спомен куќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 02 Feb 2022 08:02:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спомен куќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Синот на Аки во Крушево: Кристијан Рахимовски ги посети гробот и спомен куќата на Тоше (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-aki-vo-krushevo-kristijan-rahimovski-gi-poseti-grobot-i-spomen-kukjata-na-toshe-foto/ Wed, 02 Feb 2022 07:48:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237176

Кристијан Рахимовски, синот на неодамна починатиот пејач Аки Рахимовски,  допатува во Македонија. Штом стапна на скопскиот аеродром како што самиот рече, пристигнал во земјата на неговото потекло, во татковината на неговиот татко, Аки: „Боже јас си дојдов дома, во земјата на мојот татко“! Дојде за да ја посети неговата тешко болна баба, за која неговиот татко Аки толку се грижеше до последниот ден од својот живот, но  и да го запознае поблиското и пошироко семејство, Скопје и Македонија, во кои неговиот татко израсна и ја започна својата музичка афирмација, се' додека подоцна не се вивна високо во естрадните височини во Загреб станувајчи познат, признат, ценет, сакан и популарен целиот регион на бивша Југославија. Кристијан вчера, 01 јануари 2022 во Крушево заедно со министерката за култура на Република Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевскаго и крушевскиот градоначалник, Томе Христоски го посети гробот на и спомен куќата на Тоше Проески. „Со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и синот на покојниот Аки Ракимовски во посета на спомен куќата „Тодор Проески“. Заедно положивме свеќе на гробното место на Тоше и оддадовме почит на големиот пејач, а не изоставивме да поразговараме и за Аки Ракимовски кој го почитуваше нашиот Тоше и постхумно посвети неколку песни“, напиша меѓудругото Христовски на Фејсбук. Кристијан, кој и самиот музичар, ги запозна министерката и крушевскиот градоначалник со својата професионална кариера, која, како што рече тој, е под силно влијание од неговиот  татко. Во татковината на Аки, Кристијан доаѓа по 35 години, и освен во Крушево, престојува и во Скопје, запознавајќи ги градот и улиците од детството на неговиот татко, како и неговите пријатели. Министерката Костадиновска-Стојчевска  изрази жалење за смртта на Аки и порача дека тој и неговиот „Парни ваљак“ одамна го пробија патот до незаборавот. Таа додаде дека нашата држава секогаш ќе биде благодарна и ќе ја негува почитта кон неговото дело и кон сето она што тој со својата енергија и полудецениската кариера го направи за промоција на културата на нашата држава и на македонската музика. „Крушево, 1 февруари 2022 година -  Македонија вчера на свој начин му оддаде почит на никогаш непрежалениот „македонски славеј“  - Тоше Проески (кој на 25 јануари ќе го прославеше својот 41 роденден, а почина на 16 октомври. 2007 година). Имено, дојдов на иницијатива и на покана на министерската за култура на Република С. Македонија  и градоначалникот на Крушево  да ја посетиме спомен куќата на Тоше Проески во Крушево и таму да запалиме свеќи за никогаш непрежалените (над) национлен музички херој. Во интимна и многу достоинствена атмосфера, со молитви на гробот на Тоше, заедно се потсетивме на ликот и делата на вистински музички великан од нашите краишта, кого со години и години ќе го славиме и оплакуваме слушајќи и пеејќи ги неговите песни. Овој крајно неочекуван гест на министерот за култура на  Македонија - дека по само неколку дена откако се простив во Алејата на великаните во загребски Мирогој и го погребав мојот единствен „татко“ - особено ме трогна веста која ја дознав при посетата: дека веќе постои иницијатива да се именува една улица во Скопје, главниот град на Македонија по името на татко ми. Затоа, во име на целото семејство Рахимовски, сакам да им се заблагодарам на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска и на Република С. Македонија за оваа исклучителна чест“ - напиша на својот инстаграм профил синот на Аки, Кристијан Кики Рахимовски за кого многумина веќе тврдт и очекуваат, дека токму тој ќе го замени неговиот татко на местото пејач во „Парни Ваљак“?!
Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/kiki_rahimovski/Томе Христоски/Danela Arsovska]]>

Изложба на икони во спомен куќата „Тодор Проески“ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-ikoni-vo-spomen-kukjata-todor-proeski/ Tue, 07 Dec 2021 13:24:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230381

Во спомен куќата „Тодор Проески“ вчера се одржа изложба на икони од авторот Григориј Пецанов, зограф од Струмица. Изложбата ја посети и градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски кој од авторот беше запознаен со мотивот и суштината на изложбата. „Се повеќе настани се организираат во Крушево. Имаме различни културни, но и едукативни настани како овој. Честитам на господинот Пецаков и благодарност за одржување на оваа изложба во Крушево“, изјави градоначалникот Христоски. Покрај овој настан тековна е хуманитарната акција за собирање на финансиски средства во знак на хуманоста на Тоше Проески. Кутија за донации е поставена на влезот од спомен куќата и акцијата трае до 25-ти јануари, денот на раѓање на Тоше. Средствата ќе се донираат во хуманитарни цели. ]]>

Јелена Томашевиќ ја посети спомен куќата на Тоше Проески и ги запозна неговите родителите: „Прекрасни луѓе и домаќини“ https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-tomashevikj-ja-poseti-spomen-kukjata-na-toshe-proeski-i-gi-zapozna-negovite-roditelite-prekrasni-lugje-i-domakjini/ Sat, 16 Nov 2019 09:17:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=118911

Српската пејачка Јелена Томашевиќ деновиве е во Македонија, поточно во Битола каде што денес (16.11.2019)  ќе одржи свој концерт заедно со Камерниот Оркестар на Битола во рамките на „Фестивалот на музика од светот“. Посетата во Битола, јелена ја искористи за да прошета и низ широк сокак, а овој момент го овековечи со една фотографија: „Ако одам во Битола ќе прошетам по широк сокак“ напиша пејачката како објаснување на фотографијата. Јелена  имаше време и да го посети Крушево и да ја посети спомен куќата на македонската легенда Тодор Проески, а ова посета успеа да ја разнежи пејачката. Нема кој не бил во Крушево и да ја посети токму спомен куќата на Проески која  потсетува на најдобриот македонски вокал и пејач чиј живот згасна пред неколку години во сообраќајна несреќа во Хрватска. Јелена овој момент го обележи со неколку фотографии кои секогаш ќе ги носи како спомен, а некои од нив ги сподели и со следбениците на социјалните мрежи. Во описот на овие фотографии српската пејачка откри дека имала прилика да ги запознае родителите на Тоше и дека се прекрасни луѓе. „Крушево, нека ти е вечна слава ангелу. Денес ги запознав родителите на Тоше, прекрасни луѓе и домаќини. Ме дочекаа со толку многу љубов, што успеа да ме трогнат“ напиша пејачката. Инаку, Тоше Проески ја компонираше песната „Где да одем а да те не волим“ која ја изведува Јелена. Српската пејачка во една прилика истакна дека Проески ја снимил и нејзината песна „Јутро“, но дека таа не успеала да дојде до таа снимка, а кога ќе дојде ќе ја чува како спомен. ]]>