сп катар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 03 Dec 2022 08:29:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сп катар – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познати сите двојки и термини во осминафиналето на Мундијалот во Катар https://arhiva.vistina.com.mk/poznati-site-dvojki-i-termini-vo-osminafinaleto-na-mundijalot-vo-katar/ Sat, 03 Dec 2022 08:28:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278503

Фудбалското Светско првенство ја мина својата прва фаза. По групите, паднаа скалповите на фаворизирани земји како Германија и Белгија, како и полуфиналистот од претходното Европско првенство, Данска. По комплетирањето на групната фаза, се формираа осминафиналните парови, по принципот прв против втор од две различни групи. Веќе во оваа фаза има неколку интересни пресметки, како Холандија со САД, Франција со Полска, Португалија со Швајцарија… Осминафинални парови на СП: Паровите се групирани како што вкрстуваат во следната фаза Горен дел на ждрепката: 3 декември Холандија – САД (16:00 часот) Аргентина – Австралија (20:00 часот) 5 декември Јапонија – Хрватска (16:00 часот) Бразил – Јужна Кореја (20:00 часот) Долен дел на ждрепката: 4 декември Англија – Сенегал (16:00 часот) Франција – Полска (20:00 часот) 6 декември Мароко – Шпанија (16:00 часот) Португалија – Швајцарија (20:00 часот) Осминафиналните средби тргнуваат уште утре, први ќе играат Холанѓаните со Американците, како и Аргентина со Австралија. Термините за натпреварите се истите, во 16:00 часот и во 20:00. На трети, четврти, пети и шести декември се играат осминафиналињата, па има пауза до деветти и десетти за четвртфиналето. Полуфиналињата се закажани за 13 и 14 декември, додека големото финале на 18.]]>

Фудбалскиот судија кој денеска му суди на Меси бил апсен со старлетата Тијана – Ајфон! https://arhiva.vistina.com.mk/fudbalskiot-sudija-koj-deneska-mu-sudi-na-mesi-bil-apsen-so-starletata-tijana-ajfon/ Tue, 22 Nov 2022 11:39:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276944

Светското првенство во Катар денеска го започна и  Аргентина, еден од најголемите фаворити за пласман во финалето на натпреварувањето. Последно Светско првенство на Лионел Меси кое може да му ја донесе титулата што ја чекаше уште од првото учество во 2006 година. Денешниот натпревар помеѓу Аргентина и Саудиска Арабија (11 часот) е интересен и од друга причина. Имено, за главен арбитар на овој натпревар е назначен словенечкиот судија Славко Винчиќ (42), кој во јавноста е познат и по тоа што на крајот на мај 2020 година беше уапсен заедно со српската старлета Тијана Ајфон во околината на Бјелина. Наводно, Винчиќ бил еден од гостите на приватна забава организирана во време на жижата на коронапандемијата во околината на Бјелина, на која биле поканети старлети од Србија. Тие требаше да ја поминат Дрина со брод, а потоа да бидат ѕвезди на вечерта во друштво на 40 деловни луѓе кои се собрале таму. Во голема полициска акција беа уапсени дури 36 лица, од кои некои веднаш беа ослободени – што беше случај и со Винчиќ, кој од негова гледна точка ја објасни приказната за медиумите во Словенија. -По состанокот со деловните партнери бевме поканети на ранч да славиме, а ние ја прифативме поканата. Имаше четириесетина луѓе, од кои речиси ниту еден не знаев. По упадот на полицијата бевме однесени на информативен разговор каде им објаснив дека воопшто не ги познавам овие луѓе, а потоа ме ослободија за да се вратам дома во Словенија, изјави Винчиќ тогаш. Очигледно оваа случка, во која Винчиќ „случајно“  се најде на средина, никако не влијаеше на неговата кариера. Во текот на претходните две години, судијата добиваше се повеќе почит од УЕФА и ФИФА, па меѓу другото судеше и натпревари во полуфиналето на Лига Европа, односно четврт-финалето на Европското првенство и на крајот Финалето на Лига Европа меѓу Ајнтрахт и Ренџерс.]]>

Пред историскиот меч со Португалија за пласман на СП во Катар, Панчо-ДНК подготвен на нова „жртва“: „Ми мириса дека ќе отиде и десната нога“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pred-istoriskiot-mech-so-portugalija-za-plasman-na-sp-vo-katar-pancho-dnk-podgotven-na-nova-zrtva-mi-mirisa-deka-kje-otide-i-desnata-noga-foto/ Tue, 29 Mar 2022 06:55:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244602

