спијат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 11 Nov 2020 12:36:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спијат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Многумина спијат во оваа положба, но таа е убедливо најлоша – еве што сè може да предизвика https://arhiva.vistina.com.mk/mnogumina-spijat-vo-ovaa-polozba-no-taa-e-ubedlivo-najlosha-eve-shto-se-moze-da-predizvika/ Wed, 11 Nov 2020 13:00:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175633

Положбата во која спиеме може да создаде бројни здравствени проблеми. Секој од нас е навикнат на одредена положба на спиење која му одговара. Меѓутоа, позиционирањето на телото во одредена положба влијае лошо врз нашето здравје и може да доведе до здравствени потешкотии. Едно истражување од 2016 година покажало дека 16% од луѓето обожуваат да спијат на стомак, но токму оваа положба е погрешна и многу штетна. Алекс Сави, тренер и експерт за спиење и основач на „Sleeping Ocean“, компанија која продава душеци и неврологот, д-р Пјетро Лука Рати откриле дека само една ноќ спиење на стомак може да предизвика болки во телото, особено во вратот и грбот. Доколку често ја практикувате оваа положба, постои ризик од појава и на посериозни проблеми. „Повеќето проблеми кои ги предизвикува спиењето на стомак се резултат на позиционирањето на ‘рбетот. Кога лежиме на стомак, ‘рбетот се искривува и се јавува напнатост и напрегање. Мускулите во грбот исто така може да страдаат, поради што наутро се јавуваат болки“, тврди Сави. „Покрај сколиоза и кифоза кои се најчести деформации на ‘рбетот, може да се јави и лордоза – искривување на предната кривина на лумбалниот или вратниот дел од ‘рбетот“, вели физиотерапевтот Кристен Гасник. Таа положба на телото создава зголемен притисок на долниот дел на грбот. Според мислењето на експертите, оваа положба на спиење е поврзана и со хроничните болки во грбот. Притисокот на вашиот грб и на ‘рбетот во текот на ноќта е голем во оваа положба. Бидејќи ‘рбетот не е поставен во природна положба, поради тоа повремено ќе чувствувате тапа болка или ќе имате потреба да се истегнете. Освен тоа, може да дојде до трајно оштетување на вратот бидејќи за да можете да дишете додека лежите на стомак, ќе мора да ги свртите вратот и лицето на едната страна. Токму тоа создава притисок, бидејќи го врти вратот спротивно од ‘рбетниот столб. Може да се појават чворови и напнатост, а со тоа и болки. Освен кај горниот дел од телото, оваа положба на спиење може да доведе и до проблеми со колковите бидејќи тие не се во удобна и природна положба. За оние кои сепак не можат да се одвикнат од оваа положба на спиење, експертите препорачуваат да ставите перница под нозете, а може и една под колковите. Со тоа долниот дел од грбот ќе биде во неутрална положба. извор: точка.мк]]>

Овие прашања ги мачат родителите: Колку часови треба да спијат бебињата? https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-prashanja-gi-machat-roditelite-kolku-chasovi-treba-da-spijat-bebinjata-2/ Mon, 10 Feb 2020 13:25:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133500

За време на развојот во матката, бебето е во постојан мрак и по раѓањето нема чувство за ноќ и ден. Наместо тоа, спиењето и будењето се приспособуваат на чувството за глад. Во првата недела, новороденчињата спијат од 16 до 17 часа на ден, а хранењето за нив претставува исклучително напорна активност и по секој оброк спијат толку многу бидејќи треба да се одморат, па во првите неколку недели од животот, децата спијат повеќе време отколку што се будни. Но, како што растат, така се менуваат и навиките за спиење, па бебињата ќе почнат да спијат во подолги циклуси во текот на ноќта, а во текот на денот ќе им треба помалку сон. Просечни навики за спиење според возраста на бебето: 1. На возраст од еден месец бебињата спијат околу 15,5 часа на ден, еднакво поделени во текот на ноќта и во текот на денот. 2. На возраст од два месеци на бебињата им е потребен ист број часови на спиење како првиот месец, но тие почнуваат да разликуваат ден и ноќ. 3. На возраст од четири месеци бебињата спијат 14-15 часа, од кои 10-12 часа се ноќе. Тие се будат еднаш или двапати во текот на ноќта за хранење. 4. На возраст од шест месеци тие спијат од 13 до 14 часа, обично 10 часа во текот на ноќта и 3-4 часа во текот на денот. Зошто на бебињата им треба толку многу спиење? Новороденчињата имаат потреба од повеќе сон отколку децата, тинејџерите и возрасните поради нивниот брз ментален и физички развој. Бебињата произведуваат милијарди неврони во мозокот, што ќе резултира со приближно 100 трилиони нервни врски до моментот кога ќе пораснат. Загрижени сте дали вашето бебе спие доволно? Ако сте загрижени дали вашето бебе спие доволно или не, обрнете внимание како изгледа бебето кога ќе се разбуди. Ако е мирно и задоволно, тоа покажува дека спие доволно, а тоа е исклучително важно. Болестите или промените на рутината може да предизвикаат бебињата да спијат повеќе или помалку од нормалното. Причината за загриженост постои ако вашето бебе му дава приоритет на спиењето и не се буди за хранење. Ако бебето не ја зголемува тежината или има тешкотии со хранењето, задолжително закажете преглед кај педијатар. извор: Курир.мк]]>