сос детско село – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 21 Dec 2022 08:48:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сос детско село – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Среќни спомени од детството: Каролина е мала буцка, Марјана шармерка, а Калиопи сериозна слатка дама (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/srekjni-spomeni-od-detstvoto-karolina-e-mala-bucka-marjana-sharmerka-a-kaliopi-seriozna-slatka-dama-foto/ Wed, 21 Dec 2022 08:47:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280998

На социјалните мрежи доста често се појавуваат трендови или предизвици кои ги поставуваат познатите кои потоа стануваат еднен вид на интересна игра или во случајот копање по спомените и минатото. Досега многупати сме виделе фотографии од познатите кога биле мали, но секогаш некој има да објави фотографија повеќе или таква што не сме ја видела досега. Деновиве повторно можеме да ѕирнеме во детството на некои познати личности, едни се пејачи, други водители, трети актери… Овој пат гледате едно мало слатко буцкасто девојченце со коси очиња како се ниша на лулашка.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Karolina Goceva (@karolinagocheva)

Оваа мала убавица денес е една од најпознатите пејачки која секојдневно ја слушаме и гледаме. Веројатно веќе погодувате, оваа слатка малечка е Каролина Гочева. На предизвикот „Сети се“ на СОС Детско село за создавање спомени за среќно детство се приклучи и Марјана Станојковска која на неколкуте фотографии е неодолива мала шермерка со темна коса, и впечатливо лице со напрчено усте.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by MARJANA STANOJKOVSKA (@marjanamay)

Меѓу повеќето познати кои ни покажаа како изгледале во детството беше и Калиопи, облечена со плетено џемперче со фризура со шишки и став на вистинска мала дама.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Харизмата и шармот се познааваат од мали нозе, а веруваме дека уште тогаш повозрасните велеле дека детето има ѕвезда, што денес е и вистина. фото:Инстаграм принтскрин]]>

Денес е една од најпопуларните македонски пејачки: Погодувате ли кое е ова слатко девојченце? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/denes-e-edna-od-najpopularnite-makedonski-pejachki-pogoduvate-li-koe-e-ova-slatko-devojchence-foto/ Mon, 19 Dec 2022 08:31:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=280537

Живееме во дигитално време кога „хард-копи“ фотографиите станаа реткост или историја. Ако некогаш требаше да се има фото апарат, да се купи филм и да се развива, денес тоа остана во историјата за повеќето, па на новите генерација останува само да им се прераскажува за тоа како било некогаш. Низ нашите содржини досега многупати сме виделе повеќе познати Македонци како изгледале како деца, токму од времето на фотографиите кои се ставаа во албум кој имаше посебен дел од домот. Овој пат, на Инстаграм уште еднаш се појави предизвик кој ги натера прозваните да прочепкаат по старите фото албуми и да ги побараат фотографиите кога биле бебиња и дечиња. Предизвикот е насловен како „Сети се“ на СОС Детско село, а од многуте дечиња се најде и Тамара Тодевска која се потруди да прочепка квалитетно и да избере неколку фотографии од своето детство, од бебе, па се до малку потпораснато девојченце.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tamara Todevska (@tamaratodevska)

Бидејќи поентата е да видиме што повеќе спомени од детството на познатите, Тамара предизвика три пријатели за да го следат нејзиниот пример и да придонесат за создавање на среќни спомени на секое дете. фото:Инстаграм принтскрин/Тамара Тодевска]]>

Синот на Весна – Бејби кој сега е кај татко му во САД, стана полнолетен: „Златен на мајка ми фали… Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/sinot-na-vesna-bejbi-koj-sega-e-kaj-tatko-mu-vo-sad-stana-polnoleten-zlaten-na-majka-mi-fali-kiki-te-sakam-kolku-site-zrnca-vo-pesokot-foto/ Wed, 28 Apr 2021 07:00:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200717

