спомен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Feb 2024 11:52:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спомен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Господинот ја бакна госпожата“: Сара Мејс и Димитар Атанасовски пред 10 години – моментот кога паднал и првиот љубовен валцер (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/gospodinot-ja-bakna-gospozhata-sara-mejs-i-dimitar-atanasovski-pred-10-godini-momentot-koga-padnal-i-prviot-luboven-valtser-video/ Thu, 22 Feb 2024 11:44:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339730

Кога времето ќе помине и ќе останат спомените луѓето ги фаќа носталгија, па обожаваат да се присетат на минатото кое го поминале и оставило некаква трага во нивниот животот. Токму тоа и се случи сега и на македонската пејачка и харфистка Сара Мејс која се присети на еден важен момент со повод од пред 10 години, кога на еден настан,  со сегашниот сопруг Димитар Атанасовски за прв пат се бакнале. Таа почна да раскажува од почеток, па се' до тоа како дошло до бакнежот. - Имаше едно време едно прекрасно шоу што се викаше „Танц со ѕвездите“. Мој партнер беше Мишо Спасовски, а оваа емисија ја снимивме пред точно 10 години од денес.   Но, истата таа вечер, уште еден валцер изиграа Димитар Атанасовски и Јована Василевска.  - продолжи таа. - Малку подоцна таа вечер, господинов од крај - Димитар Атансовски ја бакна госпожата до него“ - обелодени таа. Па така за овој убав и  посебен повод  со  спомени, Сара  на нејзиниот сопруг му ја честиташе годишнината од нивната љубовна приказна. Страста и емоциите кај нив сега се на високо ниво, а Сара Мејс со ова сеќавање ги разнежни и следбениците на социјалните мрежи. Фото: printskrin/instagram/sara_mace]]>

Букет ружи од подот до плафонот, а во авионот шампањ и чоколадо: Карлеуша откри како и се додворувал моќен бизнисмен https://arhiva.vistina.com.mk/buket-ruzhi-od-podot-do-plafonot-a-vo-avionot-shampan-i-chokolado-karleusha-otkri-kako-i-se-dodvoruval-moken-biznismen/ Wed, 20 Dec 2023 11:41:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331823

Јелена Карлеуша уште откако се појави на јавната сцена важеше за фатална, а таква е и денес. Во врска со тоа, таа неодамна евоцираше спомени и опиша како ѝ се додворувал нејзиниот прв сопруг Бојан Кариќ. -Бојан Кариќ го запознав неколку дена пред Нова година. Таа година пеев за дочекот во Чикаго. Влегувам во хотелот во Чикаго, ја отклучувам вратата од апартманот во хотелот со картичката. Тогаш со мене беше мојот тогашен пријател Пеѓа Говедарица, може да сведочи. Ја отворам вратата - почна ЈК и додаде:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

- Тоа никогаш во животот не сум го видела. Од подот до таванот, секаде каде што можеше да се постават имаше корпи со црвени рози. Илјадници и илјадници... Огромен стан со три соби, спална, дневна, сè беше преполно со корпи со црвени рози. А на еден од нив, кој стоеше на средина на маса, имаше белешка. Пеѓа се онесвести и ми рече: „Верувај ми, кој и да е, јас би...“ Ја земав белешката и се шокирав, бидејќи на таа белешка пишуваше: „Сакам да бидам првиот што ќе ти честитам Среќна Нова Година и нека биде оваа последна Нова година без мене! Бојан!“ Знаев кој Бојан. Пеќ паднал во транс. По два дена влегов во авионот, ме чекаа шампањ и чоколади. И еден од моите соработници ми кажа дека го спречил да поставува билборди покрај патот од аеродромот до мојата куќа со некои пораки на билбордите. Момчето се заљуби. Не постои жена која не би паднала на тоа, сигурна сум. Поентата е во идејата. Паднав во несвест, бев на седмо небо - призна Јелена, па продолжи:
 
- Нашето второ видување беше вечерата. Бојан дојде да ме земе дома, а на совозачкото место имаше големо плишано мече со ременче околу вратот на кое висеше мобилен телефон. Тоа беше кристален „самсунг“ кој се отвораше и светеше кога некој ќе ве повика. Кристалите светнаа. Мене буквално ми беше како да ми дадовте милион евра во кеш. Се онесвестив на тие кристали. Бојан тогаш рече: „Твојот нов број е во тој телефон! Тоа е мојот омилен број, го користам до ден-денес. Тој број ме следи цел живот. Му го кажав тоа, веројатно во еден од нашите разговори за време на ручекот, и го добив тој број. Благодарение на Бојан, имам многу убаво сеќавање од него - се присети Карлеуша во подкастот на Информер. Да потсетиме и ЈК призна дека е убедена дека сегашниот сопруг повеќе не ја сака, но истакна дека ќе го даде животот за него. фото:Instagram printscreen/ karleusastar]]>

