сообраќајна несреќе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 04 Aug 2020 15:43:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сообраќајна несреќе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Рајко Дујмиќ: Фронтменот на легендарните „Нови фосили“ ја изгуби битката со животот во сообраќајна несреќа https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-rajko-dujmikj-frontmenot-na-legendarnite-novi-fosili-ja-izgubi-bitkata-so-zivotot-vo-soobrakjajna-nesrekja/ Tue, 04 Aug 2020 15:20:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161798

Рајко Дујмиќ,  познатиот хрватски композитор и долгогодишен лидер на легендарната група „Нови фосили“ почина денес, на 66-годишна возраст, во болница во Риека, јавува Вечерњи.хр. Тој се здобил со тешки повреди на главата минатата среда, 29 јули, во сообраќајна несреќа, кога слетал од патот и при тоа и самиот излетал од автомобилот. Веднаш по сообраќајната незгода, Дујмиќ бил пренесен во единицата за интензивна нега во болницата Сушак во Риека, а Клиничкиот болнички центар во Риека во истиот момент објавил дека фронтменот на „Нови фосили“ е во животна опасност. Веднаш по несреќата, Снежана Дујмиќ, сопруга на Рајко, се огласи на Фејсбук и објави дека музичарот е во кома. „Ве молам, молете се да се разбуди од кома“ - напиша тогаш Снежана Дујмиќ, а само неколку часа пред неговата смрт, на Фејсбук ја објавила неговата најдрага песна. Несреќата се случила на 29 јули, околу 17:15 часот, кога Дујмиќ заради неприлагодена брзина излетал од патот со својот џип Фолцваген - Тигуан и завршил на падината над бездната. Според  информациите, во сообраќајната несреќа во која  настрада сега починатиот Дујмиќ, не учествувало друго возило, а и тој бил сам во неговото возило, кое било со загребски регистарски ознаки. Хитовите на „Нови фосили“ и денес се пејат, а нивните плочи се продадени во неколку милиони копии со што станаа најуспешната дискографска група на сите времиња во регионот. Рајко Дујмиќ  соработувал и со неколку познати и популарни вокални солисти, особено со Јасна Злокиќ и Јасмин Ставрос. Својот прв и единствен кантавторски албум „Низводно од рајот“ го издава во 1993 година. Тој е познат и како композитор на филмска музика, реклами, како и најавната шпица за  телевизиското шоу „Добро утро, Хрватска“. Работел и на сценска музика за претставата „Дундо Мароје“ во 1995 година во Гавела, во режија на Крешимир Доленчиќ, а за претставата „Осум лесни парчиња“ во режија на Нина Кефлин. Свирел електрична органа во рок операта „Губец бег“ во која главвните улоги ги играа Бранко Блаже и Јосипа Лисац. Песната „Мојата татковина“, напишана заедно од Рајко Дујмиќ и Зринко Тутиќ, ќе биде запаметена особено во срцата на многу луѓе. Во овој своевиден „бенд еид“ учествуваа 150 музичари, кои ја отпеаја најубавата патриотска песна во 1991 година. Тој ја доби наградата „Порин“ за животно дело во 2013 година.
 
View this post on Instagram
 
#RetroThursday ? Prisjetimo se nekih dobrih starih vremena... i da - sretan rođendan Vladimir Kočiš Zec! ??

A post shared by Croatian Music Channel (@cmc_televizija) on

Фото:  Cropix/ Instagram  принтскрин/#novifosili]]>