состојки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Jan 2024 13:21:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png состојки – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Отстранете ја влагата со три состојки и спречете повторно појавување https://arhiva.vistina.com.mk/otstranete-ja-vlagata-so-tri-sostojki-i-sprechete-povtorno-pojavuvane/ Thu, 11 Jan 2024 13:21:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=334655

Користи само оцет, масло од каранфилче и масло од чајно дрво за нејзиниот раствор со брзо дејство. Есента и постудените денови со себе носат проблеми со влагата кои се јавуваат во многу домаќинства. Експертот за чистење Шантел Мила споделува рецепт за едноставен домашен спреј кој ја отстранува мувлата и не дозволува да се врати. Таа го сподели рецептот за отстранување на мувла во видео објавено ТикТок. Користи само оцет, масло од каранфилче и масло од чајно дрво за нејзиниот раствор со брзо дејство. Во чаша оцет се додаваат 20 капки масло од каранфилче и 20 капки масло од чајно дрво. Течноста се истура во шише со спреј. Шантел објаснува дека киселоста на оцетот помага да се ослободите од мувлата, а маслото од каранфилче служи за слична цел, бидејќи неговите антигабични својства ги убиваат и спорите на мувлата. Исто така, маслото од чајно дрво делува против габи и бактерии и е способно да ги убие сите видови мувла и да го спречи нивното повторно појавување. извор:курир.мк фото:Freepik]]>

Совети од врвни пекари: Три состојки кои секое тесто ќе го направат меко и воздушесто https://arhiva.vistina.com.mk/soveti-od-vrvni-pekari-tri-sostojki-koi-sekoe-testo-ke-go-napravat-meko-i-vozdushesto/ Fri, 09 Jun 2023 12:05:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305730

Ако сте од оние кои обожаваат леб, пецива и домашни колачи, тогаш овој совет ќе вреди злато. Сите се согласуваат дека една од најважните вештини во кујната е да знаете да замесите добро тесто, а тоа не го може секој. За вас имаме совети од професионалци кои откриваат какви намирници се додава во тестото за да биде подобро и повоздушесто. Постојат некои намирници кои целосно ќе го трансформираат тестото и ќе го направат поубаво, како на изглед, така и кога станува збор за вкусот. И она што е исто така одлично е што ќе остане свежо подолго. Овие три намирници прават чуда за тестото: Скроб Може значително да ја подобри структурата на тестот и целосно да ја промени. Освен што помага тестото да стане повоздушесто и полесно, пецивата на кои им е додадена оваа состојка остануваат меки подолго време. Можете да додадете скроб директно во брашното, а 30 грама се доволни за стандардна порција тесто. Искусните пекари редовно го вклучуваат при правење тесто. Гриз Благодарение на гризот тестото ќе биде поквалитетно и повкусно, а оваа состојка може да го ослободи од вишокот на влага која често го расипува готовото пециво. Колачите во кои се додава гриз остануваат свежи подолго, а само една лажица ја прави таа разлика. Млеко Ако работите со тесто од квасец, тогаш задолжително измешајте го квасецот со млеко. Важно е да не е ниту врело ниту ладно, туку топло. Ако го измешате квасецот со млеко, а не со вода, тестото ќе биде повкусно и ќе има поубава боја, а благодарение на млекото ќе добие и убава кора. Извор: Курир.мк]]>

Чоколадна торта од само 2 состојки: Најлесниот рецепт за сочен десерт https://arhiva.vistina.com.mk/chokoladna-torta-od-samo-2-sostojki-najlesniot-recept-za-sochen-desert/ Wed, 02 Nov 2022 13:29:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274031

