спектакл – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Feb 2024 11:57:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спектакл – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Ова е мојата последна Арена!“:  Драгана Мирковиќ низ солзи го отвори вториот концерт во Белград (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-mojata-posledna-arena-dragana-mirkovik-niz-solzi-go-otvori-vtoriot-kontsert-vo-belgrad-foto/ Mon, 19 Feb 2024 11:57:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339164

Драгана Мирковиќ, по првиот спектакуларен концерт во Арена,  со својата публика во главниот град продолжува да го прославува јубилејот четиридецениско постоење на музичката сцена. Видно емотивна, музичката ѕвезда на почетокот на музичкиот спектакл емотивно и се обрати на својата публика во преполната Старк Арена. - Драги мои, ви благодарам за сета поддршка и сила што ми ја давате во текот на овие 4 децении од мојата кариера. Со вас секогаш се беше полесно и ви благодарам што  го прославувате големиот јубилеј со мене и што сте со мене тука. Овој концерт ќе влезе во историјата кога ќе зборуваме за моите концертни активности, бидејќи тоа секако ќе биде мојот последен концерт во Белградската Арена што ќе го одржам. Со оглед на тоа што рече дека ова е последен концерт што ќе го одржи во Арена, публиката беше свесна дека се сведоци на историски момент.Сите тие се споија во едно, создавајќи уникатна атмосфера која беше тешко да се опише со зборови. Драгана беше подготвена да ја пренесе својата страст и љубов кон музиката директно во срцата на сите присутни. Нејзината музика ќе продолжи да живее и да ги инспирира луѓето ширум светот, а вечерашниот концерт засекогаш ќе остане запаметен како еден од најемотивните моменти во историјата на белградска арена. Фото: printskrin/instagram/dragana_mirkovic]]>

Спектакл во Русиново за крај на „Илинденски Видувања – Вршник 2023“ https://arhiva.vistina.com.mk/spektakl-vo-rusinovo-za-kraj-na-ilindenski-viduvana-vrshnik-2023/ Thu, 03 Aug 2023 11:20:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312562

Спектакл кој ретко може да се опише со зборови. Вака жителите на беровско Русиново го доживеаа синоќешниот концерт на групата Некст Тајм кои по повод возобновениот настан Илинденски Видувања – Вршник 2023 настапија пред многу бројната публика од Малешевијата но и гостите од соседните градови.
Како на ѓердан се нижеа најпознатите македонски хитови кои се составен дел од концертите на на Некст Тајм, а атмосферата кулминираше кога на сцената се појави Благој Механџиски Зегин, човекот кој ги врати Илинденските Видувања на Русинци. Заедно со вокалот на Некст Тајм ја испеаа химната на Малешевијата, ,,Блажена горо зелена”, а потоа и Бисер Балкански.
Вториот ден од настанот започна со пристигање на Илинденската Коњаница, по што започна изложбата на стари оружја од пред Илинденскиот период, како и отворање на штандовите со Малешевска храна под вршник. Сакаме да возобновиме една стара традиција која последен пат ако не се лажам се одржа далечната 2009 година. Домаќинките имаа подготвено разни производи под вршник како зелник, попарник баница, тавче гравче, грав во грне и други производи. Сите тие се продаваа, а средствата ќе се наменат за наши сограѓани, истакна учесничка во настанот. Изложбата на стари оружја карактеристични за револуционерниот период го побуди интересот кај присутните. -Со овие оружја комитите се бореле за ослободување на Македонија. Дел од пушките, револверите, камата и другите оружја потекнуваат од Разловечкото и Кресненското Востание. Целта е да покажеме дека народот од дамнина сакал слобода, борејки се со секое едно оружје кое го имал на располагање, додаде жител на Русиново. На Илинденските Видувања – Вршник 2023 во знак на благодарност до Верица Белчовска, која го изгуби животот во сообраќајна несреќа, а ги донираше своите органи, нејзиното семејство доби благодарница од момчето кое ги прими нејзините органи кој заблагодарувајки се рече дека срцето на Верица продолжува да живее во него. Пред концертот на Некст Тајм, во рамки на дводневниот музички спектакл чиј водител беше познатата македонска ТВ водителка Снеже Велков, а на кој настапија и музичари по потекло од Малешевијата и познати македонски естрадни ѕвезди неизоставен дел беше и големото Малешевско оро одиграно ,,На Мегдане” каде Русинци покажаа дека овој настан уште долги години ќе биде белег на Малешевијата.]]>

Вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ ракометно-естраден спектакл: Македонската репрезентација против селекцијата на ветерани и богата музичка програма https://arhiva.vistina.com.mk/vecherva-vo-sc-boris-trajkovski-rakometno-estraden-spektakl-makedonskata-reprezentacija-protiv-selekcijata-na-veterani-o-bogata-muzichka-programa/ Tue, 03 Jan 2023 06:34:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282518

Сите билети за ревијалниот натпревар меѓу македонската ракометна репрезентација и селекцијата на ветерани се распродадени. – Билетите за хуманитарниот ракометно-музички настан се распродадени. ВИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА ХУМАНОСТА!! Се гледаме! – објави Ракометната федерација на Македонија. Овој несекојдневен спортски спектакл, има за цел да им оддаде почит на сите ракометари и ракометни работници кои оставиле свој личен придонес во колективниот учинок на ракометот како најпопуларен македонски спорт. Актуелниот национален состав за претстојното Светско првенство во ракомет, кое ќе се одвива од 11 до 29 јануари 2023 во Полска/Шведска – ќе биде противничкиот табор на ветераните. Покрај квалитетен ракомет, за време на настанот се предвидува и квалитетна забавна програма модерирана од Сашко Коцев, во која учество потврдија македонските уметници: Дац и Александар, Кики, Некст тајм и Меморија. Сите приходи од настанот „Сите ѕвезди“ ќе бидат донирани за СОС Детско село. Спортско музичкото шоу ќе почне вечер во 19 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.]]>

ФК „Вардар“ славеше 75, навивачката група 35 години постоење: „Некст Тајм“ го „запалија“ стадионот со песна, „Комитите“ со пиротехничко шоу (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fk-vardar-slaveshe-75-navivachkata-grupa-35-godini-postoenje-nekst-tajm-go-zapalija-stadionot-so-pesna-komitite-so-pirotehnichko-shou-video/ Thu, 24 Nov 2022 07:53:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277180

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб „Вардар“ одигра пријателски натпревар по повод 75. роденден и славеше над „Железничар“ од Сараево (2-0), исто така еден од најтрофејните клубови од Босна и Херцеговина. На овој дуел јубилеј славше и навивачката група „Комити“ - 35 години од своето постоење. На Арената „Тодор Проески“ во Скопје владееше вистинска славеничка атмосфера, пред нешто околу 15.000 љубители на фудбалот. Трибините пулсираа во име на „црвено-црните“, а се приреди и пиротехничко шоу во знак на јубилеите. Што се однесува до натпреварот, Вардар постигна по еден гол во двете полувремиња. Реализатори во победата беа Филип Јаневски и Ерен Парталко. Сите играчи кои беа во записникот, добија шанса. За Вардар настапија: Гачевски, Ристески, Глишиќ, Вецески, Мишковски, Мицевски, Јусуфи, Јаневски, Маркоски, Христов и Попзлатанов кои беа во стартниот состав, а од клупата влегоа Целески, Јовчев, Стоилевски, Дошев, Папули, Величковски, Николовски, Парталко, Велковски, Николов, Блажевски и Цветков. Покрај натпреварот најинтересен беше забавно-музичкиот роденденски дел во кој братското дуо „Некст Тајм“ имаше свој настап. Во свој стил, во духот на македонската патриотска традиција Мартин и Стефан со својата изведба н нивните познати изворни обаботки буквало го „запалија“ стадионот со песна, а „Комитите“ со своето пиротехничко шоу! „Ја излези Ѓурѓо, ја излези сестро, да ги и видиш комитите...“ - ечеше од грлата на петнаесетилјадната публика верни навивачи на „Вардар“ кои пееја во еден глас заедно со „музичките близнаци“ и сите заедно го увелеичаа спектаклот за двојно славје - 75 роденден на клубот и 35-иот на неговата верна навивачка група. Како изгледаше и звучеше  атмосферата во славеничкиот дел од спекталот на арената „Тоше Проески“, проследете во продолжение:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Next Time (@nexttimeband)

Извор: Гол.мк Видео и Фото: gol.mk/nexttimeband Инстаграм принтскин]]>

Концерт за историја: „Меморија“ го сплоти народот со песна и покажа дека Македонија е жива, горда и вечна! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-za-istorija-memorija-go-sploti-narodot-so-pesna-i-pokaza-deka-makedonija-e-ziva-gorda-i-vechna-foto-video/ Sun, 12 Jun 2022 10:48:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253829

