спасе рола до бола – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Aug 2023 09:46:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спасе рола до бола – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, Спасе – Рола има страв „до бола“ да се жени: Рекламите му „отворија очи“, во нив го виде она што го кочи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-tv-sitel-spase-rola-ima-strav-do-bola-da-se-zheni-reklamite-mu-otvorija-ochi-vo-niv-go-vide-ona-shto-go-kochi-foto/ Thu, 31 Aug 2023 09:43:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316067

Спасе Јовановски, познатиот презентер на временската прогноза на ТВ Сител, попознат како Спасе – „Рола до бола“ и верен придружник на Лила Филиповска на сите нејзини егзотични патувања, неретко споделува чудни постови на социјалните мрежи, особено на неговиот Фејсбук профил. Откако пред некое време слатко го отсонува она што го посакува, арно ама сонот не му се оствари и се' остана само на пуста желба машка, Теа Таировиќ да ја праиме македонска снашка, Спасе сега и експлицитно објасни зошто е подобро да си остане ерген!? Погледнете ги ТВ рекламите и се' ќе ви биде веднаш појасно. Всушност, човекот ништо не измислил, само сликовито ги прераскажал рекламите што меѓудругото одат и на телевизијата на која тој работи и раскажува какво било дента и какво ќе биде утре времето, а Бога ми и во наредните денови. Какво и да биде, за него никако не е време за женење, зашто денес жените и мажите галиба ги имат заменето улогите?! Така барем му  се чини на Спасе - Рола,  а таквата нивна ролја никако не му е по волја! Затоа Спасе својот страв од женење го искажал преку негодување и тоа јавно, уплашен за својот машки орган(изам) од од женскиот феминизам што ни се заканува на секој чекор. А мажите опиени и омамени од  привлечниот женски декор и возбудливиот сексапил, наседнуваат „до бола“, но не и Спасе - Рола. Нему рекламите му се показател кој му ги отворил очите, за тоа кој  ја води брачната игра во која постојано е во ќар, а кој  во неа е само брачен измеќар! „Ако внимателно погледнете еден блок реклами, или разгледате некој каталог за бела техника и куќни апарати ќе видите дека феминизмот ЈАКО чука на портите. Па така, сите оние реклами за: -Прашок -Сјај за садови -Таблети за машина -Омекнувач на алишта -Правосмукалки -Апарати за домаќинство -Готвење Во 95% од нив, главната улога ја има мажот. Сега ТОЈ ве советува како да перете на ниски температури. Дека садовите може да се перат и за половина час. Ја преставува најдобрата стик правосмукалка со 17 филтри. Ги храни децата со највкусните кашички... Готви, пржи, пече, бленда со најновите апарати...Секаде каде што претходно беше инволвирана жената сега таа улога ја има мажот... Жените на рекламите сега, само се разубавуваат со најновите серуми, пијат ашваганда, косата ја бањааат со агаве... Како што тргнала работава ќе видиме и машко во реклама за влошки, може ќе лета на крилца, или ќе каже ЖЕНА МИ ЈА НЕРВИРААТ ДНЕВНИ ПА ТРГНАВ ДА И КУПАМ НОЌНИ, НО... што до тогаш!? А пилиња мои?“ - констатира загрижениот Спасе. Затоа и е решен да остане соло мараонец, барем што подолго може... Додека не му дојде денот да го истрча и последниот, почесен ергенски круг.  Зашто на оние рано женетите, што имаат маратонски бракови или врски... Спасе како „искусен маратонец“ е убеден дека понежните половини им трчаат во... „погрешен правец“! Фото: Фејсбук и Инстаграм/rolladobolla]]>

Ем заради мода, ем галиба од мака: Иако календарски се’ уште е лето, Лила во чизми замина на море! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/em-zaradi-moda-em-galiba-od-maka-iako-kalendarski-se-ushte-e-leto-lila-vo-chizmi-zamina-na-more-foto/ Fri, 09 Sep 2022 08:06:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266050

Најпознатата македонска ТВ водителка Лила Филиповска како сиот господски свет, одмор ќе тера и во септември. Новата сезона снимања на „Се или нешто“ се' уште не е започната, па водителката може да си приушти да чепне уште некој ден од летото, кое рака на срце, таму каде што тргнала во септември е најубаво. Спакувана во голем куфер, како секоја жена што кога летува со себе носи гардероба небаре ќе векува, во придружба на нејзиниот верен компањон и колега, прогнозерот - презентер на временската на „Сител“, познат под прекарот Спасе - „Рола до бола“, фатија правец скопски аеродром, па со авион кон Турција и познатиот Бодрум! „Изгуби нѐ најди нѐ, ние на аеродром ! Во очекување на новите работни предизвици уште еден краток одмор во омилениот ни Бодрум“ - сподели Лила на својот Инстаграм покрај фотографиите направени на заминување. И чисто онака, колку ние да не останеме без теми за работа, односно за порталите и весниците да имаат за што да пишуваат, како што напишал (без)временскиот Спасе на својот Фејсбук, на нивното испраќање за Турција во очи веднаш паѓа една работа, а тоа се две нешта: На Спасе чорапите и  обувките на Лила.   Презентерот на временската со полувисока „зечена чарапа“ на бела патика, а Лила со полувисоки чизми. Не дека ќе ја коментираме модата, туку чисто само онака, колку за обајцата да имаат што да читаат на порталите додека се сончаат и да муабетат на плажа,  ние ја забележавме позата на двајцата патници пред нивниот лет! До душа, зелената боја на чорапите на Спасе, повеќе би одела со зеленото на маичката на Лила, ама сеедно... Важно да е удобно... и воочливо! Лила пак никогаш не заостанувала зад модата, па така и сега, дури и кога е онака спортски облечена додека патува. некои до душа забележаа дека чизмите можела да ги замени со папучи или евентуално патики, ама водителката има зошто на себе ги носи! Ема заради мода, ем од мака! Имено, пред да тргнат на пат, Лила доживеа мала куќна незгода... Вистинска „уметничка гребаница“ на левата нога и тоа баеги позамашна. И ако мислите дека некаде паднали или се удрила, апсолутно сте во заблуда! Па тогаш гребаницата не би била уметничка... А „уметникот“ затоа останал дома по казна... Да, неговото име е Рагнар. Црно белиот мачор на Лила, кој  својата газдарица ја „обележал“ со џиновска гребаница! Можеби и затоа, за да ја скрие гребаницата, Лила на море замина во „летни“ чизми!     Единствено остана дилемата за имиџот на колегата: Зошто баш „зелена чарапа“ е изборот за  летот кон одморот? Можеби Спасе ќе одговори штом се врати од летување, дали и изборот на чорапите беше дел од... „едицијата за патување?“ Фото: Инстаграм и Фејсбук принтскрин/Rolla Do Bolla/ lilafilipovska/
 ]]>