За да направите вкусен десерт, потребни ви се само две состојки. Тоа го потврдува и рецептот за оваа торта со чоколадо и јајца. Оваа чоколадна торта е тенка, но исклучително сочна. Ќе ги воодушеви сите љубители на едноставни рецепти кои не можат да одолеат на чоколадото. Состојки: 260 гр квалитетна чоколада 4 јајца Подготовка: Загрејте ја рерната на 160 Целзиусови степени. Подгответе калап за торта со дијаметар од 16 сантиметри, намачкајте го внатре или обложете го со хартија за печење. Калапот ставете го на страна. Растопете го чоколадото. Ќе ви биде полесно ако чоколадните коцки ги исечкате на помали парчиња. Чоколадото можете да го стопите на пареа или во микробранова печка. Внимателно одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките додека не се стегнат. Кога чоколадото малку ќе се олади, во него измешајте ги жолчките. Брзо мешајте додека состојките не се соединат. Третина од снегот внимателно измешајте ја во чоколадниот крем. Постапката повторете ја додека не ги измешате сите состојки. Добиената смеса истурете ја во подготвениот калап и печете во загреана рерна 22 до 28 минути или додека не се испече. Оставете го колачот целосно да се излади пред да го исечете и послужите. Добар апетит! извор:курир.мк]]>

Ви требаат две состојки за да се ослободите од „кожата од портокал“ https://arhiva.vistina.com.mk/vi-trebaat-dve-sostojki-za-da-se-oslobodite-od-kozata-od-portokal/ Thu, 18 Aug 2022 11:31:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263283

Многу производи на пазарот тврдат дека делуваат против „кожата од портокал“, но според специјалистите за кожа, постои многу поедноставен, поевтин и поприроден начин за ослободување од целулитот. Потребни ви се само 2 состојки кои сите ги имаме по дома – сода бикарбона и мед. Измешајте една лажица мед и една лажица сода бикарбона. Додадете малку вода и интензивно втријте и измасирајте се со смесата околу 3 минути. Измијте се добро, а потоа додадете чист природен мед на проблематичните делови и нежно тапкајте ја кожата околу 4-7 минути. Ова е најделотворниот начин за ослободување од дупчињата на кожата. Масирањето со мед ќе ја подобри циркулацијата на крвта и ќе го редуцира појавувањето на целулитот, без да го оптовари телото со токсини и хемикалии. Сепак, внимавајте да не претерате со употребата на смесата, а особено со стисокот врз целулитните делови, бидејќи може да завршите со пукнати капилари поради премногу притисок врз проблематичните делови, завршуваат специјалистите. извор:курир.мк]]>

Овие природни состојки го намалуваат ризикот од дијабетес! https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-prirodni-sostojki-go-namaluvaat-rizikot-od-dijabetes/ Tue, 19 Apr 2022 13:40:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247005

Дијабетесот е едно од најчестите заболувања на денешницата. Се појавува кога телото не произведува доволно инсулин, хормонот кој го регулира шеќерот во крвта. Сепак, преку консумирање одредени минерали можете да го ставите под контрола. Во продолжение откријте за кои видови минерали и природни состојки станува збор. Цимет Дали знаевте дека состојката МХЦП (Метилхидрокси калкон полимер) која се наоѓа во циметот му помага на панкреасот да произведува инсулин? Покрај тоа, циметот поволно делува врз целокупното здравје на организмот. Екстракт од женшен Испитувањата покажале дека екстрактот од женшен помага во регулирање на нивото на шеќерот во крвта. Потребни се само 3 грама од овој екстракт за да се намали нивото на шеќер во крвта за речиси 60 проценти. Женшенот навистина располага со одлични лекови својства со оглед на тоа дека се користи во кинеската традиционална медицина околу 5000 години. Хром Друго истражување покажало дека кај луѓето со дијабетес се среќава ниска количина на хром. Хромот е суштински минерал кој придонесува за метаболизмот на мастите и јаглехидратите и игра важна улога во одржувањето на нивото на гликоза. Тој помага да се спречи зголемувањето на телесната тежина од вишокот масти што секојдневно ги внесуваме. Хромот е и одговорен за разградување на шеќерот во крвта. Овој минерал е присутен во леќата, гравот, брокулата и печурките. Магнезиум Магнезиумот е минерал кој е составен дел на многу видови зеленчук, семки и јаткасти плодови. Тој е неопходен за беспрекорно да се одвиваат околу 300 биохемиски реакции во човечкото тело. Токму една од тие функции е регулирање на нивото на шеќер во крвта. Докажано е дека ниското ниво на магнезиум го зголемува ризикот од дијабетес тип 2. Цинк Цинкот има голема улога во производството и складирањето инсулин. Се наоѓа во следните намирници: бадеми, жолчки од јајце, пилешко, леќа, корен од ѓумбир, грашок и сардини. Најчесто, цинкот се комбинира со додатоци на калциум. Згора на тоа, тој е и одлично средство за цврста и здрава коса. Алое вера Според јапонско истражување, гелот од алое вера придонесува за намалување на хемоглобинот и гликозата во организмот. Гелот има благотворни ефекти и врз кожата. извор:кафепауза/allwomenstalk.com]]>

