спиете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 23 May 2019 11:29:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спиете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Носите чорапи додека спиете? Тоа е увид во тајните на вашата личност https://arhiva.vistina.com.mk/nosite-chorapi-dodeka-spiete-toa-e-uvid-vo-tajnite-na-vashata-lichnost/ Thu, 23 May 2019 13:00:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89464

Иако многумина мислат дека спиењето со чорапи зависи од топлината или студот сепак тоа не е точно - според оваа навика може да откриете каков е вашиот карактер или карактерот на вашиот партнер. Чорапите ви помагаат полесно да заспиете. На светот постојат два вида луѓе, оние кои носат чорапи додека спијат и оние кои спијат боси. Некои не можат да заспијат без чорапи на стапалата затоа што им е ладно додека пак другите не можат со нив бидејќи им е жешко. Многумина се уверени дека се работи за навика, а всушност се работи за состојба на психата и нема никаква врска со топлината и студот во просторијата, тврдат психолозите и додаваат дека носењето на чорапите е поврзано со состојба на организмот. Луѓето кои спијат со чорапи Тие тоа го прават заради тоа што чувствуваат студ, иако во просторијата не е ладно. Тоа може да биде поврзано со различни физички аспекти како што се дебелината на кожата и бавен метаболизам. Но спиењето со чорапи е одраз и на психата.
Луѓето кои никако не можат да заспијат без чорапи обично имаат потреба да бидат заштитени, сакаат да престојуваат на убави места и секогаш настојуваат да воспостават длабоки и многу интимни односи со другите. По природа се нежни, најсреќни се во придружба на нечија прегратка и не им пречи делењето на нивниот личен простор со другите луѓе. Луѓето кои спијат боси Нив спиењето со чорапи им предизвикува непријатност и претопло им е за да можат да заспијат. Физички тоа може да укажува на брз метаболизам, добра циркулација и подебела кожа. Гледајќи ја нивната психа, тие се многу независни и заштитнички настроени кон другите. Нивниот приватен простор многу им значи и ќе се дружат со другите луѓе само доколку и тие се расположени, а не секогаш. Многу се икрени и чесни. Ги привлекуваат предизвици, а за луѓето кои им значат ќе направат сè, само нив да им биде добро, пишуваат од „BrightSide“.
Предности на носење чорапи во кревет - Чорапите ви помагаат полесно да заспиете. Причината за тоа е што тие помагаат во регулирањето на температурата. Тоа го спречува и потењето во текот на ноќта; - Според традиционалната кинеска медицина, носењето чорапи привлекува позитивен проток на енергија. Ладните стапала можат да го исцрпат телото додека пак топлината од чорапите помага во циркулацијата на крвта и животната енергија; - Носењето чорапи според некои истражувања може да ги зголеми шансите за оргазам за 30 отсто. Како да ви биде топло доколку не спиете со чорапи? - Носете папучи 1 час пред да легнете да спиете; - Ставете шише со топла вода или грејач на подножјето на креветот. Од сигурносни причини исклучете го грејачот кога ќе ви се приспие; - Ставете си дополнителни покривки или перници на подножјето на креветот.]]>