спенџарска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 11 Mar 2024 08:44:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спенџарска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Мими Марковски и „ортаците“ на гости кај Снеже Велков: Јутјуберот и „битолската екипа“ уште на пат кон Скопје со специјална песна во Југото „ја подбраа конкуренцијата“… од Спенџарска до Лазаров! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/mimi-markovski-i-ortatsite-na-gosti-kaj-snezhe-velkov-jutjuberot-i-bitolskata-ekipa-ushte-na-pat-kon-skopje-so-spetsijalna-pesna-vo-jugoto-ja-podbraa-konkurentsijata-od-spendharska-do-lazarov-vide/ Mon, 11 Mar 2024 08:37:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341801

Она што е Стефан Лазаров за Скопје, тоа е Мими Марковски за Битола. Композитор, музички продуцент и јутјубер. Обајцата популарни македонски јутјубери. Овој вториов можеби се’ уште не толку познат како првиот, ама затоа е на добар пат да го стигне… или престигне!? Вообичаено, кариерата, приватноста, онаа на гостинот и на некои од познатите личности – нивни сограѓани и пошироко и релациите и оносите на гостинот со нив се тема на „шоферските муабети“ на Мими. Најчести гости и во Југото, а  и надвор од него, разбирливо му се познатите битолчани или оние кои не се родени, но живеат во Битола… Или пак познатите кои се дојдени по работа и некој друг повод на гости во градот под Пелистер. Токму тој и неговата битолска екипа добија покана да дојдат на гости во ТВ шоуто „Нешто конкретно“ кај водителката Снеже Велков, што со задоволство ја прифатија. Од Битола за Скопје како поинаку, ако не со Југото, во кое Мими „го вози“ сопственото „драјв шоу“ во кое му доаѓаат познати ликови. Драјв затоа што Мими ги вози во неговото ЈУГО, испрашувајќи ги седнати на совозачкото седиште како на сослушување. Овој пат друштво му правеше битолската екипа, па за да биде патот полесно поднослив, позабавен, а и она што го смислија  и добра најава за емисијата, јутјуберот и екипата ја „пеработија“ познатата песна „Ако одам во Битола“ на композиторот Петар Георгиев - Калица, ама овој пат по свој терк. Всушност, во нивната „Југо драјв - акапела“ изведба се сменети само зборовите во текстот кој е комплетно посветен на нивната домаќинка, ТВ водителката Снеже Велков! Патем, текстот симпатичен полн со комплименти за водителката, ама не и за „конкуренцијата“, ако така може да се наречат споменатите имиња во „верзијата“ на Мими и битолската екипа, во која  уште на пат кон Скопје  во Југото „ги подбраа“ Спенџарска и Лазаров! Веројатно морало некого, оти таква била замислата, да се направи „компаративна размена“, како што се пее во оригиналот. Па битолската чаршија е заменета со скопскиот хотел каде што се снима шоуто „Нешто конкретно“, Битола  со водителката, а Солун и Стамбол со Спенџарска и Лазаров! Колку да е позабавно, поскокотливо и повозбудливо! На Снеже Велков комплиментите секако и годеа, па така Мими и Маркоски битолската екипа ја пречека... со трчаница во студио! Е, сега што на тоа ќе речат споменатите во стиховите од новата верзија на песната... е сосема друга работа!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze)

Конечно, конкуренцијата е здрава работа, ако споменатите ги сметаме едни за други за такви, а и она што распенаите битолчани го смислиле иако е можеби малку „зајадливо“,  многу повеќе е симпатично отколку навредливо и никако злонамерно! Како звучи нивната „Југо драјв акапела верзија“ насловена: „Ако одам кај Снежето“, проследете од видеото:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Mimi Markovski (@mimi4u16)

Фото: Инстаграм/mimi4u16/velkovsneze]]>

Јелена Спенџарска е како “кротко јагне – од две мајки би да цица“: Едни пропагира, од другите бара! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-spendzarska-e-kako-krotko-jagne-od-dve-majki-bi-da-cica-edni-propagira-od-drugite-bara-foto/ Fri, 21 Jun 2019 07:53:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=93738

