спасе јовановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 31 Aug 2023 09:46:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спасе јовановски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Презентерот на временската прогноза на ТВ Сител, Спасе – Рола има страв „до бола“ да се жени: Рекламите му „отворија очи“, во нив го виде она што го кочи (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-tv-sitel-spase-rola-ima-strav-do-bola-da-se-zheni-reklamite-mu-otvorija-ochi-vo-niv-go-vide-ona-shto-go-kochi-foto/ Thu, 31 Aug 2023 09:43:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316067

Спасе Јовановски, познатиот презентер на временската прогноза на ТВ Сител, попознат како Спасе – „Рола до бола“ и верен придружник на Лила Филиповска на сите нејзини егзотични патувања, неретко споделува чудни постови на социјалните мрежи, особено на неговиот Фејсбук профил. Откако пред некое време слатко го отсонува она што го посакува, арно ама сонот не му се оствари и се' остана само на пуста желба машка, Теа Таировиќ да ја праиме македонска снашка, Спасе сега и експлицитно објасни зошто е подобро да си остане ерген!? Погледнете ги ТВ рекламите и се' ќе ви биде веднаш појасно. Всушност, човекот ништо не измислил, само сликовито ги прераскажал рекламите што меѓудругото одат и на телевизијата на која тој работи и раскажува какво било дента и какво ќе биде утре времето, а Бога ми и во наредните денови. Какво и да биде, за него никако не е време за женење, зашто денес жените и мажите галиба ги имат заменето улогите?! Така барем му  се чини на Спасе - Рола,  а таквата нивна ролја никако не му е по волја! Затоа Спасе својот страв од женење го искажал преку негодување и тоа јавно, уплашен за својот машки орган(изам) од од женскиот феминизам што ни се заканува на секој чекор. А мажите опиени и омамени од  привлечниот женски декор и возбудливиот сексапил, наседнуваат „до бола“, но не и Спасе - Рола. Нему рекламите му се показател кој му ги отворил очите, за тоа кој  ја води брачната игра во која постојано е во ќар, а кој  во неа е само брачен измеќар! „Ако внимателно погледнете еден блок реклами, или разгледате некој каталог за бела техника и куќни апарати ќе видите дека феминизмот ЈАКО чука на портите. Па така, сите оние реклами за: -Прашок -Сјај за садови -Таблети за машина -Омекнувач на алишта -Правосмукалки -Апарати за домаќинство -Готвење Во 95% од нив, главната улога ја има мажот. Сега ТОЈ ве советува како да перете на ниски температури. Дека садовите може да се перат и за половина час. Ја преставува најдобрата стик правосмукалка со 17 филтри. Ги храни децата со највкусните кашички... Готви, пржи, пече, бленда со најновите апарати...Секаде каде што претходно беше инволвирана жената сега таа улога ја има мажот... Жените на рекламите сега, само се разубавуваат со најновите серуми, пијат ашваганда, косата ја бањааат со агаве... Како што тргнала работава ќе видиме и машко во реклама за влошки, може ќе лета на крилца, или ќе каже ЖЕНА МИ ЈА НЕРВИРААТ ДНЕВНИ ПА ТРГНАВ ДА И КУПАМ НОЌНИ, НО... што до тогаш!? А пилиња мои?“ - констатира загрижениот Спасе. Затоа и е решен да остане соло мараонец, барем што подолго може... Додека не му дојде денот да го истрча и последниот, почесен ергенски круг.  Зашто на оние рано женетите, што имаат маратонски бракови или врски... Спасе како „искусен маратонец“ е убеден дека понежните половини им трчаат во... „погрешен правец“! Фото: Фејсбук и Инстаграм/rolladobolla]]>

Презентерот на временската прогноза на „Сител“, Спасе – Рола ја откри тајната на вечно младиот изглед на Бред Пит на Вимблдон: „К.. му е – двор му е“, јас да ви кажам! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-sitel-spase-rola-ja-otkri-tajnata-na-vechno-mladiot-izgled-na-bred-pit-na-vimbldon-k-mu-e-dvor-mu-e-jas-da-vi-kazham-foto/ Thu, 20 Jul 2023 07:06:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310846