Од само шест состојки добивате совршенство од вкусови: Чизкејк мафини со бело чоколадо – без печење https://arhiva.vistina.com.mk/od-samo-shest-sostojki-dobivate-sovrshenstvo-od-vkusovi-chizkejk-mafini-so-belo-chokolado-bez-pechenje/ Fri, 11 Feb 2022 12:58:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238785

Ако сакате бело чоколадо, мора да ви се допаднат овие вкусни мафини! Благиот вкус на чизкејк со топено бело чоколадо гарантира совршена комбинација за сите гурмани. Секако, нивната предност е што се подготвуваат брзо и лесно. Обидете се!

Состојки:

150 гр мелени бисквити 60 грама несолен путер / путер 400 мл слатка павлака 350 гр крем сирење 100 грама шеќер 100 грама стопено и малку изладено бело чоколадо

По избор:

повеќе бело чоколадо за прелив и коцки бело чоколадо за декорација Количината е доволна за 9 мафини!

Подготовка:

Измешајте ги мелените бисквити и стопениот путер. Истурете како подлога за мафини во корпите (кои ги ставивте во калапот за мафини). Изматете ја слатката павлака. Во посебен сад изматете го крем сирењето со шеќерот, а потоа додадете го стопеното бело чоколадо. Полека додадете ја слатката павлака (внимавајте се да не се измеша за да ви остане за декорација) и соединете. Прелијте со база од бисквити. Оставете во замрзнувач 20 минути или во фрижидер додека целосно да се стегне. Преостанатата слатка павлака истурете ја во шприц и украсете ги мафините. Додадете стопено бело чоколадо или коцки бело чоколадо по желба.]]>

Спречува опаѓање, го стимулира растот, волуменот и квалитетот на косата: Еве како да подготвите маска за регенерација https://arhiva.vistina.com.mk/sprechuva-opagjanje-go-stimulira-rastot-volumenot-i-kvalitetot-na-kosata-eve-kako-da-podgotvite-maska-za-regeneracija/ Wed, 25 Aug 2021 07:15:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216621

Потребни се неколку состојки: Многу жени имаат проблем со опаѓање на косата. За да го спречите ова и да ја зајакнете косата, ви предлагаме да направите природна маска која помага во оваа ситуација. Оваа природна маска го намалува губењето на косата, го стимулира растот, волуменот и квалитетот на косата. Рецептот е многу едноставен, лесен за правење а веројатно веќе ги имате сите состојки во куќата. Состојки: 2 лажици рицинусово масло 1 жолчка од јајце 1 лажица мед Добро измешајте ги сите состојки во еден сад. Потоа нанесете ја маската на скалпот и косата, од коренот до врвот. Покријте ја косата со капа за туширање и оставете ја маската да делува 2-4 часа. Потоа исплакнете ја косата на вообичаен начин. Повторувајте ја оваа постапка двапати неделно и наскоро резултатот позитивно ќе ве изненади. Рицинусовото масло има висока содржина на амино киселини кои се апсорбираат во скалпот и фоликулите и го регулира нивото на рН, што има позитивен ефект врз спречувањето на опаѓање на косата и појавата на првут. Жолчките од јајце се богати со витамини, протеини и масни киселини кои ја зајакнуваат косата, како и витамин Е, кој го поттикнува растот и хидратацијата на косата. Покрај тоа, јајцата содржат лецитин, кој спречува кршење на косата. Медот е богат со антиоксиданси кои ја омекнуваат косата и ги зајакнуваат фоликулите на влакното и скалпот. Исто така, го стимулира растот на косата, го намалува ризикот од опаѓање и ја навлажнува косата.]]>

