спасе-рола – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Dec 2023 10:40:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спасе-рола – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Баш ме брига“: Лила покажа како би изгледало кога би била Антониа Гиговска (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bash-me-briga-lila-pokazha-kako-bi-izgledalo-koga-bi-bila-antonia-gigovska-video/ Wed, 13 Dec 2023 08:35:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330852

Како што е евидентно дека Антониа Гиговска по породувањето дефинитивно се врати на естрадната сцена и тргна да ја освојува и онаа, регионалната, евидентна е и нејзината дружба во последно време со најдобрата македонска ТВ водителка Лила Филиповска и нејзиниот колега и личен асистент, презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, Спасе  „Рола до бола“ Јовановски! Откога, зошто и како - не навлегуваме. Можеби  истиот стилист ги спои пред Антониа да замине на снимање на видеото за „Брига ме“! Откако прогнозите на прогнозерот се остварија дека Антониа ќе има хит, не помина долго време до новата групна средба на трите познати фаци. И тоа повторна на слична локација, но не и кај истиот лик. Ово ја пат Лила и Антониа со иста цел - заминаа на надградба. Не телесна, туку онаа на косата, за да стават екстензии и добијат нови физиономии на своите фризури. Откако познатиот „фризерај маестро“ Давитков им ги намонтира, двете русокоси пред да си заминат, решија да направат дует. Или поточно Лила реши на кратко да се престори во Антониа и да покаже како би изгледало кога таа би била на местото на младата пејачка. Не дека водителката нема пејачко искуство, напротив, многу пред Гиговска има снимено неколку песни и спотови во деведесеттите и нешто малку подоцна, ама ова е нешто друго. Што би рекол поетот: „Што би дал да си на мое место...?“ Па откако Антониа си го запеа својот најнов хит „Брига ме“, Лила по принципот „баш ме брига, еве ме и мене“ и се придружи на младата пејачка. Дуетот од соништата веднаш профункционира. Можеби не комплетно вокално, ама затоа визуелно изгледа максимално атрактивно! Две рускоси со надградени коси, коктел од искуство и младост, споени во една убавина, како „подарок за очи“ пред Нова Година. До душа дуетот можеше да заврши и како „дуо-трио“, ама Спасе - Рола сепак реши да не се појави и навреме „се одјави“ за да не ја расипе сликата... За видеото да не добие друга димензија, зашто нему не му вградија екстензија!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Фото и видео: Инстаграм/lilafilipovska]]>

Јутјубери со свој подкаст се множат ко’ зајчиња, па Спасе – Рола едвај се воздржа да не ги отера у мај*ина, ама затоа јавно ги укори: „Баце, ќе дојдеш ли кај мене… нешто да се збори“? https://arhiva.vistina.com.mk/jutjuberi-so-svoj-podkast-se-mnozhat-ko-zajchina-pa-spase-rola-edvaj-se-vozdrzha-da-ne-gi-otera-u-maj-ina-ama-zatoa-javno-gi-ukori-batse-ke-dojdesh-li-kaj-mene-neshto-da-se-zbori/ Thu, 07 Dec 2023 10:36:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330302

Јутјубер... Како инфлуенсер, тиктокер  или старлета... Професија од новото време! Вирална видео зараза која и кај нас почна да се шири со брзина на светлината. Кај повеќето заради гола популарност, колку да излезат од анонимноста, кај многу малку од нив и нешто да се заработи, кај еден-двајца, и да се живее од неа. Најмногу од правењето подкаст. Или што би рекле „џамче муабет“, зашто според многумина подкастот на Јутјуб е всушност ток шоу за сиромашни... Ток шоу од „Али експрес“  кога веќе „подкастџијата“ нема можност за вистинско ТВ шоу, со сите тертипи на некоја, по можност национална ТВ фреквенција. Но нејсе,  подкастите се далеку од непотребни или непожелни, напротив... Теба да ги има  зашто знаат да бидат многу гледани, арно ама... Проблемот е во извртените вредности или што би рекле, што повеќе во нив „се кинат зелени“ тоа подкастите се погледани!  Секако, со должна почит кон еден -  два исклучоци... Колку да го потврдат правилото! Токму на ова јавно реагираше познатиот презентер на временската прогноза на ТВ Сител Спасе - Рола Јовановски, кој откако македонските јутјубери со свој подкаст почнаа да се множат како зајчиња, се воздржа да не ги отера у мај*ина, ама затоа јавно ги укори. Имено, теркот: „Баце, ќе дојдеш ли кај мене... нешто да се збори“ толку многу го измести од место, го извади од папучи,  па Рола одлучи да им го плесне в лице за да не  прават подкасти со „лупање глупости“!  За крај,  Рола реши да им прецирира на намножените „подкастџии“ во што е поентата кога веќе седнале да прават рекла - казала муабети. Суштината е во содржината! Фото: Фејсбук и Инстаграм/Rolla Do Bolla  ]]>

