана за чиста 10ка. „Прво избежбај, па дотерај се“, напиша таа покрај објавата. Нема сомнеж дека Велков е и спортска и елегантна дама со стил. фото: инстаграм/снеже велков]]>

Извајана: Фитнес инструкторката Ана Стојанова во „жешко“ црно боди – глетката ќе ве залепи на екран (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/izvajana-fitnes-instruktorkata-ana-stojanova-vo-zeshko-crno-bodi-gletkata-kje-ve-zalepi-na-ekran-foto/ Sun, 14 Feb 2021 08:08:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188953

Во време на пластична хирургија и отстранување или додавање маса со помош на хирушка интервенција, стана нормално секојдневие. Природното пак, се поголема реткост! За девојката по име Ана Стојанова вежбањето и здравиот начин на живот, засилено со мотивација е клучот за посакуваниот изглед.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Ана Стојанова како фитнес инструктор, модел и советник за здрава исхрана, се наметна на социјалните мрежи и тоа со одлична примарна идеја – да им помогне на жените и девојките да ја доведат линијата до посакуваното и да живеат здраво.
 
Пред неколку месеци таа имаше операција на ногата и некое време мораше да закрепнува и паузира со својот начин и стил на живот. Сега Ана е во топ форма и полна со самодоверба по операцијата. Извајано тело, обликувано со мускулна маса и бујни облини. Ана Речиси секојдневно постира фотографии на социјалните мрежи на кои ги покажува своите вежби од нејзината фитнес програма, но и нејзиниот сексапил и привлечност како од последната фотографија во црно секси боди во кое изгледа еноставно совршено!
 
Понежниот пол има вистински пример за женственот на природен начин.]]>

Кога ќе се спојат спортот и љубовта резултатот се гледа кај Илина на Џамбазов (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-kje-se-spojat-sportot-i-ljubovta-rezultatot-se-gleda-kaj-ilina-na-dzambazov-foto/ Tue, 30 Jun 2020 06:18:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=156194

Илина Арсова успева да искачи пет од седумте највисоки врвови, на 5 различни континенти. Во 2013, по повеќемесечна подготовка, Илина станува првата жена Македонка која се искачува на Монт Еверест. Но дури и тогаш со такви успеси, малкумина од пошироката јавност слушнале или прочитале за оваа наша позната дама. Но откако стана љубов на Игор Џамбазов, е сега сите ја знаат Илина, затоа во една прилика таа изјави:
„Да знаев дека олкава популарност се добивала со вљубување во јавна личност, ич немаше да се мачам толку години наназад да ги качувам светските врвови.“ Дека меѓу нив постои љубовен флуид е и повеќе од очигледно, а пак тоа дополнително предизвикува љубопитност кај јаноста, која се повеќе им се восхитува и радува за тоа што се заедно. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/vaka-funkcioniraat-igor-dzambazov-i-ilina-arsova-koga-taa-raboti-toj-odmora-a-koga-taa-e-se-poblusku-do-vrvot-toj-vekje-nema-dusha-video/ Како Игор, така и Илина се сосема транспарентни на социјалните мрежи и немаат намера да го сокриваат убавото што им се случува. На секоја нова изгледаат се посреќни и поблиски,а во секојдневието им цветаат ружи, медиумите пак знаат да ги наречат и „доранските гилапчиња“.
 
View this post on Instagram
 
Слободни активности ??

A post shared by Ilina Arsova (@ilina_arsova) on

За Илина спортот е начин на живот, а како што вели таа, освен што го зајакнува телото, го зајакнува умот и менталното здравје. Кога ќе се спојат љубовта и спортот, тогаш на душата и е најубаво, а пак телото е како нејзина рефлексија.
 
View this post on Instagram
 
So if superwomen are for real, it's totaly O.K. to have a crush on He-Man? ?

Кај Илина тоа е евидентно. Овој пат на најновата фотографија која ја објави на Инстаграм, го покажа своето совршено зацврстено тело и оѕртаните мускули. Кога нешто се прави со љубов, а напорот не ти се чини како мака –резултатот ивгледа вака: ]]>

На велосипед со повод: Ирена Спировска е ултара згодна во петтата деценија од животот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/na-velospiped-so-povod-irena-spirovska-e-ultara-zgodna-vo-pettata-decenija-od-zivotot-foto/ Thu, 04 Jun 2020 06:29:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=152450

Здравствени придобивки од возење велосипед има многу. Велосипедот може да ви помогне да согорите 600 калории на час, а вашиот метаболизам ќе биде активен дури и неколку часа потоа. Интересно е што кога возите велосипед, не приметувате дека воопшто вежбате. Ова и тоа како и е добро познато на ТВ водителката Ирена Спировска, за која не треба да има повод да се качи на велоспед и да се рекреира и спортува. Но, овој пат, вчера по повод Светскиот ден на велосипедот, Ирена ја облече својата спортска опрема и со велосипедот се упати во природа. Тесната облека која ја носеше дополнително го нагласи нејзиното згодно тело, кое не сака да даде знаци дека е во петтата деценија од животот. Но Ирена, посетата во салони за разубавување или естетски корекции, најчесто ја менува за посета во природа и спортување, а резултатите од коригирањето на природата и здравиот начин на живот кај Ирена се видливи. Таа често го полни својот профил на социјалните мрежи со фотографии во природа, а за најголемиот дел добива само пофалби, меѓу последните такви беше оној дека е „најспортски активното ТВ лице во Македонија“.]]>