Виенска торта која никого не остава рамнодушен https://arhiva.vistina.com.mk/vienska-torta-koja-nikogo-ne-ostava-ramnodushen/ Thu, 04 Feb 2021 14:20:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188259

Оригинален рецепт за десерт број еден од елитните слаткарници Состојки: 125гр путер 100 гр шеќер 5 јајца 100 гр мелени бадеми 50гр мелени бисквити 100 гр растопено чоколадо за готвење 20гр брашно 1 лажица цимет За фил: 1дл млеко 150 гр шеќер 100 гр чоколадо за готвење 100гр путер Глазура: 100 гр чоколадо 5 лажици масло Подготовка: Прво, направете го филот ставајќи ги сите состојки во тенџере, мешајќи и кога ќе зоврие варете 5 минути со постојано мешање. Префрлете го филот во плех испрскан со вода и оставете да се излади. Изматете го путерот со 50 гр шеќер и жолчки, а потоа додадете ги белките изматени со преостанатиот шеќер. Измешајте ги другите состојки и соединете ги со путерот и јајцата. Подмачкајте го плехот со путер, посипете со брашно и истурете ја подготвената маса. Печете во загреана рерна на 200С 40 минути. Кората е печена кога ќе се оддели од рабовите на плехот, а со нож може да проверите и така што ќе ја прободете во средината и ако нема ништо на ножот кога ќе го извадите тогаш кората е печена. Испеченото тесто извадете го од калапот, пресечете го попречно за да добиете 3 кори и оставете ги да се оладат. Изфилувајте ја долната и средната кора со подготвениот крем и одозгора ставете ја најтесната кора. Растопете го чоколадото со маслото и прелијте ја тортата. Наредете ги бадемите на средина. извор:попара.мк]]>

Рецепт за совршено домашно топло чоколадо на француски начин – ќе го обожувате https://arhiva.vistina.com.mk/recept-za-sovrsheno-domashno-toplo-chokolado-na-francuski-nachin-kje-go-obozuvate/ Fri, 27 Nov 2020 13:20:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178439

Доколку сте љубители на чоколадниот вкус, тогаш овој рецепт е создаден за вас. Топло чоколадо, онака како што го подготвуваат Французите! Состојки: - 500 милилитри млеко; - 100 грама темно чоколадо; - 1 лажица шеќер; - 1 цимет; - 1 лажица какао; - 1 кесичка екстракт од ванила; - прстофат сол. Подготовка: Загрејте го млекото во сад, додадете го циметот и екстрактот од ванила. Кога млекото ќе проврие, оставете го на тивок оган уште неколку минути за да се почувствува мирисот на циметот. Додадете една лажица какао и добро измешајте. Во смесата додадете шеќер и сол - како тајна состојка. Потоа додадете ја чоколадата и непрекинато мешајте додека таа не се стопи и не се добие потребната густина на смесата. Французите обожуваат тост лепчиња да ги потопуваат во топлото чоколадо. Пробајте и вие! извор:точка.ком.мк]]>

Направете природно средство за чистење на бањата, овие состојки ви се потребни https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-prirodno-sredstvo-za-chistenje-na-banjata-ovie-sostojki-vi-se-potrebni/ Wed, 12 Feb 2020 13:26:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133902

За вашата бања да мириса на свежина, важно е да внимавате на хигиената на просторот, а едно од решенијата се наоѓа во природно средство за чистење. За оваа цел подгответе: 100 грама лимонтус, 250 грама сода бикарбона и 50 капки етерично масло со мирис на портокал, лаванда или ментол.

ПОДГОТОВКА:

Во сад измешајте ја содата и лимонтусот, па додадете го маслото и промешајте уште малку. Во шише со распрснувач, ставете малку вода и истурете ја подготвената смеса, па добро измешајте. Со вака подготвеното природно средтсво испрскајте на тоалетната школка, лавабото и кадата, а потоа избршете со чиста крпа. На овој начин ќе избегнете хемикалија, а ќе добиете чистота и пријатен мирис. извор: Курир.мк]]>