Голем број од водителките на нашите телевизии, па и водителката на Канал 5, Јелена Спенџарска, се' почесто се пробуваат во улогата на модни инфлуенсерки.
Разно-разни прехрамбени артикли, козметика, аксесоари, облека... се најчестите нешта кои тие ги рекламираат на своите профили на социјалните мрежи. Која за добар хонорар, која за ситниш, која за по некое парче - гратис! Која како ќе „загризе“!
А долгоногата беровчанка, по се изгледа има „длабок загриз“?! Не, ниту навлегуваме, ниту полемизираме дали воопшто зема и колкав и е хонорарот, ама затоа она што е очигледно, е дека Јела го тера принципот на „кротко јагне“  кое би сакало „од две мајки цица“!
Така, при промоцијата на новата колекција на долна облека и костими за капење на најпознатиот македонски бренд, за кој патем и Спенџарска пред некое време ги рекламираше нивните пижами, водителката „се залепи“ за излогот!
Или поточно за еден од новите модели костими за капење, па го меркаше таканареченото асиметрично бикини, за кое гласно се изјасни дека „си е нејзино“ и точка! И тоа јавно, пред камерите на ТВ магазинот „Бекстејџ“! Арно ама, веќе другиот ден итрата беровчанка, на својот Инстаграм профил постираше нова фотографија со најава за  соработка со нова фирма за истата стока.
Спенџарска тврди дека нивните производи многу ќе ви се допаднат, како впрочем и на неа... Само што нејзе и се допаѓа се' до што може да дојде... Чиј бренд и да е, само нејзин да е!      ]]>

Јелена Спенџарска вака си ја крева самодовербата… пред да се соблече (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-spendzarska-vaka-si-ja-kreva-samodoverbata-pred-da-se-sobleche-foto/ Mon, 17 Jun 2019 07:12:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92987

Пеколот започна. Летото уфрли во 5-та брзина и полека гази на гаста до даска! Спасот од горештините го бара кој како знае и умее... И колку му е буџетот. Па, кој со нозете во леѓен во двор, кој покрај поголема вода... На базен, крај езеро, море, океан... Кој колку може да си дозволи. Или кој(а) колку јак спонзор може да си најде! Нејсе... Се опуштаат и разладуваат сите, па и познатите лица. Особено интересни се јавните фаци. Политичар(к)ите тешко дека ќе ги видите расоблечени, ама затоа оние  од естрадата, телевизијата, како пејачките, водителките, актерките, манекенките... сами ќе се пофалат на социјалните мрежи!
Особено важно е како ќе изгледаш кога ќе се соблечеш... Па макар било тоа за на плажа. Е сега, никој не е совршен, па ни таа. Водителката на Канал 5, Јелена Спенџарска. Само што за вита Јела не важат телесните недостатоци, крупни или ситни, видливи или не!
Таа има начин и метод како да си ја крене самодовербата, пред да се соблече! Целулит или мали гради, стрии или испукани капилари? Сеедно! Важно е да си убедена дека си совршена... Па макар била и несовршено... совршена!
Мотивираната Спенџарска со вака кренат морал и висока самодоверба нема сила што ќе ја натера да не се соблече и да го мине денот крај базенот, како што најчесто знае. Впрочем кај и да е, покрај вода да е!
А откако ќе се соблече, она што се гледа, (не)совршено или не, некому му е доволно привлечно и примамливо... Впрочем, Јелена добро знае дека се' е едноставно кога сакаш и се' е комплицирано кога не знаеш што сакаш. А таа очигледно знае што сака... Она што не знаеме е... Има ли фидбек и од другата страна?    ]]>

За памучни пижами – Спенџарска, за долна облека од тантела и свила – Лила! (ФОТО + ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-pamuchni-pizami-spendzarska-za-dolna-obleka-od-tantela-i-svila-lila-foto-video/ Mon, 10 Dec 2018 08:16:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62131

Веќе пишувавме дека ТВ водителката на Канал 5, Јелена Спенџарска однеодамна стана заштитно лице на еден познат македонски бренд за пижами, ноќници, долна облека, костими за капење, хулахопки… наследувајќи ја пејачката Викторија Лоба која претходно беше нивниот „бренд амбасадор“.
Соработката на водителката и брендот започна со фотосесијата на водителката во пижами, која ја правеше познатиот уметнички фотограф и видеорежисер Дарио Јанковиќ. Арно ама последните секси фотографии и куси видеа што се појавија викендов на социјалните мрежи открија нешто друго.
Имено, ако претходно Лоба  на брендот му беше „девојка за се'“, односно лице за комплетниот асортиман, овој пат тие решија да си ги разграничат работите. По кој критериум - тие најдобро си знаат, па така Спенџарска (о)стана да биде лицето за рекламирање пижами, а долната облека заврши кај Лила Стојановска. Или поточно, таа заврши облечена во нивната долна облека, на новата фотосесија со стариот фото и видеомајстор.
Неколку жешки фотографии и едно-две куси видеа, во кои Лила облечена во еден-две  секси комплетчиња долна облека на брендот, само ја подгреваат и онака жешката атмосфера и тоа тоа по два основа...
Како прво, сите едвај чекаат да го видат комплетниот фото и видео серијал во кој Лила со својот секси изглед ги буди сите сетила ставајќи ја возбудата на максимум...
...А како второ, веројатно газдите и менаџментот на брендот дефинитивнмо одлучиле да ги раздвојат работите: Кој(а) е за во секси боди, килоти и тантела, а кој(а) од двете ТВ дами за во пижами! Се разбира, со сиот должен респект кон обете!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by @lilafilipovska on