„Мама е зад фотоапаратот…“ – Игор Џамбазов сподели семејни спомени од летен одмор (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mama-e-zad-fotoaparatot-igor-dhambazov-spodeli-semejni-spomeni-od-leten-odmor-foto/ Thu, 14 Dec 2023 08:07:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331064

Македонскиот актер и шоумен Игор Џамбазов го отвори албумот со стари фотографии и реши еден спомен да сподели со своите многубројни следбеници на социјалната мрежа Инстаграм. Не е прв пат тој да покаже некоја историска фотографија од неговиот живот богат со сеќавања од некогаш и негде. На неговите фанови тоа исклучително им се допаѓа бидејќи нивните реакции и коментари веднаш се нижат, а воедно како со временска машина ги враќа и ги потсетува на тоа што било, бидејќи им буди емоции за тоа време. Овој пат Игор не сподели ништо поврзано со неговата кариера, туку додека деновиве престојуваше во Охрид  се потсети на еден интимен момент со неговото семејство од еден убав летен одмор во македонскиот езерски бисер. - Градиште, илјада деветстотини седумдесет и некоја, со тато и дада. Мама е зад фотоапаратот... - напиша Игор во описот на фотографијата.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

На фотографијата тој и неговата сестра Тања се мали, а неговиот татко многу млад, мајка му ја нема бидејќи како што објасни Џамбазов таа е главиниот „виновник“ на ова убаво фото дело. Неговите колешки и добри пријателки поп дивата Калиопи и актерката Весна Бејби Петрушевска први му оставија црвени срциња, а допаѓањата за неговата најнова објава уште веднаш започнаа... Минатата година Игор го изгуби родителот , својот татко, маестро Александар Џамбазов, а мајка му, познатата театарска и филмска глумица Анче Џамбазова уште во 1997 година. Но, сеќавањата затоа се тука, за да не потсетат  токму на тие убави времиња кои некогаш сме ги доживеале.   Фото: Printskrin/Instagram/igordzambazov]]>

Актерот и внук на Мето Јовановски се збогува од својот дедо: „Никогаш не ја искористив твојата големина!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vnukot-na-meto-jovanovski-se-zboguva-od-svojot-dedo-nikogash-ne-ja-iskoristiv-tvojata-golemina-foto/ Fri, 17 Nov 2023 10:33:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327359

Мето Јовановски, неговото величество актерот, вака некогаш стоеја наслови во печатените медиуми за големиот великан на македонското глумиште. Денес величеството останува, но за жал подвлечено поради негвото заминување. Јовановски на 77 годишна возраст отпатува во вечноста и тоа во време кога возот кон другата димензија има термин за легендите. Празниот куфер како оној на Илко од „Тетовирање“, не го понесе со себе, но и не го остави празен, туку претежок од се’ она што го направи и оствари досега. Гоемиот Мето замина на пат кон вечноста, пат без повратен билет, во еден правец. Таму нема да биде Осамениот, туку во големо друштво на генијалците од својата фела. Неговиот антентичен лик секогаш соживеан со бројните улоги кои ги имаше, како на даските што живот значат, така и на подвижните слики, никогаш нема да избледи. Јованосвки уникатноста ја носеше во себе, толку вешто претопен на трансформациите од ликот кој му беше даден наму. Капа доле за актерот кој направи сите да сме се соживеале во некое од неговите остварувања. Лик кој ќе живее вечно, зашто нели легендите се секогаш тука! За неговата големина, добро позната секому, потреба да октрие нешто повеќе имаше и неговиот вкук , познатиот млад актер и музичар Кирил Трајковски – Максим, кој се досега никогаш не открил дека е во блиска роднинска релација со големиот Мето. Токму таков беше и тој, па никогаш не сакал да го експонира семејството, така што детали за неговото покоиление и денес се непознати за пошироката јавност. На својот Фејсбук Кирил сега се реши да открие дека иако му бил дедо по мајка, односно нејзин чичко со кој ги носат малешевските корени на родното Панчарево, последното збогум го направи и јавно: -Никогаш не ја искористив твојата големина и влијание во светот на филмот и театарот за да се фалам и да кажувам по луѓе дека си ми дедо за да придобијам вработување или слично. Никогаш не дојдов да барам помош да ме бутнеш у некој театар или филм . И јас како тебе сам против сите ! Збогум дедо Мето Панчаревец лесна ти земја, напиша Кирил кој најчесто го гледаме како дел од новите македонски народни приказни, како пантонимичар, а го знаеме и како музичар под уметничкото име Марлон Брандо. Јовановски е роден во 1946 година во селото Панчарево, Пехчево. Завршил Театарска академија во Софија во 1971 година и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата актерска кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнува како еден од водечките драмски уметници во Македонија. Јовановски со повеќе од 60 филмски и телевизиски улоги остави неизбришлив придонес на македонската филмска, телевизиска и театарска сцена. Дел од неговите незаборавни улоги ги одигра во „Тетовирање“, „Пред дождот“, „Најдолгиот пат“, „Деца на сонцето“ и многу други. За своите театарски, филмски и телевизиски актерски остварувања ги има добиено највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“. Вечна слава! фото:принтскрин Јутјуб/ Фејсбук/Мето Јовановски]]>

