сопственици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Sep 2023 09:05:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сопственици – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Важни совети за сопствениците на кучиња: малку треба да направите за голема среќа на вашето милениче https://arhiva.vistina.com.mk/vazhni-soveti-za-sopstvenitsite-na-kuchina-malku-treba-da-napravite-za-golema-sreka-na-vasheto-mileniche/ Tue, 26 Sep 2023 12:30:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319708

Секој сопственик на куче разбира колку може да биде предизвик да се справи со непослушното однесување на својот четириножен пријател. Скокање, лаење, копање – сето тоа се активности кои можат да го исцрпат сопственикот. Дали некогаш сте се запрашале како да го поттикнете вашето куче да присвојува добри манири? Керолајн, која го основала училиштето за обука на кучиња Good Dog Training, истакнува дека важноста на наградувањето на кучињата за мирно однесување често се потценува. Според неа, кучињата често привлекуваат внимание кога се однесуваат непослушно, што ги мотивира да продолжат со однесувањето. Не го игнорирајте кучето кога е мирно „Ако лаењето привлекува повеќе внимание отколку мирното однесување, што мислите дека кучето ќе направи кога сака да го привлече вашето внимание?“, прашува Керолин. За да го поттикнете посакуваното однесување, важно е да не го игнорирате кучето кога се однесува смирено. Наградата за мирно седење или лежење е исто толку важна како и наградата за добро однесување за време на прошетка. „Нема потреба да го будите кучето ако спие, но ако е будно, тивко пофалете го, нежно галете го или подарете му наградата која треба да поттикне смиреност, а не возбуда, советува Керолајн“. Мирното однесување е наградено Следниот пат кога ќе забележите дека вашето куче се релаксира, наместо само да поминете покрај него, зошто да не му дадете мало задоволство или да му дадете нежни зборови на пофалба? Со примена на овој пристап, наскоро може да забележите значителни подобрувања во однесувањето на вашето куче. На крајот, вашето куче ќе разбере дека мирното однесување носи позитивни последици, кои ќе го мотивираат да биде помирен и попослушен. Извор: Курир.мк]]>

Нека гори Балкан: На Игор Џамбазов „му изгоре“ желбата да пее на исто место со полуанонимни „турбо певаљки“, пет пати поплатени од него (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/neka-gori-balkan-na-igor-dzambazov-mu-izgore-zelbata-da-pee-na-isto-mesto-so-poluanonimni-turbo-pevaljki-pet-pati-poplateni-od-nego-foto/ Tue, 26 Apr 2022 07:13:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247445

Македонија отсекогаш била Мека за естрадата... Сечија, најмногу комшиската, но не и за сопствената. Во останатите делови на регионот „нивните“ царуваат полокалите и клубовите, а нашите не можат ни да припирисаат. неможат ни да помирисаат  табановце да го минат, со чест на ретките исклучоци, чии настапи се на прсти да ги изброиш. Затоа пак нашите естрадни ѕвезди овде ја имаат најжестоката конкуренција.  И меѓу себе дома и од оние „големите“ ѕвезди однадвор, од целиот регион, а странците и да не ги споменуваме. Овде секој викенд доаѓа да пее  „шуто и рогато“ и „глуво и слепо“... Важно е добро „да меша“ и да изгледа „лепо“! Од полуанонимни турбо певаљки со една позната песна,  до разни „полумент(ол)и“  и  „шабани“  кои хараат по македонските клубови и кафеани за дебели хонорари и тоа во кеш! За сите овие години бројката се мери во милијарди денари ако не и евра, неоданочени пари  во готовина изнесени  надвор од државата, во име на добрата журка и забавата. А, журката со шунд и кич бекграунд,  зачинета со „Техеран саунд“... Не знаеш кој од кого повеќе „завива“  додека рајата во пијан транс наводно ужива од мерак, во атмосфера на колективен севдах! А, македонските ѕвезди, ништо помалку добри, дури и од многуте дојденци поквалитетни, ама „отепани“... И тоа од сите страни! На главните телевизии во ударните термини - ги нема... Чат-пат им даваат „на лажаче“ по некое минутче во ниедно време. На радио ги пуштаат од што мора, па логично е дека и локалите, особено клубовите и дискотеките повеќе ги преферираат „Гранд“, „Пинк“, „ДМ Сат“, „Пајнер“... или кои веќе од комшиските пејачи! И тоа за пет-шест пати поголеми хонорари! А државата „не ја боли уво“  за многу поважни нешта, а камо ли што домашната естрада страда! Токму затоа македонскиот шоумен и блузер Игор Џамбазов, реши повеќе да не биде неоправдано „лузер“, па на газдите на македонските локали лутито им порача дека повеќе нема да настапува... Не секаде, се разбира, туку на исто место со оние кои не се достојни со него да застанат на иста сцена, а газдите им плаќаат пет пати повисока цена! Колку ќе остане доследен, ќе видиме... Дали дур е жив, како што рече или... Ќе мора да попушти под налетот на отворените деколтеа, танцот на колковите и задниците  на “турбо певаљките“ кои можеби дури и полошо пејат, ама затоа од него сто пати подобро „мешаат“ на сцена... А и вон неа! И ќе „мешаат“... дур се живи! Се' дур има „сељобери“! Па, нека гори Балкан...! Очигледно и ние сосе него!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Фото: Инстаграм принтскрин/tea_tairovic/igordzambazov
]]>