На неодамношното тениско финале на Вимблдон, актерската ѕвезда Бред Пит беше уловен како седи во централната ложа за да ги гледа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз како играат во возбудлив меч од пет сета. Фотообјективите и камерите ги споделија кадрите од поранешниот сопруг на Анџелина Џоли, а во фокусот на коментарите и написите беше ставен неговиот младешки изглед. Актерот кој има речиси 60 години изгледа како да е дупло помлад. Неговиот „ forever young look“ ги зачуди сите. Мажите љубоморно вретеа со глава дека има тука нешто, дека нешто направил со себе со помош на естетската хирургија, а жените фасцинирани и опчинети, вљубено не го симнуваа погледот од „вечното момче“. Тоа беше така насекаде низ светот, па и кај нас. И додека социјалните мрежи и порталите не го симнуваа од насловниците, се најде човекот кој јавно ја откри тајната на вечно младиот изглед на Бред Пит на Вимблдон. Презентерот на временската прогноза на „Сител“, Спасе Јовановски, попознат по прекарот Спасе - „Рола до бола“  го демистифицираше „до коска“  изгледот на „младичот“ од Холивуд, објаснувајќи дека нема зошто да му се чуди цел свет дека изгледа како „вчера да излегол од пубертет“, а не како да утре да ќе чека да шета внучиња!   Впрочем Спасе - Рола има своја теорија која донекаде  и „држи вода“ иако никој со сигурност не може да тврди дека „фраерот од филмското платно“  не паравел „фејс лифтинг“, ако не повеќе, барем еднократно?! Ама затоа пак, нашиот временски презентер е убеден дека глумецот е „природен фраер“ или што би кажале „шизик натурале“  дури и на шест банки, па еве ја неговата теорија за тајната на еликсирот на вечната младост на Бред Пит. „Па наслови, па чудења па теории на заговор..."КАКО БРЕД ПИТ ИЗГЛЕДАЛ ОДЛИЧНО НА 60 години? А како да изгледа? Што мука има видено Бред Пит у животот свој, освен што го остаи Анџелина Џоли? -  Да не мислел на неплатени сметки!? -  Дали ќе стигне плата од први до први!? -  Да не отплаќа кредит!? -  Да не е у дугови!? -  Да не нема пари за да им приушти на децата што сакаат! Не... К.р му е - двор му е,  ја да ви кажам! Увек опкружен со убави жени, убава храна, вино, море, шетање, тинтрање... Едноставно, роден под среќна ѕвезда! Не моеш да го споредиш Бред Пит и Јовче од некое село, зашо не се „држи“!  За што да се држи, за паризер и кришка вчерашен леб? Ајде ќе ве молам... Што? Благодарам!“ - споделил Спасе на својот Фејсбук... Чисто онака, на останатите да не им е мака... Барем за утеха на оние што наместо како Бред Пит, изгледаат како... кит! Фото: Твитер/Brad Pitt Online/Фејсбук/Rolla Do Bolla]]>

На Теа Таировиќ, Спасе – Рола и се допаѓа „до бола“ или презентерот на временската прогноза пати од „умислена дијагноза“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-tea-tairovik-spase-rola-i-se-dopaga-do-bola-ili-prezenterot-na-vremenskata-prognoza-pati-od-umislena-dijagnoza-foto/ Sat, 03 Jun 2023 06:15:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303085

Откако Теа Таировиќ зачекори на сцената на како дел од „Ѕвездите на Гранд“, не само што се смета за една од најзгодните пејачки во Србија, туку за кусо време стана една под најпопуларните и најбараните во целиот регион.  За добивање термин за нејзин настап се чека во ред, а настапот е спектакл... И за уши, особено за очи, зашто „валканиот жежок танц“ на пејачката публиката  „ја вади од гаќи“... Особено онаа машката! Очи ширум ококорени и падната вилица до колена, е резултатот за време на настапот кај публиката, а полна вреќа пари кај „кралицата на бакшишот“, како што ја нарекуваат пејачката која неретко гостува и во Македонија, за која очигледно емотивно не ја врзуваат само настапите... Или тоа барем така изгледа! Спасе Јовановски, познатиот презентер на временската прогноза на ТВ Сител, попознат како Спасе - „Рола до бола“ и верен придружник на Лила Филиповска на сите нејзини егзотични патувања, деновиве се пофали споделувајќи чуден пост, колку е „близок“ и во каква релација е со расната српска фолкерка, Теа. Имено, додека Спасе и Лила уживаа на сончевите плажи во Бодрум - Турција, „(без)временскиот“ презентер се пофали дека се допишува токму со српската пејачка... Или поточно, дека Теа го лајкнала и од неа тој добива срциња. „Па Теа Таировиќ кога ќе ме лајкне!!! Абе денов може ли поубав да биде!“ - напишал Спасе приложувајќи го како доказ, „црно на бело“ постот од Инстаграм приказните. Дали Теа  „фрлила око“ на ова познато македонско ТВ лице кое самото се пофали дека добива срциња од пејачката и  Спасе - Рола и се допаѓа „до бола“ или презентерот на временската прогноза само пати од „умислена дијагноза“? Или можеби одморот и „турската купка“ ептен му прија и годи, па Спасе - Рола слатко го сонува она што го посакува? Во случајов пуста желба машка, Теа да ја праиме македонска снашка! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/tea_tairovic/rolladobolla]]>