„Меморија“ вчеравечер, сабота 11 јуни 20220 година ја „урна“ А1 арената „Борис Трајковски“. И покрај сите неприлики и малери кои му претходеа на долго најавуваниот концерт, групата на македонската публика и го приреди досега најголемиот концертен спектакл во последниве години, ако не и воошто, што една македонска група го направила. Исполнета до максимум, салата беше претворена во концертна арена со сите нишани. Досега неслушнат звук доведен до работ на совршенство визави лошиот глас што ја бие акустиката на салата, како да настапува светски познат бенд, а не македонска група. Визуелните и светлосните ефекти во комплетна функција на она што се случуваше на сцената, атмосферата максимално загреана уште во самиот старт со настапот на младите музичари од бендот „2ВЕ“ кои беа достојна предгрупа на големата „Меморија“. Со првите звуци на сајзерите и гитарските тонови веднаш се почувствува набојот на позитивна вибрации кој публиката беше подготвена да го создаде заедно со бендот. Култната „Македонија“ за старт на концертот кој беше многу повеќе од само обична рок ен рол журка. Како што се редеа песните од првата фаза, од почетоците на постоењето на бендот, така навираа емоциите вткаени во стиховите кои со текот на годините стануваат се посуштински, поважни, побитни... Некои од нив дури и историски! Бендот усвирен до бескрај, звучи како уиграна машина која полека го достигнува својот зенит со секоја нова песна , секој нов рефрен, доведувајќи ја атмосферата до точка на вриење... Поце пее како во најдобрите денови, суверено владејќи и со сцената и со публиката која  возвраќа со невиден фидебек на искрени емоции, страст, енергија... Невидено чувство на сплотеност на оние на сцената и публиката која во еден глас ги пее од збор до збор сите песни, танцува во ритамот, ги повторува познатите хит рефрени заедно со Поце... Само народот во еден глас и вокалот на пејачот... Величенствено чувство на исполнетост, задоволство, мерак  за душата, кој како никогаш досега се чувствуваше со секој отсвирен тон и секој испен стих... Некаде на половина концертот влегува во „мирни води“, во баладична фаза во која се редат познатите сентиш теми со епски стихови... „Зошто Боже“, „Возови“, и химната на сите генерации - „Оган под ѕвездите“. Ѕвезденото небо од мобилните се претопува со она од светлосните ефекти, а додека целата сала пее во еден глас: „Не барајте вино испиено е...“ навираат морници по телото, спомени во мислите и неподнослива убавина во душата што се радува од глетката... Македонски знамиња во публика, македонско знаме на сцената... „Меморија“ како никој досега успева да го сплоти народот со песна и да покаже дека Македонија е и тоа како жива... и вечна! Следува видео реквием, со еден отсвирен рефрен во живо на култнaта „Јесен у мени“ за крај на мирната фаза на концертот, како потесетување и почит на скопјанецот и голем Македонец, но уште поголем естраден уметник и пејач, скоро починатиот Аки Рахимовски. Новата кулминација доаѓа со најавата на специјалните гости. Стефан и Мартин  од „Некст Тајм“ засилени со Николче Мицевски и свирката на членовите на „Меморија“. „Патриотскиот набој“ го мултициплираат со уште една фантастична изведба на „Ја излези Ѓурѓо“, која во еден глас излегува од илјадниците грла. Уште една братска двојка, Енко и Сецко од „Ласт Експедишен“ ја продолжуваат низата држејќи го концертниот набој на најсилно. „Шефе“ звучи „убиствено добро“, моќно како испукан музички проектил! Најавениот пејач на „Конкорд“ Сеад Јакупи за жал беше спречен да дојде заради корона, но македонскат гитарска легенда Венко Серафимов, заедно со „Меморија“ и Поце ја отпрашија „Високи штикли...“ како во најдобрите денови, кога „Конкорд“ беа најславни! Венко остана и со Славчо од „Морал“ во кој некогаш свиреа и сегашниот тапанар и гитарист на „Меморија“ - Мичо и Цале, па сите заедно засилени со Ристо Самарџиев во чест на починатиот Влатко Илиевски ја отсвиреа „Кога патувам“, водејќи ја публиката низ годините наназад и спомените на младиот прерано заминат пејач. Ристо останува на сцената да пее во последната третина од концертот на кој се редат хитовите од таа фаза. Матурата кулминира со „Снежо, Снежана“, со која „Меморија“ покажува како се матурира со чиста петка во рок ен рол гимназија. И не само матура, туку и лектира... За минатите, сегашните и за идните генерации на некои нови клинци кои ќе имаат и на што да се потсетат и од кого да учат, и со што да се гордеат... Едноставно, ќе имаат своја, наша македонска музичка историја која бендот таа вечер покажа како се создава! По „Моите слики“, Самарџиев останува сам на сцената со акустична гитара в раце за да ја отсвири и отпее неговата „Таму кај што си“, а додека публиката пее со него сцената се подговува за големото „гранд финале“. Со најавените први звуци на тапанот и појавата на блех оркестарот на Аце и „Весела дружина“ одекнуваат и првите ноти на „Дирлада“... И салата „експлодира“, А1 арената „се урива“ од атомски набој на енергија, преточена во музика. Гласни грла, високо кренати раце, еуфорија за историја... Сплотеност каква ретко кога се гледа... Можеби само при големите спортски победи на репрезентацијата, но овде нацијата ја замени репрезентацијата, а спортистите ги заменија музичарите на сцената. Сите заедно, за неподносливо чувство на радост, среќа, насмевки, прегратки, емоции... Како некогаш, во најдобрите денови. Светлата се гасат, но публиката бара уште... Бисот неминовен,  овој пат и двајцата вокали на „Меморија“ заедно на сцената и  реприза на трите историски хита: „Македонија“, „Оган под ѕвездите“ и „Дирлада“... И одново лудница... Онакава каква што ни најголемите  светски бендови кога доаѓале, не направиле. Ама, радоста е голема до небо, зашто ова што тааа вечер го слушнавме и видовме  - е наше! „Made in Macedinia“... како што оддамна не била,  полна со „оган под ѕвездите“. Македонија онаква каква што заслужува... Горда, среќна и вечна! Фото:  by Чапља и приватна архива]]>