Македонија е пред фудбалска историја. Натпреварот што се чека цел живот колку и да изгледа како „невозможна мисија“, оваа репрезентација покажа дека чудата се возможни и тоа н во неколку наврати... Пласманот на ЕП 2020 беше првото, победата над Германија на гости второто, она од пред неколку дена во Палермо и победата над Италија третото... Па тогаш зошто да не се случи и „чудо над чудата“, кое ќе ја испише историјата... Онаа - нашата, македонска, фудбалска -  Македонија на светско! И додека сите со душа и срце „чудото“ со нетрпение го очекуваме,  Панчо - ДНК, инаку познат како страствен спортски фан, особено кога е фудбалот во прашање, се најде пред нов предизвик. Или поточно, самиот си го постави. И тоа истото оноа што еднаш веќе го стори! А кога ДЈ Шорти ќе вети - нема назад. Ветеното мора да се исполни! Така направи тогаш, по пласманот на нашите фудбалери на ЕП 2020 кое заради коронапандемијата се играше година дена подоцна во 2021-та. А, Панчо откако Пандев и другарите тогаш „ја решија“ Грузија во финалниот бараж и обезбедија историско прво учество на едно европско првенство си ги истетовира на левата нога: Македонското знаме, името на татковината, логото на ЕП и комплетниот состав со имињата на фудбалерите сосе името на тогашниот селектор Игор Ангеловски! Ако е историја нека стои испишана за навека! Но и редок пример за специфичен и необичен излив на патриотизам! Арно ама, по првата, сега македонските фудбалери се на чекор да испишат и нова историја... по европската, светска! А Панчо е на чекор као тоа се случи да исполни уште едно ветување што си го дал сам на себе си. Ако ја победиме Португалија и Македонија се пласира на СП во Катар, ќе следува нова тетоважа, налик на онаа за пласманот на ЕП. „Ми мириса дека ќе отиде и десната нога“ - сподели Панчо на Фејсбук полн со оптимизам како и целата нација, потсетувајќи на претходната тетоважа! А сите ние се разбира, едвај чекаме  да го видиме повторо тетовиран! П.С. Единствено не секира Тамара, која откако „случајно“ ја утна химната, си ја истетовира „утката“ на телото, за „казна и покајание грешним“... Арно ама, како тргнале овие од власта се' да менуваат, од знаме до име, ќе биде проблем ако следнот „компромис“ биде химната и нејзините стихови, како што оддамна бараат „браќата“ коалициони партнери... Дали тогаш пејачката ќе мора да „дотетовира“ на себе уште некои зборови или имиња со „нови ликови“ од нивните „славни денови“? Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Vladimir Blazev/tamaratodevska]]>

Шок во Палермо: Македонија ја елиминираше Италија на домашен терен https://arhiva.vistina.com.mk/shok-vo-palermo-makedonija-ja-eliminirashe-italija-na-domashen-teren/ Fri, 25 Mar 2022 07:14:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=244302

Македонија ја елиминираше Италија во рамките на Квалификациите за СП во Катар. Македонија со голот на Александар Трајковски во 92 та минута, ја исфрли Италија во трката за настап на Светското првенсто. Италијанските фудбалери постојано притискаа, обидувајќи се да стигнат до посакуваниот погодок, но нашите мом;iwa одлично се поставија во шестнаесетникот и не дозволија изненадувања. Последна пречка на Македонија за заминување на СП во Катар ќе и биде селекцијата на Португалија, која со 3-1 славеше над Турција. Во втората минута од судиското продолжение, историскиот гол го постигна Александар Трајковски. Потсетете се уште еднаш на неговата магија, и историската победа која Македонија ја носи на чекор до пласман на Светско првенство.
]]>

Македонија против Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска или Велс во првиот бараж чекор на патот до Катар? https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-protiv-portugalija-shkotska-italija-rusija-shvedska-ili-vels-vo-prviot-baraz-chekor-na-patot-do-katar/ Wed, 17 Nov 2021 10:21:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227657

Македонската фудбалска репрезентација ги дозна сите можни противници во плејофот за пласман на Светското првенство во Катар, откако синоќа се комплетираше европскиот дел од квалификациите. Македонија нема да биде носител на ждрепката што ќе се одржи на 26 ноември во Цирих, што значи дека и во полуфиналето ќе игра на гостински терен. Носители, а со тоа и можен прв противник на Македонија ќе бидат Португалија, Шкотска, Шведска, Италија, Русија и Велс, додека во подредена стартна позиција ќе бидат и Украина, Турција, Полска, како и Чешка и Австрија, кои обезбедија пласман во баражот преку Лигата на нации. Според новиот систем, плејофот ќе се состои од три групи со по четири селекции, при што полуфиналињата се закажани за 24/25 март, а финалињата за 28/29 март 2022. Од Европа, директен пласман на СП обезбедија само првопласираните селекции во квалификациските групи: Германија, Данска, Франција, Белгија, Хрватска, Шпанија, Србија, Англија, Швајцарија и Холандија. Извор: СпортМ]]>

Фудбалерите на Македонија испиша нова историја: Во соблекувалната ечеше „Земјо македонска“, регионот со полна уста пофални зборови за македонските „фудбалски рисови“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/fudbalerite-na-makedonija-ispisha-nova-istorija-vo-soblekuvalnata-echeshe-zemjo-makedonska-regionot-so-polna-usta-pofalni-zborovi-za-makedonskite-fudbalski-risovi-video/ Mon, 15 Nov 2021 08:44:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=227194