Презентерот на временската прогноза на ТВ Сител се пофали дека е најдобриот на сите времиња, ама брзо го „приземјиа“: Кој му го „спушти“ на Спасе – Рола… „до бола“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-tv-sitel-e-pofali-deka-e-najdobriot-na-site-vreminja-ama-go-prizemjia-koj-mu-go-spushti-na-spase-rola-do-bola-foto/ Sat, 14 Jan 2023 08:32:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145492

Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар... Да, порано бил и тоа естраден, во некогашниот магазин „Македонски свет“. Денес, Спасе Јовановски е познат како еден од презентерите на временската прогноза на ТВ Сител. Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска, момчето кое многу често и дома и на патувањата ја придружува, и и' придржува - од чантата, до наметката или чадорот, и прави друштво, и помага, и служи како рамо за плачење или потпирање... Некои безобразно тоа го нарекуваат „потрчко“ или на македонски: момок, измеќар и слично, иако блиските нему и на водителката тврдат дека Спасе со уметнички прекар „Рола до бола“ и Лила се само најдобри другари. Нејсе, кој во што сака може да верува, ама Спасе -„Рола“ е вистински шмеќер на ТВ екранот. Така барем самиот си се пофали на социјалните мрежи, споделувајќи колаж фотографии од пред екранот каде ја презентира временската прогноза и кажува какво било денес и какво ќе биде времето утре и во наредните денови. Арно ама, Спасе како да заборавил дека ниту Сител не е единствена телевизија, ниту пак тој е единствениот презентер на времето што се појавил на неа. Покрај него сега тука се уште и неговите колеги Анкица Јосифовска - Ангелковска и Љубиша Ристески, но нив Спасе по се изгледа и не ги есапи за сериозна конкуренција, па се самопрогласи за „најшмеќер“ на сите времиња. Сепак, дека и пред самопрогласениот „папа имало папа“, го потсетија некои од неговите пријател(к)и на Фејсбук. Имено, во еден од коментарите на неговото „самобендисано крунисување“, се најде некој што на „шмеќарот му го спушти“ или поточно, „го спушти на земја“. Една фотографија од легендарниот „дедо Трајко“ односно  (без)временскиот, за жал сега веќе покоен презентер Трајче Андонов, го замолкна најмладиот меѓу актуелните на ТВ Сител. Покрај истата беше напишано: „Грешка си Спасе“, што беше доволно пријателката да му го... „спушти“ на Спасе - Рола... онака елегантно - „до бола“!    ]]>

Антониа Гиговска пати од несоница, Спасе – Рола тргна да и го реши проблемот, па и презентерот на временската прогноза на „Сител“ заврши буден! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/antonia-gigovska-pati-od-nesonica-spase-rola-trgna-da-i-go-reshi-problemot-pa-i-prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-sitel-zavrshi-buden-video/ Wed, 26 Oct 2022 07:24:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272820