Весна Бејби Петрушевска е неуморна. Кога не е на „штииците што живот значат“, нема престави во театарот или ТВ снимања, го има своетоо училиште за глума, хуманитарните акции, пишувањето... За неа денот секогаш е исполнет, полн со нови предизвици, надежи очекувања, остварувања... Деновиве таа ги повика сите што можат да направат добро и хумано дело, тоа да го сторат донирајќи, кој колку може во хуманитарни цели во „Детското СОС село“ кое одбележува 20 години постоење. Видеопорака и повик преку својот Инстаграм профил, со многу малку, да сториме многу повеќе за децата кои се без родителска грижа.
Патем таа ја најави и својата нова книга... Токму со извадок од својата прва - „Трофеј“, пет години подоцна, од нејзиното издавање. Дали  во неа ќе има автобиографски моменти и елементи од личниот живот и случувањата на актерката, логично продолжение на „Трофеј“  или тоа ќе биде некаква сосема поинаква фикција со поразлична содржина, останува да почекама, да видиме и прочитаме. Во меѓувреме, живото тече, времето брзо лета, децата растат, па така нејзиниот син Кирил, кој сега живее кај татко му во САД, неодамна наполни 18 години и стана полнолетен. Иако физички далеку од неа, Бејби не можеше да ги скрие љубовта и емоциите кон своето, сега веќе „големо  момче“, па покрај тоа што „телепатски“ му испрати бакнежи прегратки, му испрати и роденденска порака преку социјалните мрежи. Во неа меѓу останатото таа го опиша своето чувството на радост, гордост и среќа, но во исто време и тага и емотивна празнина што не е во тој момент покрај неа. Сепак онака, како што само мајка може да ти посака, таа сподели роденденска фотографија од него со свој емотивен статус покрај неа, сеќавање кое истовремено го пара срцето, но и ја осветлува душата:
„Кирил наполни 18 години. Се обидувам дa се насмеам и навистина сум среќна за него, знаејќи дека е во добри раце кај татко му во Хјустон. Нормално сум досадна зборувајќи му да учи, да се запише на добар универзитет, да си фати женска... Демек сум кул и ОК... Тој стана полнолетно момче... Се сеќавам на чевличката која ја носеше во Битола, два броја помали па имаше некое раниче на малото прсте. Отидовме да купиме нови чевли во Пеко (природно Битола) и продавачката ме прашува: Ваш е? Ја гледам насмеано и и' одговарам: Највеќе е мој! Златен на мајка ми фали ама знам дека ќе успее. Кики те сакам колку сите зрнца во песокот“ - напиша мајка Весна - Бејби горда на својот полнолетен син! Се разбира, следуваа честитки и убави зборови за здравје, среќа, радост, успеси... Се бројат во илјадници, а меѓу нив и оние, на неа најблиските меѓу познатите: Калиопи, Каролина, Тијана, Панчо-ДНК... Низата е долга. Нека е жив и здрав, среќен, и успешен и  цел живот да ги прави горди тато и мама - Бејби! Фото: Инстаграм принтскрин/vesnapetrushevska]]>

Македонската ТВ водителка и новинарка Цеце Николова реши да ја соочи јавноста со нејзината реалност: „Ова сум јас“ – храбрата и силна девојка сврте нов животен лист (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-tv-voditelka-i-novinarka-cece-nikolova-reshi-da-ja-soochi-javnosta-so-nejzinata-realnost-ova-sum-jas-hrabrata-i-silna-devojka-svrte-nov-zivoten-list-foto/ Mon, 29 Mar 2021 07:17:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=196269