Македонската фудбалска репрезентација  вчеравечер, недела, 14 ноември 2021 год.  испиша нова историја. По победата над Исланд од 3:1 нашите „фудбалски рисови“ се најдоа во баражот за Светското првенство во Катар 2022 година. Од пласман Македонија  ја делат  две победи, кои не ма да бидат лесно остварливи со оглед на силинината на евентуалните противници, но сепак, оваа генерација покажа дека ништо не е невозможно. Овој голем чекор се славеше и се' уште се слави наголемо во нашата земја. Македонија знае како тоа се прави, по радоста и пласманот  на Европско првенство, сега за првпат можеме да се најдеме и на еден Мундијал. Успехот на нашите фудбалери не остана незабележен во целиот регион. Наголемо пишуваат и нашите соседи и останатите од некогашните ЈУ репблики, кои на нивните страници го величаат успехот на нашите фудбалери со наслови посветени на „рисовите“ и волшебната ноќ што ни ја приредија вчеравечер нана арената Тодор Проески во Скопје. Во соблекувалната пак радоста фудбалерите ја поделија на себе својствен начин. Како што и самиот капитен Стефан Ристовски истакна, таму нема, Македонци, Албанци, Турци... Таму има само едно име, една земја, еден национален дрес, повеќе нации сплотени во една репрезентација... Единството не прави победници, а победата се слави  и со песна. Во соблекувалната по натпреварот ечеше „Земјо македонска“. Пееја македонските фудбалери и плескаа со рацете и тоа сите... Зашто за Македонија се игра со срце, но  Македонија и се сака со срце. Истото она кое се остава на терен, а се сплотува со останатите во славењето на успесите... Сите како еден, репрезентацијата како едно семејство!
Но, не треба да се заборави дека успехот не ќе беше тоа доколку во него не оставија свое срце, не вткајаа и свој дел и оние кои повеќе не се дел од репрезентацијата, оние кои се дел од легендите, од историјата на фудбалска Македонија како екс селекторот Игор Ангеловски - Мрме, Гранде Горан Пандев, Иван Тричковски, Крсте Велковски... Но и оние кои од различни причини не можеа да помогнат на последните два натпревари како  Адеми, Николов, Несторовски... Земјо македонска, фудбалска Македонијо те уважува цела свет... Биди горда, радувај се, надевај се... Следните два чекори до пласман на СП во Катар се тешка, но, не и невозможна мисија! Радоста за овој успех гордо ја споделија и нашите јавни и естрадни личности, пејач(к)и, ТВ водител(к)и, манекенки, мисици, инфлуенсери.... на своите профили на социјалните мрежи. Еве како некои од нив ја доживејаа победата и пласманот во баражот:
  1. Панчо - ДНК
2. Каролина Гочева 3. МартијаСтанојковиќ 4. Анастасија Деа Богданоска 5. Лина Пејовска 6. Дарко Влогс 7. Емилија Розман 8. Александар Белов 9. Некст Тајм 10. Снеже Велков 11. Димитар Атанасовски 12. Ненад Ѓорѓиевски 13. Викторија Јаначковиќ 14. Марија Петровска Фото: Инстаграм принтскрин/ffmacedonia/Социјални мрежи]]>

Македонија „ја клекна на колена“ Германија на нејзин терен: Голема победа на гости на нашите фудбалери од 2:1 https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-ja-klekna-na-kolena-germanija-na-nejzin-teren-golema-pobeda-na-gosti-na-nashite-fudbaleri-od-2-1/ Wed, 31 Mar 2021 21:23:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196954

Фудбалската репрезентација на Македонија изигра неверојатно на гостувањето против Германија. Македонија победи со резултат од 2:1 и освои огромни 3 бодa во квалификациите за СП 2022. Македонија успеа да се избори за голема победа против Германија во 3 коло од квалификациите за СП во Катар. Горан Пандев во 45+2 и донесе водство на Македонија и со ова стана најстариот играч кој и дал гол на Македонија во квалификации за Светско првенство. Во второто полувреме, главниот судија Карашев сметаше дека Алиоски го соборил Сане, па Гундоган од пенал израмни во 73 минута. Потоа чист пенал не и беше досуден на Македонија откако Емре Чан по изведениот корнер играше со рака во шеснаесетникот на Германија. Спортската правда стигна во 85 минута кога Елиф Елмас додавањето до Адеми го куниса со шести гол за него во националниот дрес, доволен за голема победа на Македонија над фаворизираната Германија. Во следното 4 коло од мундијалските квалификации, Македонија ја дочекува во моментов водечката Ерменија со три победи и 9 бода во нашата група, по денешната победа на Ерменците над Романија со 3:2. Натпреварот Македонија - Ерменија се игра поЕУРО 2021, на 2-ри септември на арената „Тодор Проески“ во Скопје. Нашите момчиња оставија срце на терен и се покажаа во најдобро можно светло! Душата ни ја обоија во црвено жолта боја. Браво мајстори, Македонија се гордее со вас!]]>