Антониа Гиговска последниве недели е во фокусот на вниманието на јавноста и тоа не заради песните и музиката, туку заради сето она што и се случува на приватен план. А кога температурата се крева околу тебе и тебе ти станува жешко, па пејачката за да не „прокува“, реши лефтерно да се облече како да сме среде јули или август, а не на прагот на ноември. „Инаку секогаш го грешам времето, така што лето ми е денес... Барем така се чувствувам“ - споделила Гиговска додека се возела во својот автомобил, слушајќи една позната песна од српската турбо естрада во чии стихови и нашата пејачка веројатно се пронашла себе си и моменталната состојаба заради која тема број еден и во чаршијата и во естрадните кругови и во медиумите: „Што уште треба да се случи“? И се случи... Времето е рака на срце, прилично сончево и топло за доцна есен, ама на Антониа веројатно и било повеќе од „жешко“ и заради сите споменати нешта. Несоница, инсомнија, што ли да е, ама пејачката никако да заспие, па јавно се пожали: „Не иде сон, еј...“! Арно ама како речиси за се' има лек така и за „оваа нејзина болка“  лекот го имаше оној кој нема проблем со времето, зашто тој е тој што го предвидува или поточно прогнозира и презентира. Спасе - Рола Јовановски, презентерот на временската прогноза на „Сител“, познат уште и како близок пријател на Лила Филиповска, а отсега галиба и на Антониа Гиговска. Токму тој беше човекот што тргна на пејачката да и го реши проблемот, па „временскиот понуди временско решение“ како да ја фати сон: Со пуштање на музика со звуците на дождот! Не Сара Мејс со „Врне, врне“, туку со саунд од вистински капки дожд наместо приспивна песна, обидувајќи се да и „открие нови хоризонти на пејачката“! Арно ама, како секој лек на секого не делува и секоја магија секого не фаќа, така и оваа на Спасе -Рола, наместо да ја заспијат уште повеќе ја расонија Антониа! Дали после крахот на љубовта и долгата врска, „грижата на совест“ и толкава што сон не ја фаќа, или едноставно зарадаи природата на работата се навлече на тоа да биде „ноќна птица“, знае само таа самата. Ама затоа „откривачот на нови хоризонти“ не знаеше дека наместо да и го реши проблемот на пејачката и тој ќе стане дел од него. Па наместо во пижами и презентерот на временската на “Сител“ влета во панталони и јакна и појде на ноќно возење да и прави друштво на Антониа во ноќната обиколка на градот ... Правдајќи се со зборовите: „Ме собра од спиење, џумбус да париме“! Така ти е тоа обично кога сакаш да делиш совети за несоница и да се правиш умен, наместо во мирен и спокоен сон и ти ќе завршиш буден... И тоа со Антониа до сабајле и ти како дел од нејзиното гајле! ]]>

Лила и нејзиното мало одбрано друштво во провод и забава: Од познат локал на „домашен секси ТикТок бал“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-i-nejzinoto-malo-odbrano-drushtvo-vo-provod-i-zabava-od-poznat-lokal-na-domashen-seksi-tiktok-bal-video/ Tue, 01 Mar 2022 08:13:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241040

Што ти е животот... Некаде таму беснее војна, некаде како ништо да не се случува. Животот тече понатаму, луѓето го живеат во својата секојдневна матрица, иако последиците, помалку или повеќе страшни, тешки, големи, безбедносни, економски, енергетски ... сите ќе ги почувствуваат, па и ние. И бидејќи никој не знае што носи утрешниот ден, малата одбрана екипа познати македонски јавни фаци решила да живее како секој ден да им е, скраја да е - последен! „Удри ја грижата на веселба“ - што би рекла една стара комшиска поговорка, па затоа Лила Филиповска, нејзиниот верен компањон од Временската проноза на ТВ Сител, Спасе - „Рола“ и колегата и близок пријател, Зоки - „Фаци“ решија да ја игнорираат стварноста, па истата да си ја претворат во „забавна виртуелна реалност“. Малото одбрано познато друштво и кога нема баш забава, знае како самото да си ја направи. Или што би рекле, најпрвин  себе си, а подоцна преку социјалните мрежи и на другите, да им покаже дека: „Не се толку несериозни, животот да го сфаќаат сериозно“!   Затоа „триото фантастико“ стана квартет, откако заминаа на по една - кој кафе, кој чајче, кој - што, во локалот кај уште една ѕвезда, познатиот пејач Адријан Гаџа во неговото „Ча - Ча“... Или што би рекол „вонвременскиот“ презентер на временската: „Се собраа ѕвездите“! Муабети, коментари, мислења, критики, полемики ... и времето летна! Затоа познатата тројка реши да продолжи од локал на „домашен ТикТок бал“! Станот на водителката иделно место за без комплекси да е покаже кој е од секси - посекси! Мал танцувачки ТикТок перформанс, во кој Лила е инструкторот чии инструкции не смеете да ги игнорирате и занемарите, а Спасе  - „Рола“ и Зоки - „Фаци“ се „секси танчарите“! Соодветно костимирани, облечени и собуени по чорапи... Домаќинката во изборот меѓу тоа да чисти и всисува или да луфтира по шоуто, се решила на она второто! И додека водителката гласно ги повикува да бидат секси, „познатите денсери“ без комплекси ги споделуваат своите танцувачки вештини и движења. До душа, кој анти, кој ептен талентиран за танцување, ама не е важно... Важно да си „секси“! Лила овој пат не видовме колку „секси ѓуска“, ама затоа Рола и Фаци - се ептен секси... Небаре се професионалци! Иако на видеото „најсекси“ е оној што испружен на ќилимот „кулира и ги посматра“ овие двајца од пристојна дистанца. Погледнете го „секси танцот на ѕвездите“ на нивниот мал, домашен „ТикТок денсинг бал“:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Zoran Vasilevski FACI (@zokifaci)

Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska/zokifaci]]>

Лила „рола“ на кабел… пардон, на глисер по Егејот со познат македонски бизнисмен (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-rola-na-kabel-pardon-na-gliser-po-egejot-so-poznat-makedonski-biznismen-foto/ Fri, 23 Jul 2021 08:17:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=212247

Лила Филиповска максимално го користи летото за одмор, релаксација, сончање, пливање, уживање... од секаков вид! Малку во Охрид, малку во Грција, најпознатата македонска ТВ водителка не пропушта да го надополни сето она што коронапандемијата и неа и на сите нам ни го одзема, повеќе од една година. Објавите на социјалните мрежи на кои Лила „кисне“, зашто впрочем тие и се полигон или поточно алатка за екстра заработка, покажуваат дека водителката не оскудева од ништо, што може да си го приушти сама или да биде почестена како дама, од некој кавалер. Од прошетките по Солун кој за жал „не е наш“, ама затоа Лила е, преку долгите сончања и опуштени уживања на грчките песочни плажи, до крстарењето со глисер по Егејот. Стилски дотерана и тип-топ средена од глава до петици, од брендирани костими за капење до најситни дребулии и аксесоари, Лила пали и жари во секој поглед и прилика.  Како што гласи името на познатиот моден бренд „Victoria secret“, чии производи и водителката патем практикува, така и Лила има свои тајни, кои на моменти стануваат и јавни. Така, официјално за Грција на море водителката замина со Спасе - Рола, нејзиниот постојан придружник, помошник и колега од ТВ Сител, познат како презентер на временската прогноза. Но, она што Лила го сподели како моменти на морско задоволство и уживање, покажува и нешто друго. Дека водителката на „Се' или нешто“, е во нешто поинакво друштво. Лила „рола“ на кабел... пардон, на глисер по Егејот во друштво на познатиот македонски бизнисмен, штипјанецот Роберт Димитров, сопственик на најголемата македонска кабловска ТВ мрежа „Телекабел“, човек за кој се зборува дека има свои бизниси и во Грција, како и тоа дека е ко-сопстевник на една позната дискотека на Халкидики. Средбата случајна или договорена - тоа е веќе лична работа на двете јавни личности. Она што е евидентно се забавата, ќефот и уживањето, пуштени на „најсилно“... Барем кога е дневната шема во прашање. А штом сонцето зајде зад хоризонтот на морската егејска шир, е тогаш животот се живее „во поинаков манир“... Како? Прашајте ја Лила!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Само, додека водителката ја врши својата летна детоксикација на умот и телото и телефонскиот именик, внимавајте со прашањето да не влетате во “незгодно клише'„ , па и вас од контакт листата... да ве избрише! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska]]>

Водителката на зимски викенд, со стариот „френд“: И Спасе – „Рола“ научи како да ја извади Лила од папучи! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelkata-na-zimski-vikend-so-stariot-frend-i-spase-rola-nauchi-kako-da-ja-izvadi-lila-od-papuchi-foto/ Tue, 02 Feb 2021 08:38:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187719

