Современа скулптура – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 May 2022 12:47:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Современа скулптура – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Изложба „Современа скулптура“ на ДЛУМ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-sovremena-skulptura-na-dlum/ Tue, 31 May 2022 12:47:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252606

Изложбата со наслов „Современа скултура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе се отвори на 01 јуни во Уметничкиот Центар АРТ ХАБ , ГТЦ 2 кат, локал 306 во Скопје со почеток во 20 часот. Изложбата се реализира со финасиска поддршка на Министерството за култура и сите љубители на уметноста може да ја разгелдаат до 10 јуни во работно време на галеријата од 11-18 часот. Изложбите на ДЛУМ од програмските планирања се можност за групни рецентни претставувања. Бележење на современоста во медиумот скулптура бара континуитет во работата, истражување, и експериментирање низ материјали и можности. Уметникот низ возбудата на творештвото истражува низ формата и изразот, и таа негова авантура се материјализира до конечниот став на идејата. Ако скулптурата е поврзана со просторот и времето на доживувањето или пак совладувањето на формите, тогаш, ќе биде возбудливо на нашето око да му дозволиме, во амбиентот на оваа групна синтеза на претставување да се движи и мечтае. Ќе приметиме класична употреба на материјали во процесот на лиење (бронза, алуминиум), обликување на метал (инокс), комбинирани техники во метал, обработка на мермер и дрво, но и успешни идеи низ еколошки пристап на рециклирање на материјали сé до остварување на концептот. Свежината на тие идеи се можеби поттик да се делува во актуелноста на современите движења не отстапувајќи од сопствениот идентитет на творец. Оваа година се пријавија и учествуваат 12 уметници, Анѓел Димовски-Чауш, Димитар Илиевски, Душан Ѓеорѓиевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Маја Танева, Марјан Стојаноски, Нела Јанковска, Ненад Тонкин, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски и Слободан Милошевски а како покровител на наградата ,,Боро Митриќевски”, поставено е и дело на еден од доајените на современата скулптура, Боро Митриќевски. Семејството Митриќевски доделува награда секоја година за најдобра скулптура, оваа година наградата ја доби Ангел Димовски Чауш за делото со наслов „Танчерката на Дионис VII“ .]]>

Изложба „Современа скулптура“ во АРТ ХАБ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-sovremena-skulptura-vo-art-hab-vo-skopje/ Thu, 25 Feb 2021 13:37:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191493

Друштвото на ликовни уметници на Македонија денеска ќе ја постави изложбата „Современа скулптура“ во Уметничкиот центар АРТ ХАБ, во Скопје. Изложбата ќе биде отворена за посетителите од 25 февруари до 8 март, од понеделник до петок од 10 до 17 часот. Оваа година селектор на изложбата „Современа скулптура“ е историчарот на уметност Благоја Варошанец. Учество земаат Александар Јанев, Ана Димчевска Семенпеева, Ангел Димовски Чауш, Ива Станковска, Љупчо Бојаров, Маја Танева, Марина Цветановска Мартиновска, Перо Кованцалиев, Сашо Саздовски, Слободан Милошески и Златко Бојковски. На изложбата се доделува една парична награда од семејството на истакнатиот скулптор Боро Митриќевски, која што го носи неговото име. Оваа година добитник на наградата е скулпторот Слободан Милошески за делото со наслов „Воздигување“.]]>