соочи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 01 Nov 2022 13:51:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png соочи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Дали вашиот партнер знае да се соочува со проблемите? https://arhiva.vistina.com.mk/dali-vashiot-partner-znae-da-se-soochuva-so-problemite/ Tue, 01 Nov 2022 13:51:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273832

Кога луѓето созреваат и што всушност значи тоа? Има некои работи кои емоционално зрелите луѓе едноставно не ги прават. Многу врски прекинале бидејќи емоционалната зрелост на партнерите не била на исто ниво и има показатели што укажуваат на тоа дека партнерот можеби е возрасен, но и понатаму е незрел. Соочувањето со проблемите е најдобар показател за емоционалната зрелост на еден човек. Ова се особини на луѓето кои се емоционално зрели: Без разлика каков му бил денот, ќе ве сослуша. По тежок ден на работа, сепак има време и внимание за вашиот ден, а ако може, ќе ви понуди и решение за проблемот. Кога зборувате, не се „исклучува“, туку активно слуша. Нема проблем што би го „ставил под тепих“. Дури и ако знае дека темата ќе предизвика тензија меѓу вас, настојува да го решите проблемот бидејќи знае дека така се јакне врската и се гради довербата и стабилноста меѓу вас. Не реагира импулсивно. Кога се расправате тој е оној кој „ја спушта топката“. Никогаш не би кажал нешто „во афект“ што би ве повредило или навредило, туку аргументирано зборува за своите ставови. Секогаш е љубезен кон вашите пријатели и семејството. Дури и кон оние за кои ви кажал дека не му се допаѓаат, сепак е цивилизиран и пријатен во нивно друштво. Знае дека тоа ви е важно вам и се труди да се одржи балансот. Енергијата ја чува за навистина важните работи, а не да се расправа за една вечера со вашата пријателка која можеби одвај ја поднесува. Извор:Кајгана.мк]]>