Лила Филиповска реши да си даде малку оддишка од работата, па се упати на кус излет надвор од Скопје. Иако заради коронапандемијата сега тоа не може да го прави често, таа искористи неколку слободни дена кога не снима „Се' или нешто“, па се спакува и со својот френд-асистент и колега, презентерот на временската прогноза на Сител, Спасе - „Рола“ седна во кола и правец - Маврово! На планина ем воздухот е почист, ем има снег, ем уживањето изолиран од градската врева и светот, велат го подига имунитетот. Изборот на локацијата - врвен. Новиот дом дрвен, апартманот совршен, а домаќините навистина се потрудиле да ги дочекаат познатите гости на високо ниво. Откако сителовиот „меторолог“ влезе,  „првата дама на банкараот“ како вистинска добра „домаќинка“ најпрвин го прошета да го разгледа апартманот, па му ја покажа неговата и својата спална соба, зашто Лила и Спасе иако се многу блиски, сепак се само пријатели. А бидејќи креветите во спалните се споени, Лила и Спасе спијат одвоени, секој во своја спална. Погледот од терасата кон Мавровското езеро - за милион долари, а за да не биде дека гладот ќе ја расипе убавината, се погрижи презентерот. Извади се' што понеле со себе од фрижидерот, па набрзина како во „Брза кујна“ подготви брза пита за својата викенд газдарица, која овде решила да не готви, туку само да ужива во прекрасната мавровска белина. И додека питата се печеше во рерната, Спасе кришум излезе надвор, па додека Лила сурфаше на Интернет на својот мобилен, Рола реши да и приреди нешто што „ќе го памети“. Или поточно, реши да ја распамети, иако ниту нему не му е прв пат да и го направи ова, ниту неа да и приредат „стрес тест“ за паѓање „у несвест“! Претходно во неколку наврати  Лила веќе ја шокираа Сергеј Варошлија и Боки 13-ка во „златните времиња“ од нивната дружба, а сега и верниот „френд“ научи како „да ја извади Лила од од папучи!“ https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/tie-profesionalno-ja-raspametija-lila-preku-den-a-taa-go-raspameti-vecherta-privatno-samo-ne-kaza-kogo-foto-video/ Спасе тивко пријде до отворениот прозорец и гласно и викна: „Што правиш ти тука“? А, Лила онака задлабочена во мобилниот телефон, уплашено „срипа до плафон“!  Нормално, потоа следуваше вообичаеното прашање: „Дали си ти нормален?“ А откако заврши ручекот, Спасе наместо мирно да си легне и опуштено да дремне и кулира, мораше заедно со Лила, наоколу да циркулира... Како „казна“ за стореното „злосторство“ врз пријателката! На неволна прошетка по снегот низ околината, ем за да му спадне храната, ем за друг пат да му дојде умот, никогаш повеќе, ни случајно, ниту по грешка, да не помисли да ја плаши својата повозрасна колешка! А колку на Спасе „Рола“ му се шеташе со полн стомак по снегот, кажува изразот на лицето на презентерот!  ]]>

Презентерот на временска прогноза на „Сител“ „ги подбра“ инфлуенсерките, а индиректно и колешката на која и е и „личен асистент“: Кој го „исфрустрира до бола“ Спасе – Рола? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenska-prognoza-na-sitel-gi-podbra-influenserite-a-indirektno-i-koleshkata-na-koja-i-e-i-lichen-asistent-koj-go-isfrustrira-do-bola-spase-rola-foto/ Thu, 01 Oct 2020 07:31:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169308