Презентерот на временската прогноза на ТВ Сител се пофали дека е најдобриот на сите времиња, ама брзо го „приземјиа“: Кој му го „спушти“ на Спасе – Рола… „до бола“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenskata-prognoza-na-tv-sitel-e-pofali-deka-e-najdobriot-na-site-vreminja-ama-go-prizemjia-koj-mu-go-spushti-na-spase-rola-do-bola-foto/ Sat, 14 Jan 2023 08:32:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145492

Него го гледате речиси секоја вечер во информативните изданија на „ТВ Сител“, иако не е ниту информативец, ниту новинар... Да, порано бил и тоа естраден, во некогашниот магазин „Македонски свет“. Денес, Спасе Јовановски е познат како еден од презентерите на временската прогноза на ТВ Сител. Естрадниот свет и неговите кругови повеќе го познаваат како „помошникот“ на Лила Филиповска, момчето кое многу често и дома и на патувањата ја придружува, и и' придржува - од чантата, до наметката или чадорот, и прави друштво, и помага, и служи како рамо за плачење или потпирање... Некои безобразно тоа го нарекуваат „потрчко“ или на македонски: момок, измеќар и слично, иако блиските нему и на водителката тврдат дека Спасе со уметнички прекар „Рола до бола“ и Лила се само најдобри другари. Нејсе, кој во што сака може да верува, ама Спасе -„Рола“ е вистински шмеќер на ТВ екранот. Така барем самиот си се пофали на социјалните мрежи, споделувајќи колаж фотографии од пред екранот каде ја презентира временската прогноза и кажува какво било денес и какво ќе биде времето утре и во наредните денови. Арно ама, Спасе како да заборавил дека ниту Сител не е единствена телевизија, ниту пак тој е единствениот презентер на времето што се појавил на неа. Покрај него сега тука се уште и неговите колеги Анкица Јосифовска - Ангелковска и Љубиша Ристески, но нив Спасе по се изгледа и не ги есапи за сериозна конкуренција, па се самопрогласи за „најшмеќер“ на сите времиња. Сепак, дека и пред самопрогласениот „папа имало папа“, го потсетија некои од неговите пријател(к)и на Фејсбук. Имено, во еден од коментарите на неговото „самобендисано крунисување“, се најде некој што на „шмеќарот му го спушти“ или поточно, „го спушти на земја“. Една фотографија од легендарниот „дедо Трајко“ односно  (без)временскиот, за жал сега веќе покоен презентер Трајче Андонов, го замолкна најмладиот меѓу актуелните на ТВ Сител. Покрај истата беше напишано: „Грешка си Спасе“, што беше доволно пријателката да му го... „спушти“ на Спасе - Рола... онака елегантно - „до бола“!    ]]>

Лила разголена пред дождот: Водителката „му го украде шоуто“ на својот пријател и колега од ТВ Сител (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-razgolena-pred-dozdot-voditelkata-mu-go-ukrade-shouto-na-svojot-prijatel-i-kolega-od-tv-sitel-foto/ Fri, 22 Apr 2022 08:44:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244999