Клиентите веројатно со нетрпение ќе чекаат да дознаат, која од нив ќе ги облече чорапите и хулахопките, а која костимите за капење на брендот?  Или за нив ќе има трета, четврта... позната македонска дама од јавниот и естрадниот живот?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dario Jankovic (@dariojankovic) on

]]>

Од Лоба на Спенџарска: Водителката се подготвува да стане „бренд амбасадор“ или пејачка? https://arhiva.vistina.com.mk/od-loba-na-spendzarska-voditelkata-se-podgotvuva-da-stane-brend-ambasador-ili-pejachka/ Thu, 22 Nov 2018 08:30:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=59149

Во последно време како да стана мода македонските јавни, естрадни или ТВ фаци да станат заштитни лица или како што некои од нив милуваат да кажат, „бренд амбасадори“ на некоја домашна марка, фирма, бренд за... се' и сешто!  Или на оние кои ги застапуваат и продаваат кај нас. Од прехрамбени производи, пијалаци, козметика, облека, накит и акцесоари до автомобили... Рекламира кој што стигне и обратно... Му даваат да ги рекламира, кој како стигне... Македонските ТВ водителки како што споменавме, не се исклучок... Од Лила, Марјана Станојковска, Милена Антовска...  па се до најновата комбинација: водителката на утринската на Канал 5 - Јелена Спенџарска и познатиот македонски бренд за пижами, ноќници, долна облека, костими за капење, хулахопки...
Нив до душа последните година-две ги рекламираше македонската поп пејачка Викторија Лоба и тоа може да се каже доста успешно.
Градските билборди, излозите, магазините, интернет порталита, а Бога ми и социјалните мрежи беа преплавени со фотографии од пејачката, облечена во моделите на споменатиот бренд.
Ликот на Лоба ви се смешкаше или ги скокоткаше машките мечти, кога ќе ја видевте пејачката провокативно облечена токму во некое парче долна облека или костим за капење на македонскиот бренд, како сензуално го носи на себе.
Но, големото модно шоу на познатиот бренд насловено „Дијамантска сензација“ наговести, а нивното ново заштитно лице потврдува дека пејачката и брендот очигледно повеќе не соработуваат. Зошто и како - остана во доменот на личните бизнис релации, а брендот решил: Од Лоба на Спенџарска! Од пејачката се префрлија на водителката!
Таа е замената, нејзина алтернација за рекламирање на нивниот асортиман на производи. Соработката ја почнаа со пижами и фотосесија... И тоа музичка, распена, разиграна... пижама парти!
Сакајќи само да се забавува при снимањето или „погледи да мами во пижами“, беровката на привремен престој во метрополата, тргна да ги покажува своите танчарски и вокални квалитети.
На звуците на хармониката, зад која своите свиречки мајстории, покрај оние што ги умее со камерата и фотобјективот, ги покажа уметничкииот фотограф и режисер, Дарио Јанковиќ.
Оние неупатните останаа во дилема: Дали тоа водителката се подготвува да стане заштитно лице или певаљка? Што и да е - нека е... Само да е весело! А и на брендот, да му тргне продажбата!

(ФОТО) Дали е ова момчето што го крие водителката Јелена Спенџарска? https://arhiva.vistina.com.mk/foto-dali-e-ova-momcheto-shto-go-krie-voditelkata-jelena-spendzarska/ Mon, 27 Nov 2017 13:51:04 +0000 http://vistina.mk/?p=4941

Водителката Јелена фотографирана во комплетно идентична атмосфера со ова момче кое на Инстаграм се потпишува како Абди Јасани. Таа на социјалните мрежи сподели серија фотографии од својот одмор во Боровец, но слика како оваа која нашите читатели ја пронашле на Инстаграм не може да се најде.
Можеби биле во истата вила, но во различни периоди, а можеби, токму ова момче е причината што Јелена зрачи од среќа! Коинциденција? Или можеби не?  Впрочем, погледнете, па сами проценете... дали секоја сличност е случајна или... намерно била прикривана?!       Превземено од:Курир.мк