спартанки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 09 Apr 2021 19:35:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png спартанки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Близначките Марија и Магдалена се „македонските Спартанки“: Секси до болка, издржливи до коска… до последен здив! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bliznachkite-marija-i-magdalena-se-makedonskite-spartanki-seksi-do-bolka-izdrzlivi-do-koska-do-posleden-zdiv-foto/ Sat, 10 Apr 2021 07:51:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=29562

26 годишните сестри - близначки од Кочани, Марија и Магдалена се ѕвезди  на социјалните мрежи каде имаат бројни следбеници.
За себе, покрај студиите по право, велат дека не би можеле да го замислат својот стил и начин на живот без спортот и вежбањето.
Дека посветено се трудат да изгледаат атлетски и секси потврдуваат фотографиите на нивните профили, од кои пошироката јавност дознава дека близначките не го практикуваат спортот само рекреативно, туку имаат и натпреварувачки мотиви.
Беа во Бугарија, каде трчаа на Софискиот Маратон и освоија медали со кои се пофалија на Фејсбук. Трчаа и на Скопскиот маратон, а пак претходно беа на трка и во Подгорица.
Последното нешто со кое можат да се пофалат е Спартанската трка која се одржува во 30 различни земји во Светот. Се работи за трка на издржливост која се состои од повеќе различни  дисциплини, но во принцип сите се подеднакво тешки.
Сестрите  беа учесници во Супер трката на 19 километри офф роад, која вбројува повеќе од 30 препреки, влечење и носење товар, преминување реки, пливање по калливи канали и што ти уште не.
На крајот завршија како 7-мо и 8-мо пласирани  од вкупно 150 натпреварувачи, што е повеќе од одличен резултат за Марија и Магдалена.
Покрај освоените медали, сестрите добија е еден дел од Трифектата која се состои од три дела, што се добиваат со завршување на останатите дисциплински трки на ова екстремно тешко натпреварување.
Сестрите - близначки, кочанчанките Марија и Магдалена дефинитивно се „македонските Спартанки“.
Секси до болка, издржливи до коска... Упорни и неуморни... до последен здив!]]>

Близначките Марија и Магдалена разочарани од власта, пред две години си заминаа од Македонија, а сега производите на македонските „сестри – спартанки“ се атракција во Германија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/bliznachkite-marija-i-magdalena-pred-dve-godini-razocharani-od-vlasta-si-zamnaa-od-makedonija-a-sega-proizvodite-na-makedonskite-sestri-spartanki-se-atrakcija-vo-germanija-foto/ Sat, 23 Jan 2021 08:14:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=157342

Марија и Магдалена Гаврилови - сестрите близначки од Кочани, пред неколку години беа многу популарни на социјалните мрежи. По студиите на право, се вработиле во Министерството за внатрешни работи на Македонија (МВР) во македонската престолнина, но јавноста многу повеќе овие две млади, убави, згодни и атрактивни девојки ги познаваше по нивните спортски активности и подвизи. Покрај работата вредно и посветено се трудат да изгледаат атлетски и секси, а набргу пошироката јавност дознава дека близначките не го практикуваат спортот само рекреативно, туку имаат и натпреварувачки мотиви, за што Вистина.ком.мк пишуваше уште пред повеќе од две години. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/bliznachkite-marija-i-magdalena-se-makedonskite-spartanki-seksi-do-bolka-izdrzlivi-do-koska-do-posleden-zdiv-foto/ Но, со доаѓањето на СДСМ и владата на Заев на власт, работите драстично се менуваат. Разочарани од меѓучовечките односи и целокупната мизерија во Македонија, сестрите си даваат отказ, ги пакуваат куферите и како и десетици илјади други млади луѓе, заминуваат од државата, за среќата да ја побараат некаде надвор од татковината, по белиот свет. Следната дестинација на храбрите близначки ќе биде Германија, каде речиси две години живеат. Но, почетокот во новата средина воопшто не бил ниту лесен, ниту едноставен. Сестрите морале да почнат буквално од нула, од самиот почеток... Од учење на германскиот јазик, до снаоѓање за гола егзистенција, за живот... Сепак, македонските „сестри - спартанки“ не би биле тоа што се, да не се навикнати на макотрпна работа, издржливост, трпеливост, жилава борба со предизвиците... И спортските и оние што ги носи животот! Една случајна средба со она, по што денес ги препознава цела Германија, при нивното враќање пред 3 години од Виена од  една од нивите „Спартан трки“, ќе им ја предодреди судбината кога е  сега актуелниот бизнис во прашање. Имено, сестрите тогаш за прв пат пробале “Baumstrizel”, едн вид слатко задоволство што се’ уште не постои  кај нас, кое тие подоцна сами ќе го наречат „Твистид твинс“ ( “Тwisted Twins”), колач. Љубовта на прв залак, станува нешто, што послатко немале пробано претходно и оттука се раѓа идејата за целата приказна, која подоцна, кога ќе им биде најпотребно, по заминувањето од Македонија, почнува да функционира. Талентирани и креативни девојки го започнуваат својот сладок бизнис во германскиот град Визбаден, кој станува вистинска атракција и одлично се развива. Нивната продавницата за слатки задоволства го добива името “Тwisted Twins”, а во неа  можат да се најдат еден куп прекрасни слатки нешта, на кои тешко дека некој би можел да им одолее и да остане рамнодушен. Се' што таму се нуди не може да се опише со зборови и долови со фотографии. Мора да се проба, зашто се нудат толку многу различни комбинации: Солени со сирење и сланина, исто како и слатки со цимет, кокос, лешник кои можат да бидат наполнети со нутела, мармалад или сладолед... Едноставно муштериите се изненадени и презадоволни, а за македонските близначки дознаваат и германските медиуми, каде осамнуваат написи за нивната “Тwisted Twins” магија. Марија и Магдалена ја сменија земјата на живеење, професијата, но фитнесот и вежбањето се нешто од кое никогаш не се откажуваат...
 
View this post on Instagram
 
A post shared by ✺ ℳåℛıjå GåṿŗıĿọṿa ✺ (@gavrilova_marija) on

Како и патувањето на различни дестинации и запознавање на нови земји, места, народи и култури. За враќање во Македонија сега за сега не размислуваат. Но, никогаш не се знае... Како што непланирано заминале,така може еден ден непланирано и да се вратат. „Може да планирате, но често плановите одат во друга насока, па затоа ова прашање ќе го оставиме иднината сама да го одговори“ - порачуваат македонски спартанки од продавницата слатко-солена магија -  „Тwisted Twins” .
 
View this post on Instagram
 
⚔• Wir haben jetzt offiziell eröffnet •⚔

A post shared by Twisted Twins (@twisted.twins2020) on

Фото: Инстаграм принтскрин]]>