Неа сигирно сте ја виделе некаде на ТВ екраните, на некоја од телевизиите на кои досега работела или пак нејзиното име сте го прочитале под написите и интервјуата на еден од најстарите македонски портали - Точка. Цеце Николова е млада девојка, ТВ водителка и новинарка која целиот свој живот се бори самата со предизвиците кој тој ги носи уште со нашето доаѓање на овој свет. Детството го поминала како жител на „СОС - Детското село“ во Скопје, за кога ќе стане доволно возрасна и бвуквално самата да се соочи со најважните животни одлуки и прашања: „Што и каде сега, по 18-тата година?“, предизвик кој го имаат сите деца кои пораснале без родители, а системот законски само до тука може да им помогне. Токму затоа покрај новинарската и водителската работа покрај во споменатиот портал, однеодамна и во ТВ Алфа, Цеце Николова е основач и претседател на здружението „За тебе“ кое токму на децата без родители по 18-тата кои не се пронашле себе си во системот, се обидува да им помогне и да ги усмери, да го најдат својот професионален и животен пат, како и сите останати луѓе. Слатка, весела, насмеана,  секогаш расположена и позитивна и покрај се', Цеце навидум делува како девојка без многу грижи. Но, зад таа условно речено „маска на безгрижноста“ , всушност се крие и проблемот, односно една врста на скриена тајна, која младата и храбра девојка со години ја носи во себе... Или поточно на себе, односно се соочува со состојбата која во медицината се нарекува - „алопеција“ или народски, опаѓање и губење на косата. Состојба што е  предизвикана од наследен фактор,  стрес,  хормонски промени, користење разни лекови и медикаменти, неправилна нега..., а  создава проблеми, пречки, комплекси... Особено кај младите девојки и жени, кои косата ја сметаат за важен дел од сопствената женственост и убавина! Токму со овој проблем Цеце откри дека соочува оддамна... Како што вели, откога знае за себе. И онаква, каква што до сега јавноста ја познава е всушност таа, но со своите перики на себе. Затоа ТВ водителка и новинарка Цеце Николова реши да направи храбар потег и да  ја соочи јавноста со реалноста, со онаа - својата. Храбрата и силна девојка сврте нов животен лист  покажувајќи го својот нов лик, оној каков што всушност го носи заедно со својата неизмерна убавина на себе. Ја симна периката, направи неколку фотографии, ги сподели на своите профили на социјалните мрежи и испрати силна и многу важна порака до сите оние кои сопствената „различност“ ја сметаат за недостаток, комплекс, се кријат и срамат од себе си: „Нема поубаво од она кога ќе се прифатиш каков што си“!
„Хај. Мала дигресија. Сакав да ви кажам нешто. Ова сум јас. Од кога знам за себе живеам со алопеција. Пред 3-4 години некако проценив дека баш во 2021-ва ќе ја извадам периката (која и да е и каква и да е) и ќе се сликам без неа - со коса, кратка. Ама, кај мене никогаш нешто планирано не се случилло. Оотсекогаш.Пркни малку, падни многу, пркни повеќе - падни највеќе. 2021-ва дојде. Јас, еве, се фотографирам без перика. Ова сум јас, луѓе.Малку се преморив од перики и се' што носат тие со себе. Многу внимавање, многу стрес (непотребен) - мрежата се гледала, корен немало, се лизга, ќе ми падне, овој ме гледа, оној забележал, онаа рекла се занесувам нешто...Среќна сум што имам алопеција, зошто од неа не се умира! Само, еве, изгледам како што изгледам. Ама, фала Богу што изгледам како што изгледам.
Ова не е ништо друго освен многу работа на себе, многу, многу стрес преживеан, многу работи извадени од под тепих - заборавени една деценија, и вртење на еден нов, многу вистински животен лист. И, стварно нема поубаво од кога ќе се прифатиш каков што си. Ама нека не ве лажат, лесно не е ич“ - напишала Цеце покрај споделените фотографии на кои изгледа толку привлечно и женствено, што навистина периките се вишок! И иако не е воопшто лесно, чекорот кој го направила не е само  вртење на нов животен лист, туку и нов лик на „другата во неа“, онаа вистинската Цеце Николова, пример за почит, но и предводник на сите останати кои се двоумат да направат ист или сличен чекор. ]]>

Кој и го „стопи“ срцето на Весна – Бејби? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-i-go-stopi-srceto-na-vesna-bejbi-foto-video/ Fri, 28 Dec 2018 08:22:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=65244