Една од најдолговечните македонски ТВ водителки Лила Филиповска едвај чека летото да дојде... Ама никако да дочека. Затоа Лила решила да оди на „се или ништо“, па се расоблекла по костим за капење за да направи генерална проба. Или можеби во прашање била уште една нејзина инфлуенсерска фотосеанса, каде од фотосесијата останала само фотографијата, на Лила „пред дождот“?! Временските (не)прилики непогодни за реклама на бикини, ама затоа погодна за временска најава. До душа како бомбастично изгледа  во жолтите гаќички за капење и нивниот горен дел од кој големите силиконски гради се прелеваат како „бранови на бура“, Лила личи како да е подготвена за нова водителска авантура. Или подобро речено, презентерска, зашто вака стокмена, дефинитивно може да им ја зема работата на многу од нејзините колешки-презентерки на временската прогноза по националните телевизии. Сепак најзагрозен, нејзината „десна рака“, нејзиниот пријател и колега, презентерот на временската прогноза на ТВ Сител , Спасе Јовановски, попознат како Спасе - „Рола... до бола“! Вака расоблечена со сиот сво телесен раскош на тацна, водителката на „Се ' или нешто“ дефинитивно  „му го украде шоуто“ на својот пријател и колега од ТВ Сител. Настрана тоа што многумина се' би дале да се стиснат под чадорчето покрај новата македонска „ Umbrella girl“... За да не останат покиснати се разбира, откако Лила јавно праша:  „Се спремивте ли за дожд“? Иако повеќето само што ја видоа фотографијата, веќе се „влажни“... во погледите, секако! А колегата „Рола“? Тој се фати за телефонот... Да го праша „банкарот“ има ли место за некаква улога за него во „Се' или нешто“, за да не остане „без ништо“! Или сепак не, зашто колешката е не само добра водителка, туку Лила е и „добра вила“ која онака испружена пред дождот како сирена на брегот, сепак нема намера да му го земе лебот! Фото: Инстаграм принтскрин/lilafilipovska/rolladobolla]]>

Презентерот на временска прогноза на „Сител“ „ги подбра“ инфлуенсерките, а индиректно и колешката на која и е и „личен асистент“: Кој го „исфрустрира до бола“ Спасе – Рола? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/prezenterot-na-vremenska-prognoza-na-sitel-gi-podbra-influenserite-a-indirektno-i-koleshkata-na-koja-i-e-i-lichen-asistent-koj-go-isfrustrira-do-bola-spase-rola-foto/ Thu, 01 Oct 2020 07:31:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169308

Светот се повеќе почна да живее виртуелно. Социјалните мрежи оддамна станаа „главно корзо“ за средби со познати  и непознати пријатели, место за размена на се' и сешто, па на нив по цел ден освен што „киснат“ обичните смртници, свое поле за делување и заработка си најдоа и разни старо-новокомпонирани професии. Нетот врие од разни инфлуенсерки, блогерки, фитнес тренери, мотивациони говорници,модели, нутриционисти, лажни патриоти, пучисти, пацифисти... Што ти нема и што не ќе видиш. Доволно е само да се „закачиш“ и... светот е твој. Чат - пат реалниот, многу повеќе оној виртуелниот, на „шарени лажги со опашки“! Спасе Јовановски многумина од вас го знаат од ТВ екраните. За оние, помалку упатените, момчето е еден од презентерите на временската прогноза на ТВ „Сител“. Го наследи „дедо Трајко“ на функцијата појаснувач на тоа каква била денес, а каква ќе биде утре и во наредните неколку дена, временската состојба во Европа, регионот и кај нас. Спасе во телевизиско-естрадните кругови  инаку е познат уште по две нешта: прекарот и втората функција. Имено, Спасе уште го знаат и како Спасе -„Рола“, или „Рола до бола“, прекар кој  веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи, поточно на својот Фејсбук профил. Од друга страна, покрај презентирањето на времето, „Рола - Weatherman“ е познат и како ПР администратор на официјалната страница на Лила Филиповска, за чиј близок пријател и важи, а неофицијално важи и за нејзин „личен асистент“! На Спасе -„Рола“ очигледно погоре споменатите „структури“ на социјалните мрежи му дошле преку глава, па реши да распали од сите оружја по нив. И тоа со нивното оружје - разорен статус на својот Фејсбук профил, во кој „Рола“  дебело „ги заплеска“, како што вели,  самопрогласените фул-тајм инфлуенсерки, блогерки, фитнес тренери, мотивациони говорници,модели, нутриционисти... : „Ми се иде да упишам забрзан курс по информатика отсек ХАКИРАЊЕ! Па фино лепо, еден убав ден да седнам и тоа профилите на сите САМОПРОГЛАСЕНИ ФУЛ ТАЈМ инфлуенсерки, блогерки, фитнес тренери, мотивациони говорници,модели, нутриционисти... Се тоа да почистам ко "V for Vendetta". Па здосадивте веќе и БОГУ И НАРОДУ со тоа како сте сите совршени, како јадете само бифтеци, морски чуда, мачкате крем од свежа сирена, на леб печен на Египетско сонце, се полевате со шампањи, продавате муда за бубрези и сето тоа на оваа педа земја, на овој напатен народ, кој мисли дека ете така ФЕЈКЕРСКИ треба да се оди кроз животот. А пустите тие, кои вие ги викате ФАНОВИ не знаат дека немате сигурен кров над глава, возите кола на лизинг, до гуша сте со кредити, МОЛИТЕ за да јадете на компензација по ресторани, затоа што за тие специјалитети немате доволно финансии. Купувате фејк гардероба во која пресмешно изгледате... Без срам, купувате фоловерси, лајкови... ПА ВЕ ЛАЈКААТ КИНЕЗИ И ИНДИЈЦИ. Абе, ви кажал некој дека сте повеќе од провидни? Не научивте да живеете за себе а не за другите! Па бидете барем еднаш во тој вашиот пуст ФЕЈКЕРСКИ ЖИВОТ реални! Вашиот живот драги мои мизерни за жал не е инстаграм! Вашиот живот кој што го пласирате е инстаСРАМ! А се' што е инстант, низ историјата се покажа како и каде завршува. ПС: Ако некој се пронајде во статусот, одма да ми пише пошо многу се засеЌирав“ -  завршува со „рафалната стрелба“ со зборови, Спасе - „Рола“. И  не дека не е во право. Само има еден проблем... А можеби се - два?! Како прво, кој е мотивот, што толку го изнервира, за  вака жестоко да изреагира? Дали на Спасе му пречи „конкуренцијата“  на неговата „пријателка“ на која „лично и асистира“, па онлајн бизнисот не оди како што одеше, зашто другите „лапаат“ баеги големо парче од „инфлуенсерскиот колач“,  па од „се' или нешто“  за рекламирање на Инстаграм,  останува само по нешто? Или можеби на „временскиот“ презентер му здодеа улогата „момaк на стенбај“, па Спасе - „Рола“ „исфрустриран до бола“, реши директно да распали по се' живо, а индиректно и по  неговата „работодавачка“? Инстаграм измама, или ИнстаСРАМ, како што „Рола“ вели, оставаме на него да се сеЌира... Пред да реши да хаЌира! Впрочем, не случајно се пишал за „Public Relations Officer at... Лила Филиповска“ - најголемата и најпозната меѓу македонските инфлуенсерски ведети на Инстаграм. ]]>