Џенифер Лопез ги шокираше гостите откако изведе мини стриптиз на детски роденден (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dzenifer-lopez-gi-shokirashe-gostite-otkako-izvede-mini-striptiz-na-detski-rodenden-foto/ Mon, 27 Apr 2020 09:33:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=146692

Латино дивата Џенифер Лопез има 50 години, но нејзините помлади колешки и останатите жени и завидуваат на нејзиниот изглед. Лопез редовно оди во теретана, особено откако е во врска со свршеникот Алекс Родригез, пензиониран бејзбол играч, со кого започна  уште повеќе да се грижи за соодветната исхрана и редовно да тренира. Свесна за својот изглед, пејачката неретко сака да го покаже своето тело, но прославата на 12-тиот роденден на ќерката на Алекс од првиот брак, Ема, не беше баш згодна прилика, особено не и додека нејзината мајка беше меѓу гостите. Поточно, во еден момент  на Џеј Ло и станало многу жешко, па решила да ја соблече својата бела ролка и да остане само во проѕирен беж градник од тантела. Потоа, таа малку почна и да си го поднаместува, со што приреди вистински мини стриптиз спектакл, „празник за очи“ за собраните гости на детскиот роденден.  ]]>

Сексапилната водителка во чест на победите на Русија веќе се соблече гола, а ако Русите ја елиминираат Хрватска, најави спектакл (ФОТО 18+) https://arhiva.vistina.com.mk/seksapilnata-voditelka-vo-chest-na-pobedite-na-rusija-vekje-se-sobleche-gola-a-ako-rusite-ja-eliminiraat-hrvatska-najavi-spektakl-foto-18/ Tue, 03 Jul 2018 08:47:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35785

Атрактивната руска водителка и топ модел  Марија Лиман го искористи Мундијалот за сопствена промоција.
Сексапилната убавица блесна во полн сјај на Светското првенство и се соблече гола после победата на Русија над Саудиска Арабија од 5:0...
...Па дури и го испиша резултатот на своето цврсто подигнато, обло газе.
Пред натпреварот со Шпанија исто така најави победа на својот тим и види чудо, „Зборнаја“ ја елиминираше „Црвената фурија“!
Бидејќи нејзините прогнози се покажаа како точни, руските медиуми пренесуваат дека Марија најавува „спектакл“ доколу Русија успее да ја елиминира и Хрватска во четвртфиналето.
За каков спектакл се работи - не потенцираа, ама по соблекувањето гола, единственото што и преостанува е... секс пред камери?]]>

Ова се чекаше „100 години“ – Дара Бубамара и Карлеуша направија невидено шоу! (фото + видео) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-chekashe-100-godini-dara-bubamara-i-karleusha-napravija-nevideno-shou-foto-video/ Sun, 22 Apr 2018 10:11:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=22444

Вчеравечер Дара Бубамара направи вистински шоу во „Штарк Арена“, а нејзин специјален гост беше и поп дивата Дара Бубамара, која направи вистински хаос. Таа заедно со Дара ја отпејаа песната  „Галама“, а потоа Јелена  ја отпеа песната „Оставаљам те“, која е дует со Аца Лукас.
Карлеуша ја воодуешеви публиката со своето жолто здолниште и несекојдневна фризура. А Дара Бубамара за овој концерт многу се подготвуаше, а публиката може да види светско шоу.
фото: Никола Томиќ извор: свет]]>