Весна Бејби Петрушевска... професионално актерка, радио и ТВ водителка, писателка... Приватно „жена, мајка, кралица“... што би се рекло. Ама има и зошто. Освен тоа што грижливо и посветено се грижи за своите деца, и порај сите обврски Бејби наоѓа време и за оние, туѓите. И професионално и приватно.
Имено, таа ја има својата актерска школа Весна Петрушевска во која најмладите ги остваруваат своите актерски и не само актерски сништа.
Мама Бејби е не само добар актерски учител и педагог, туку нивна најверна другарка на која можат да и се доверат, со која можат да разговараат, да се пофалат, пожалат, да и признаат ама баш се'... И во добро и во лошо! И кога се среќни, а најчесто такви се и кога има некое проблемче, некое „црвче“ што ги грицка!
Празници се ближат, па време е за честитки... Новогодишни, божиќни, полни со убави здравици, желби за исполнување на соништата...
Први кои и го стоплија и „стопија“ срцето на Весна - Бејби беа токму децата... нејзините деца и тоа токму оние од Детското СОС  село со преубава Новогодишна честитка потпишана од нив. Онаква, каква што само искреното, топло и полно со љубов  детско срце и нивната чиста душа може да напише.
Бејби пак им возврати со љубов и најава на она што следува на почетокот на идната година, во вид на новогодишна порака:  „Фебруари 2019 е месецот кога ќе биде премиерата на “Нашата љубов” на малата сцена на МНТ.Децата ќе играат за деца!Неверојатно патување со овие прекрасни деца веќе неколку години.МНТ ни ги исполнува нашите соништа.Сакам да ви ја честитам новата година со завршниот монолог на Саша од претставата. Ако не ги негуваме нивните мисли ние навистина немаме иднина“ - напишала Весна Бејби од срце „стопено од среќа“ и го постирала видеото кое треба да го погледнете:
 
View this post on Instagram
 
Фебруари 2019 е месецот кога ќе биде премиерата на “Нашата љубов” на малата сцена на МНТ.Децата ќе играат за деца!Неверојатно патување со овие прекрасни деца веќе неколку години.МНТ ни ги исполнува нашите соништа.Сакам да ви ја честитам новата година со завршниот монолог на Саша од претставата✔️Ако не ги негуваме нивните мисли ние навистина немаме иднина??❤️❤️ @bejbishow @makedonskinarodenteatar #актерскашколавеснапетрушевска

A post shared by Vesna Petrusevska (@babymamarulz) on

]]>

Купи километри на Skopje Run 10K затоа што #Секој Километар Значи за СОС Детско село https://arhiva.vistina.com.mk/kupi-kilometri-na-skopje-run-10k-zatoa-shto-sekoj-kilometar-znachi-za-sos-detsko-selo/ Tue, 18 Sep 2018 10:45:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=48594

Трчањето во Скопје станува секојдневие, а време е хуманоста да го достигне истото ниво со #СекојКилометарЗначи
Една од трките на тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови Скопје, е и Skopje Run 10Kкоја ќе се одржи во недела, 7 октомври 2018, на бул. Илинден во Скопје, со почеток од 09.00 часот. Оваа трка отвора едно уникатно поглавје во кое се вклучија десетици познати личности. Заедно со СОС Детско село тие брзо чекорат кон зголемување на нивото на филантропија и здравиот начин на живење во Македонија. #СекојКилометарЗначи со помош на амбасадорите Марко Марк, Андреј Стојаноски, Евгениј Хоуп, Сашко Коцев, Бојан Трајковски, Едина Муса, Цеце Трајковска, Јана Стојановска, Тино Костадиновски, Влатко Грозданоски, Елена Митева, Марко Новески, Перо Георгиевски, Ирена Спировска, Катарина Ивановска, Јована Георгиева, Ивана Торес, Викторија Лоба, Димитар Атанасовски, Игор Стефановски – Иџе, Игор Ангелов, Гоце Андреевски, Гораст Цветковски и Столе Стоилов цели кон зголемување на основната човекова доблест, хуманоста. Сега секој ќе може да донира за СОС Детско село со тоа што ќе купи километри на Skopje Run 10K. Само треба да се преземе првиот чекор и да се направи профил на www.smartrace.club. Кога ќе се избере трката Skopje Run 10K се отвораат неколку можности меѓу кои и купувањето на километар за себе (ако некој се пријавил да трча) или за некој од амбасадорите. Со профилот може да се купат од 1 до 10 километри, по цена од 100 денари по километар. Воедно, и покрај големиот интерес, сѐ уште е отворена опцијата да се купат dry – fit маици од Skopje Run 10K, од кои 100 денари се донираат во истата цел. Чекор по чекор, секој може да стане дел од #СекојКилометарЗначи и да ги поддржи СОС Детско село во нивната мисија, а воедно и да го подобри својот спортски начин на живот преку учество во Skopje Run 10K. За повеќе информации може да се посетат: www.sos.mkskopje.runwww.facebook.com/SkopjeRunwww.facebook.com/detskoselomkd. За преземање на официјалната Фејсбук рамка достапен е овој линк.]]>