Сања Савеска за последен поздрав сподели драг спомен со легендата Жарко Лаушевиќ: „Ми беше чест, почивај во мир!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/sana-saveska-za-posleden-pozdrav-spodeli-drag-spomen-so-legendata-zharko-laushevik-mi-beshe-chest-pochivaj-vo-mir-foto/ Thu, 16 Nov 2023 10:07:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327149

Балканот вчера беше шокиран од смртта на легендарниот српски актер Жарко Лаушевиќ кој почина на 63 годишна возраст по кратко и тешко боледување. Социјалните мрежи се преплавени од објави со фотографии и моќни и автентични изјави од Лаушевиќ, кој во својата некоку децениска актерска игра и значајни улоги, достигна слава од која беше уважуван и почитуван пошироко. ТВ водителката Сања Савеска се потсети на нивна средба за една негова посета на Скопје за премира кога таа го интервјуираше. Токму тој момент кога работеше на друга телевизија и сосема друг проект, Сања имаше прилика да го запознае големиот Лаушевиќ од кого за жал како последен спомен и остана само тој. Емотивна и инспиративно поттикната за жал од неговата загуба таа напиша: "Денес не вредиш ако немаш пари. Денес сите ти ја вртат главата ако од тебе немаат корист. Денес многумина ја менуваат љубовта за пари. Денес си јаден и смешен ако си добар. Денес си глуп и наивен ако си искрен. Денес не вреди ако си човек. Затоа што денес најдобро поминуваат скотовите, додека добрите страдаат"! - Жарко Лаушевиќ Немојте да се менувате за да ве почитуваат, сликајте се баш какви што сте, во истите комбинации по сто пати ако треба, на било кое место каде во моментот се чуствувате вистински среќни, сами средете се, не мора да плаќате стилисти, бидете добри, искрени,помагајте, живејте го животот за себе, не за другите, не за Инстаграм...Бидете искрени со себе! Не им давајте значење на материјалните работи! Живејте за љубов! Да ставиме заедно крај на лажните совршенства!, ја опиша Сања една од своите фотографии, а потоа од своите „стори“ објави го сподели споменатото интервју на Лаушевиќ од Скопје. -Ми беше чест што имав можност да го запознаам Жарко Лаушевиќ. Исклучителен човек, верувам дека сега ќе го пронајде својот мир и спокој. Почивај во мир легендо. За потсетување, пред речиси еден месец во преполната сала на МТС се одржа премиерата на филмот „Хероји Халиарда“. Белградската публика не ги штедеше дланките кога главните протагонисти им се поклонија, а со овации беше награден и Жарко Лаушевиќ. фото: Инстаграм принтскрин]]>

Милица Павловиќ со години не комуницира со мајка си, а ова им е една од малкуте заеднички фотографии (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/militsa-pavlovik-so-godini-ne-komunitsira-so-majka-si-a-ova-im-e-edna-od-malkute-zaednichki-fotografii-foto/ Mon, 13 Nov 2023 10:10:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326582

Милица Павловиќ во неколку наврати зборуваше за своето детство и растењето со баба и дедо, со кои останала затоа што нејзините родители рано се развеле. Таа остана во добри односи со својот татко, но кога е во прашање мајката на Мирјана Ѓорѓевиќ, кружат различни приказни. Мирјана го оставила своето тримесечно бебе кај свекорот и свекрвата во селото Горњи Буниброд кај Лесковац. Оттогаш, таа наводно само б=нејилку пати ја видела својата ќерка. Односот со мајката е тема која ја заинтригира јавноста откако Милица се појави на сцената.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Milica Pavlovic (@senoritamilica)