Во бањарка посака добра ноќ од хотелската соба: Лила во кревет со презентерот на временска (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-banjarka-posaka-dobra-nokj-od-hotelskata-soba-lila-vo-krevet-so-prezenterot-na-vremenska-foto/ Tue, 04 Sep 2018 07:21:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=45996

Ако мислевте дека бидејќи се уште не е почната новата сезона на ултра пополарното телевизиско шоу „Се или нешто“, тогаш Лила одмара од работа – се лажете. Таа е жена која не мирува, особено кога работата е во прашање. Како влијателна личност од шоу- бизнисот, Лила постојано има нови понуди и ангажмани, а бидејќи има изглед на кој може да и позавидат и многу помлади, не ретко добива понуди каде што треба да промовира здрав начин на живот, кој наедно е и нејзин личен стил и начин на живот и приватно.
Како вистински професионалец Лила никаде не оди сама, туку со неа секогаш се верините соработници кои се како нејзино семејство, како стилистот Владимир Трајковски и нејзиниот соработник и верен пријател Спасе Јовановски.
Имено, тие тргнаа во мисија да снимаат нова реклама, а од хотелот каде се сместија Лила откри неколку интересни моменти на својот Инстаграм профил. На нашата популарна водителка  многу повеќе и се допадна хотелската соба на Спасе, па и самата кажа дека не планира да ја напушти.
Веројатно така остана и кога падна ноќта и завршија обврските, па кога им посака добра ноќ на следбениците, во креветот беше и Спасе, веројатно уморен сакајќи да заспие на својот кревет. Ама Лила очигледно му правеше друштво. Бидејќи на фотографијата тој се гледа делумно, некои од фановите кои не ги проследија на кусите Инстаграм приказни, се запрашаа со кого е Лила во креветот.

Good night ???

A post shared by @ lilafilipovska on

Инаку, можеби Спасе ви стана попознат од накаде, а тоа е така бидејќи од пред извесно време го гледате и како презентер на временска прогноза на ТВ Сител.

A post shared by Spase Rolla (@srollajovanovski) on

]]>