споменик дебар маало – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Feb 2019 13:40:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png споменик дебар маало – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Во Дебар Маало ќе биде откриен споменик на Горан Стефановски на неговиот роденден https://arhiva.vistina.com.mk/vo-debar-maalo-kje-bide-otkrien-spomenik-na-goran-stefanovski-na-negoviot-rodenden/ Tue, 05 Feb 2019 13:40:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71188

Пригодната церемонија за поставувањето на скулптурата и садењето на платанот, доколку се се одвива според предвидената динамика, би требало да се случат на 27 април 2019 година, односно на првиот недоживеан роденден на Горан Стефановски, велат од Општина Центар На триаголниот парк во Дебар Маало, спроти легендарната “Идадија„ ќе продолжи да живее споменот на големиот македонски драматург Горан Стефановски. Токму на ова место одалечено само 200 метри од местото каде што беше неговата семејна куќа, ќе биде поставено спомен обележје кое сите центарци, скопјани и почитувачи на неговото дело ќе ги потсетува на придонесот на Горан Стефановски за македонската книжевност. Споменикот ќе го подигне општината заедно со семејството и МАНУ, а ќе биде во вид на дрво и скулптура. “Спомен-обележјето се состои од засадување на дрво-платан на триаголното паркче во Дебар Маало, спроти ресторанот Идадија. Во самата сенка од платанот ќе се постави скулптура во природна големина излиена во бронза, што ќе го претставува писателот како седи на клупа, а до неа ќе стои спомен-плоча исто така, излиена во бронза. Семејството на писателот Стефановски покажа решеност и подготвеност финансиски и логистички да се ангажира и да го спроведе проектот за спомен-обележјето, вклучително и ангажирањето на скулптор за изготвување на макетата на скулптурата#, велат од Општина Центар. Оттаму додаваат дека пригодната церемонија за поставувањето на скулптурата и садењето на платанот, доколку се се одвива според предвидената динамика, би требало да се случат на 27април 2019 година, односно на првиот недоживеан роденден на Горан Стефановски. “Постарите скопјани се сеќаваат дека семејната куќа на Горан Стефановски била една од првите куќи изградени во Дебар маало во втората половина од 20-тите години на минатиот век, кога овој простор бил само ледина. Од оваа куќа потекнуваат и театарските режисери Ристо Стефановски (чичко на Горан) и Мирко Стефановски (татко на Горан), како и познатиот гитарист, братот на Горан, Влатко Стефановски. Симболиката на Дебар Маало и локацијата на идното спомен- обележје на писателот беше животно и духовно, а особено книжевно врзана со работата и животот на Горан Стефановски. Дел од својот книжевен опус тој го посветил токму на Дебар Маало„, додаваат од Општината Центар каде што деновиве беше дадено зелено светло за поставување на спомен-обележје, а на предлог на Македонската академија за науки и уметности, каде што Стефановски беше член надвор од работниот состав. Горан Стефановски (1952-2018) е еден од најистакнатите современи македонски драматузи и писатели. Тој, по кратко боледување почина на 27 ноември на 66-годишна возраст во Кентербери, Англија. Беше еден од најпознатите македонски драмски автори. Завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал на тема “Сценските напатствија како основа на драматургијата на Семјуел Бекет„. Со појавата на Стефановски современата македонска драма доживува голем успех, особено со неговите драми “Јане Задрогаз„, “Диво месо“, “Лет во место“,”Хај-фај„,”Дупло дно„,”Тетовирани души“,”Демонот од Дебар маало“. Автор е на телевизиските драми “Клинч“, “Сослушувањето на железничарот“ и на ТВ сериите “Тумба, тумба дивина„, “Бушавата азбука„. Добитник е на наградите “Стале Попов„,”11 Октомври„, “Стериина награда„,”Војдан Чернодрински“. Тој беше и професор на Факултетот за драмски уметности и од 2000 година, професор на Универзитетот во Кент, Англија, како и член на Македонскиот ПЕН Центар и Друштвото на писателите на Македонија.]]>