споменик на културата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Sep 2023 12:11:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png споменик на културата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Уривањето на домот на Мерлин Монро во Лос Анџелес привремено одложено (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/urivaneto-na-domot-na-merlin-monro-vo-los-andheles-privremeno-odlozheno-foto/ Mon, 11 Sep 2023 12:11:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317416

По одлука во Градскиот совет на Лос Анџелес, следи привремено одложување на уривањето на домот на американската уметница Мерилин Монро во Брентвуд – луксузен дел од Лос Анџелес. Советничката Трејси Парк побрза да го спаси последното живеалиште на славната русокоса откако во средата дозна дека сопствениците – креативната интернет-страна „Глори оф д Сноу траст“ (Glory of the Snow Trust), побарале дозвола да ја урне култното здание во шпански колонијален стил, објави „Лос Анџелес тајмс“. – Јас и мојот тим веднаш тргнавме во акција… Но, за жал, Секторот за градежништво и безбедност издаде дозвола за уривање пред мојот тим и јас да можеме целосно да интервенираме и да го решиме ова прашање, рече Парк непосредно пред седницата на Градското собрание во петокот. Таа одржа говор најавувајќи предлог за разгледување на статусот на домот на американската пејачка и глумица како историски споменик на културата. – Денеска сум тука со вас како чувар на областа во којашто се наоѓа последната резиденција на Мерилин Монро. Денеска сум тука и како бранител на богатата историја и наследство на нашиот град, рече Парк. Предлогот претставен пред Советот бара итен почеток на разгледување домот да биде прогласен за историски и културен споменик. Натаму се наведува дека со тоа нема да му се одземат никакви права на сопственикот на куќата, но оти треба да се проценат историските и културните вредности на имотот. Фото: Принтскрин/Epa Mario Ruiz]]>

Ана Николиќ позираше пред споменик на културата во секси долна облека, жартиери, чорапи, пердуви… како да е во бордел (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-nikolikj-pozirashe-pred-spomenik-na-kulturata-vo-seksi-dolna-obleka-zartieri-chorapi-perduvi-kako-da-e-vo-bordel-foto/ Fri, 13 Dec 2019 11:52:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123815

Ана Николиќ изнајми дворски комплекс на Дедиње за фотосесија, сакајќи  да ја покаже својата фасцинантна фигура, позирајќи пред Белата Палата како да е во бордел: во секси долна облека, жартиери, свилени чорапи и пердуви и со раскошно деколте, што предизвика шок во јавноста. Таа на Инстаграм објави фотографии од  фотосесијата во и пред Белата Палата, каде напиша дека ужива во работењето и дека: „Малечката сладок живот сака, за да нема љубовна мака“. Николиќ јасно сакала да ја покаже својата фигура, која по напорното вежбање и режимот на исхрана, но и посетата на естетски хирург, ја доведе речиси до совршенство. За работите да бидат шокантни, таа позираше во повеќе од провокативна поза, па дискретно ја рашири свилената наметка на телото, за да и се видат нејзините „нови долги нозе“, градникот и гаќичките! Ана со оваа фотографија се појави на социјалните мрежи, па повеќето нејзини следбеници на Инстаграм беа воодушевени од потегот на пејачката. Претежно сите се фокусираа на нејзиниот изглед, а малкумина забележаа дека таа се сликала пред  споменик на културата заштитен со закон. Сепак, имаше такви што ја нападнаа, велејќи дека нејзиниот потег е срамен!]]>