Шеф Марк и сопругата преспаа во „Преспав“, ама оној вистинскиот сосе сопствениците (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/shef-mark-i-soprugata-prespaa-vo-prespav-ama-onoj-vistinskiot-sose-sopstvenicite-foto/ Sat, 05 Feb 2022 07:21:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190217

Иако по потекло е е Белгија, познатиот шеф Марк кој речиси секој го препозанва од кулинарското шоу „Брза кујна“, е вистински заљубен во Македонија. Тоа досега многупати го има истакнато пред камера, а не само што му се допаѓа традиционалната македонска кујна, тој ги сака и природните убавини на Македонија и патувањата во различни краишта од земјата. Овој пат, на својот Фејсбук профил тој се присети на патувањето до Преспа, односно Отешево кое пак е инспирација за популарната македонска серија „Преспав“. Марк и неговата сопруга Василка преспаа во „Преспав“, односно вистинското име на хотелот е „Лејквју“, ги запознаа вистинските сопстевеници и моментите ги овековечија со неколку фотографии за спомен, кои Марк сега ги објави пред своите пријатели и следбеници на социјалните мрежи. -Преспавме во Преспав... Убавина заборавена...чист воздух...здрава и вкусна храна и добра услуга...одлично сместување...газди со големо срце, пишува Марк. Во никој случај не пропушти да ја види кујната, да ги проба преспанските специјалитети и да го запознае шефот во кујната. Марк уште еднаш им даде идеја на сите кое место да го стават на мапата и агендата за патување со едно поинакво доживување. Фото: Марк де Јонг/Фејсбук принтскрин]]>

Знаете ли зошто мачките го носат својот уловен плен кај сопствениците? https://arhiva.vistina.com.mk/znaete-li-zoshto-machkite-go-nosat-svojot-uloven-plen-kaj-sopstvenicite/ Sat, 02 Oct 2021 09:40:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221557

Доколку редовно ја пуштате вашата мачка надвор од домот, многу е веројатно дека таа веќе неколкупати го донела својот улов кога се враќа дома. Списанието „Натјурал комјуникејшнс“ (Natural Communications) открива зошто мачките го прават тоа. Во куќата, мачките најчесто само спијат или си играат, но кога ќе се најдат в природа, тие целосно му се препуштаат на својот ловечки инстинкт. Мачките се многу способни, паметни и вешти грабливци. Имаат многу развиен ноќен вид и неверојатно брзи и умешни движења… Ловот е вештина што ја учат од нивната мајка, која им носи мртви животни, а подоцна и полуживи за мачињата „да ја довршат работата“. Кога мачињата ќе пораснат, мајката ги зема со себе на лов. На овој начин мајката ги учи малечките да преживеат во дивината. Набљудувајќи го ова, познавачите заклучиле дека мачките им го носат уловот на сопствениците за тие да се нахранат или да им се заблагодарат за грижата. Тој „подарок“ обично се мртви птици, глувци и други помали животни.]]>