- Отпрвин, по разводот, дојде да ме види, а подоцна не беше многу заинтересирана за мене. Сега не ми требаат нови луѓе во мојот живот. Ја добив љубовта на мајка ми од баба ми и дедо ми - рекла таа еднаш. Како што истакна тогаш, тие не се виделе повеќе од десет години. Но, можеби се работи за спој на животни околности, бидејќи по разводот од нејзиниот татко Драгослав, Мирјана замина на работа во Швајцарија. Има многу верзии на приказната. Во секој случај, кога популарната пејачка неодамна го посети Огњен Амиџиќ, откри дека не е во контакт со нејзината мајка. Неодамна на интернет се појави слика од Мирјана Ѓорѓевиќ. Веднаш, се разбира, се крена полемика дали фолк ѕвездата личи на неа. Сега ја најдовме единствената заедничка фотографија на Милица Павловиќ со нејзината мајка, па проценете сами. фото: Јутјуб принтскрин/ приватна архива hellomagazin.rs]]>

Учи да биде докторка, а пее како славеј: Се покажа пред целиот Балкан и ја направи горда Македонија – погодувате ли која е малечката? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/uchi-da-bide-doktorka-a-pee-kako-slavej-se-pokazha-pred-tseliot-balkan-i-ja-napravi-gorda-makedonija-pogoduvate-li-koja-e-malechkata-foto/ Wed, 08 Nov 2023 09:07:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325877

Таа важи за скромна, ненаметлива, од Бога дарена со талент за пеење со глас на кој не остана рамнодушен целиот Балкан. Девојката од Струмица што ја направи горда Македонија и ја однесе победата од минатата сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Веќе знаете, станува збор за актуелната и последна „Гранд“ победничка Славица Ангелова. Иако студира медицина, она што животот моментално и го трасира е музиката, особено што ја освои титулата на полуларниот музички натпревар. Посветена на се’ Славица како и што најави, есенва е предана на музички план, па неодамна ја промовираше и новата песна која и припадна со победата. Темата „Руже и крв“ е првото од Ангелова што излегува откако беше првонаградена, а песната во целост е дело на Александар Милиќ –Мили. Кога пејачите имаат нешто ново на музички план, тогаш се и најактивни на социјалните мрежи, а Славица очигледно почна да учи и да го фаќа редот. Па така, за своите следбеници се почесто објавува нешто од приватноста како. Овој пат, сподели еден фото спомен од минатото каде е малечко детенце. Слатка, малечка и љубопитна за она пред себе, во случајот волан, а не докторски слушалки за што денес се образува. Пејачка и идна докторка, сосема атрактвен и исполнителен спој за се’ она што и претстои од патот до успехот. фото:Инстаграм принтскрин/Славица Ангелова]]>

Жешко издание во клечечка поза: Осамна стара фотографија од Хелена Роза (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/zheshko-izdanie-vo-klechechka-poza-osamna-stara-fotografija-od-helena-roza-foto/ Fri, 27 Oct 2023 07:05:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324220

Поранешната македонска ТВ водителка Хелена Роза одлучи на Инстаграм на нејзините кратки приказни кои редовно ги полни, да сподели спомен стар 16 години. Хелена која заедно со сопругот и со нејзините деца живее и работи во Нов Зеланд,  не престана да биде актуелна во Македонија,  земјата од каде што потекнува, иако веќе одамна ја нема на малите екрани. Некогашниот македонски модел сега е во контакт со родната земја преку социјалните мрежи, а овој пат реши да ги потсети на минатото. Таа сега им го привлече вниманието на следбениците и ги воодушеви со нејзиниот изглед од пред 16 години, каде позира како модел, во клечечка поза со заводлив поглед, облечена во кратки тексас шорцеви, тесна провидна маичка, а стајлингот го коплетирала со црвени потпетици. Така згодната и привлечна Хелена Роза, со провокативната стара фотографија успеа повторно да предизвика возбуда кај посилниот пол. Инаку, Хелена неодамна го прослави роденденот на нејзината наследничка Кјара и по тој повод сподели нивни заеднички приватни фотографии.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Хелена Роза]]>

Карлеуша откри непознати детали од односот со Тоше: „Некои работи не ви ги раскажав…“ https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-otkri-nepoznati-detali-od-odnosot-so-toshe-nekoi-raboti-ne-vi-gi-raskazhav/ Tue, 24 Oct 2023 10:32:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323590