Светот се повеќе почна да живее виртуелно. Социјалните мрежи оддамна станаа „главно корзо“ за средби со познати  и непознати пријатели, место за размена на се' и сешто, па на нив по цел ден освен што „киснат“ обичните смртници, свое поле за делување и заработка си најдоа и разни старо-новокомпонирани професии. Нетот врие од разни инфлуенсерки, блогерки, фитнес тренери, мотивациони говорници,модели, нутриционисти, лажни патриоти, пучисти, пацифисти... Што ти нема и што не ќе видиш. Доволно е само да се „закачиш“ и... светот е твој. Чат - пат реалниот, многу повеќе оној виртуелниот, на „шарени лажги со опашки“! Спасе Јовановски многумина од вас го знаат од ТВ екраните. За оние, помалку упатените, момчето е еден од презентерите на временската прогноза на ТВ „Сител“. Го наследи „дедо Трајко“ на функцијата појаснувач на тоа каква била денес, а каква ќе биде утре и во наредните неколку дена, временската состојба во Европа, регионот и кај нас. Спасе во телевизиско-естрадните кругови  инаку е познат уште по две нешта: прекарот и втората функција. Имено, Спасе уште го знаат и како Спасе -„Рола“, или „Рола до бола“, прекар кој  веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи, поточно на својот Фејсбук профил. Од друга страна, покрај презентирањето на времето, „Рола - Weatherman“ е познат и како ПР администратор на официјалната страница на Лила Филиповска, за чиј близок пријател и важи, а неофицијално важи и за нејзин „личен асистент“! На Спасе -„Рола“ очигледно погоре споменатите „структури“ на социјалните мрежи му дошле преку глава, па реши да распали од сите оружја по нив. И тоа со нивното оружје - разорен статус на својот Фејсбук профил, во кој „Рола“  дебело „ги заплеска“, како што вели,  самопрогласените фул-тајм инфлуенсерки, блогерки, фитнес тренери, мотивациони говорници,модели, нутриционисти... : „Ми се иде да упишам забрзан курс по информатика отсек ХАКИРАЊЕ! Па фино лепо, еден убав ден да седнам и тоа профилите на сите САМОПРОГЛАСЕНИ ФУЛ ТАЈМ инфлуенсерки, блогерки, фитнес тренери, мотивациони говорници,модели, нутриционисти... Се тоа да почистам ко "V for Vendetta". Па здосадивте веќе и БОГУ И НАРОДУ со тоа како сте сите совршени, како јадете само бифтеци, морски чуда, мачкате крем од свежа сирена, на леб печен на Египетско сонце, се полевате со шампањи, продавате муда за бубрези и сето тоа на оваа педа земја, на овој напатен народ, кој мисли дека ете така ФЕЈКЕРСКИ треба да се оди кроз животот. А пустите тие, кои вие ги викате ФАНОВИ не знаат дека немате сигурен кров над глава, возите кола на лизинг, до гуша сте со кредити, МОЛИТЕ за да јадете на компензација по ресторани, затоа што за тие специјалитети немате доволно финансии. Купувате фејк гардероба во која пресмешно изгледате... Без срам, купувате фоловерси, лајкови... ПА ВЕ ЛАЈКААТ КИНЕЗИ И ИНДИЈЦИ. Абе, ви кажал некој дека сте повеќе од провидни? Не научивте да живеете за себе а не за другите! Па бидете барем еднаш во тој вашиот пуст ФЕЈКЕРСКИ ЖИВОТ реални! Вашиот живот драги мои мизерни за жал не е инстаграм! Вашиот живот кој што го пласирате е инстаСРАМ! А се' што е инстант, низ историјата се покажа како и каде завршува. ПС: Ако некој се пронајде во статусот, одма да ми пише пошо многу се засеЌирав“ -  завршува со „рафалната стрелба“ со зборови, Спасе - „Рола“. И  не дека не е во право. Само има еден проблем... А можеби се - два?! Како прво, кој е мотивот, што толку го изнервира, за  вака жестоко да изреагира? Дали на Спасе му пречи „конкуренцијата“  на неговата „пријателка“ на која „лично и асистира“, па онлајн бизнисот не оди како што одеше, зашто другите „лапаат“ баеги големо парче од „инфлуенсерскиот колач“,  па од „се' или нешто“  за рекламирање на Инстаграм,  останува само по нешто? Или можеби на „временскиот“ презентер му здодеа улогата „момaк на стенбај“, па Спасе - „Рола“ „исфрустриран до бола“, реши директно да распали по се' живо, а индиректно и по  неговата „работодавачка“? Инстаграм измама, или ИнстаСРАМ, како што „Рола“ вели, оставаме на него да се сеЌира... Пред да реши да хаЌира! Впрочем, не случајно се пишал за „Public Relations Officer at... Лила Филиповска“ - најголемата и најпозната меѓу македонските инфлуенсерски ведети на Инстаграм. ]]>