МРТ 3 – спорт и забава на едно место https://arhiva.vistina.com.mk/mrt-3-sport-i-zabava-na-edno-mesto/ Sat, 11 Apr 2020 10:47:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144491

Спортско-забавниот канал МРТ-3 од  од 10.април 2020 год. е најновиот „терен“ на Македонската Телевизија за врвен спорт, атрактивни филмови и серии, квалитетна музика и за забавни содржини. Во период кога се замрени сите спортски, културни, музички и естрадни настани, Јавниот сервис влегува во амбициозен потфат да привлече гледачи коишто по нормализирањето на ситуацијата ќе имаат телевизиска фреквенција со порелаксирана програма. МРТ-3 нема да биде само спортски канал, но ќе понуди нешто што специјализираните спортски канали во моментов не можат. Како членка на Евровизија, МРТ обезбеди ексклузивна можност да ги реемитува претходните светски фудбалски првенства, додека партнерството со Интернационалниот Олимписки Комитет и дава шанса повторно да и ги понуди на публиката претходните олимписки игри. Затоа, во наредните денови ќе ги освежиме сеќавањата на фудбалскиот Мундијал во Русија 2018 со потсетување на сите 64 натпревари, а ќе се навратиме и на најголемите возбудувања од најатрактивните настани на ЗОИ во Пјонгчанг 2018. Очекувајќи што поскоро да прекине спортскиот мораториум на глобално ниво, а негувајќи идеја со тек на времето да напредува, да расте и да се надградува, МРТ-3 ќе ги обнови спомените од последниот период и од ракометната ЕХФ Лига на шампионите, од ракометната СЕХА Лига, како и од сите други спортски натпреварувања за коишто располага со ТВ-права за тековнава сезона (кошаркарската НБА лига, хокејарската НХЛ лига, ИСУ сезоната во уметничко лизгање, италијанскиот и францускиот фудбалски шампионат). Телевизиските права особено за меѓународни настани секогаш се со временски лимитирана важност. Toa оневозможува МРТ повторно да емитува многу скапоцени материјали од поновата и од постарата документација. Таквата ограниченост за реемитување настани од некогаш е пречка да нурнеме во архивата и уште подлабоко, можеби и повеќе децении наназад. Сепак, тоа отвора можност да и понудиме на јавноста и значителен дел од настаните на домашните спортски терени, на коишто јавниот сервис по традиција им дава публицитет. Колажниот спортско-забавен карактер на МРТ-3 ќе биде надополнет со избор на квалитетни филмски остварувања и серии, како и со музички и забавни програми во продукција на МРТ коишто при премиерните емитувања имаа силен одек и наидоа на големи симпатии во јавноста.]]>

Шабан да не беше пејач, ќе бил фудбалер или боксер: Другата страна на кралот на фолкот https://arhiva.vistina.com.mk/shaban-da-ne-beshe-pejach-kje-bil-fudbaler-ili-bokser-drugata-strana-na-kralot-na-folkot/ Tue, 19 Feb 2019 09:27:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=73501

Покрај музиката, Шабан бил многу талентиран и за спорт. Тренирал фудбалот во Борац и Мачва, а имал повик и да му се приклучи на бугарскиот клуб Левски од Софија.
Постои една анегдота од една ромска свадба во Париз, кога на истата го повикале да пее. Видел едно момче од 13 години како шутира топка и му се придружил. По еден час белите костуми на обајцата им биле зелени тревата, а во играта ги прекинала мајката која го повикала момчето да одат по невестата, бидејќи, како што подоцна Шабан дознал, малиот всушност бил младоженецот!?
Шабан оддамна е член на националниот естраден фудбалски тим. Тренирал и бокс и бил сигурен дека еден ден ќе стане професионален фудбалер или боксер.
Сепак, стрико му Алија сметал дека може да заработи повеќе пари како музичар. Еднаш го поканил да пее во едно кафеана, каде што стрико му  се проведувал со другарите. Бидејќи Шабан го сметал за голем авторитет,  не се осмелил да го одбие. Почнал да ја пее песната "Јаблани се повијају" и ја наполни кафеаната. Продолжил да пее и таму да доаѓа со пријателите на пиење, по што напишал многу од песните што ќе останат по него да живеат и  со нив да се веселиме и тагуваме.
Навивал за Црвена ѕвезда, во која на едно време играше неговиот внук Лука Аџиќ, кој сега е член на белгискиот фудбалски гигант Андерлехт. Но, Шабан го сакаа и навивачите на Партизан. Шабанов зет е  Зоран Бата Мирковиќ, сегашниот тренер на фудбалерите на Партизан.]]>