Овој октомври навршија 16 години од трагичната смрт на македонскиот славеј Тошет Проески. Бројни колеги му оддадоа почит на пејачот чија популарност не се намалува со текот на времето, напротив, а некои се потсетија на нивната соработка и средба со него, не само на денот кога почина, особено секој октомври и јануари, денот на коговиот роденден. Со него се дружеше и Јелена Карлеуша. Имаа посебен однос. - Кога бевме многу млади бевме неразделни. Тој имаше само 18 години, а јас две-три години постара. Двајцата снимивме албуми во Атина и тоа траеше со месеци, со познатиот грчки композитор Фивос. Секој ден, освен недела, одевме заедно во студио. Бидејќи бев единствена со возачка дозвола, секој ден изгледаше исто: станувам, појадувам, го земам Тоше во центарот на Глифада каде што имавме станови и возам мал Опел кон центарот на Атина во среде сообраќаен метеж - се присети Ј.К. -Патувањето во просек траеше по еден час, а тој постојано пееше во автомобилот. Таму и назад. Секој ден. Пееше и во студио, на паузите за ручек, додека одеше во тоалет, пееше и пееше... Дури и Фивос на шега рече дека кога ќе го напушти студиото после нас, нема да има сила да слушне ниту еден тон музика повеќе. - Насмеан до тој степен што беше уморен од својата веселост, бидејќи не можеше некој нон-стоп да биде толку среќен и весел. Хиперактивен, полн со енергија, полн со желба... Ако треба да го опишам со еден збор, тоа би било среќа. Беше среќен. Каков што може да биде само 18-годишник. Такво пеење и таков талент не сум слушнала. Таква боја, техника, емоција, енергија. Верувајте ми кога ќе ви кажам дека како пејач кој е на естрадата три децении, тој беше приказна надвор од овој свет. Премногу совршен за оваа планета. Марина Туцаковиќ и ја соопшти веста за смртта на Тошет. Таа поминала многу време со нив во Атина и знаела дека прво мора внимателно да ја извести Јелена. - Знаеш, не отидов на погреб. Немав сила и немаше да можам да ги гледам оние забавувачи кои се фрлаа по ковчегот, а тие не го ни познаваа. Веќе знаете кој фрлаше и правеше драма. Луѓето кои најмногу го сакаа и најдобро го познаваа, освен неговото семејство, немаа сили да дојдат. Инаку, Тоше е роден на ист ден со мајка ми Дивна, 25 јануари. Еве... не сум ви кажала некои работи, нека останат тајна, завршува Јелена. фото:Instagram/ Profimedia]]>

Спомен стар цели 34 години: Ова мaлечко детенце денес е македонска гордост – погодувате ли кој е? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/spomen-star-tseli-34-godini-ova-melechko-detentse-denes-e-makedonska-gordost-pogoduvate-li-koj-e-foto/ Sat, 21 Oct 2023 07:45:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322583

Ова детенце денес е летечкиот Македонец, трикратен европски шампион и еден од нашите амбасадори по кои Македонија е добро позната. За него редовно се пишува во медиумите, особено неодамна кога пo третпат овои уште една европска титла. Станува збор за нашиот најуспешен автомобилист на сите времиња, Игор Стефановски-Иџе. Тој е активен на социјалните мрежи, а овој пат сподели спомен стар 34 години и покажа какво детенце бил. Иџе е роден и израснат на Водно, а токму покрај неговата куќа поминувала и сѐ уште поминува најпопуларната автомобилска тркачка патека во Македонија, која според многумина е и колевката на автомобилизмот кај нас. – Мојата желба беше да бидам тркач и ништо друго. Љубовта кон трките е сѐ што паметам од детството, од аспект на активности што би сакал да ги правам. Буквално откако помнам, само тоа ме интересираше и ништо друго. Како деца правевме трки со велосипеди бидејќи бевме деца од Водно и немавме со што друго да се занимаваме. Имав идоли од Формула 1. Аиртон Сена ми беше еден идол од тоа време, па Шумахер, Дејмон Хил. Знам дека постојано се менуваа, но секојпат моите детски идоли потекнуваа од светот на автомобилизмот, вели Иџе во една прилика за Деца.мк Како наследници за она во што денес тој е најдобар ги има синот и внукот кои исто така од рана возраст покажуваат интерес за автомобилизмот и трките како својот татко и чичко. За потсетување, по многуте победи кои претходеа на шампионатот и бодовната предност, хрватскиот град Бузет беше местото со патеката од каде Иџе ја освоит третата шампионска титула и уште еднаш да ја направи горда Македонија. фото:Фејсбук Игор Стефановски- Иџе/Fotomodlic]]>