сонувам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 05 Dec 2023 13:28:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сонувам – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Скопското дуо „Vertigo“ ја опишуваат моќта на соништата за бегство од стварноста во – „Сонувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/skopskoto-duo-vertigo-ja-opishuvaat-mokta-na-sonishtata-za-begstvo-od-stvarnosta-vo-sonuvam-video/ Tue, 05 Dec 2023 13:28:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330045

Vertigo е млад бенд од Скопје, кој го составуваат Јана Мирчевска - вокал и Стефан Трајкоски - гитара. Нивната музика и творештво се вдишани од разновидноста на музичките жанрови што ги слушаат, и како резултат, нивната музика нема конкретен стилски правец, туку претставува синтеза на различни жанрови и влијанија. Во музичкиот креативен процес, Vertigo се фокусираат на изразот, слободата и издигнувањето на индивидуалниот звук. Ова означува дека бендот го следи својот уникатен пат во творештвото. Нивниот прв сингл, "Too Late" претставува илустрација на оваа силна креативна слобода и духовно разнообразие. Песната се издвојува со својата разноликост во звукот. Во "Too Late" може да се чујат елементи од неколку различни музички стилови како: поп, рок, амбиент рок, хард рок и други. Vertigo, како млад бенд, дефинитивно е нешто ново за македонската и глобалната музичка сцена. После неколку месеци од нивниот прв официјален сингл “Too Late”, Vertigo се враќаат со нивниот нов сингл „Сонувам“. За музиката, аранжманот, миксинг и мастеринг е одговорен Толга “ТOBY” Мазхар кој неодамна соработуваше со Елена Китиќ, Раус и 2Бона. Исто така за музиката е одговорен Стефан Трајкоски, а заедно со Јана Мирчевска се заслужни за текстот. Песната ја доловува трансформативната и воздигнувачка моќ на соништата, кои обезбедуваат бегство од секојдневието или тешките аспекти на животот и носат чувство на радост и исполнување. Текстот на "Сонувам" не дава конкретни детали за содржината на сонот, туку се фокусира на емотивното искуство од него. Се надеваме дека ќе ве однесе некаде каде што ќе се чувствувате живи, надежни и далеку од секојдневието. Како звучи „Сонувам“ визуелизирана со анимирано лирик видео проследете во продолжение: ]]>

Тијана Периќ низ песна ви доловува како е кога разумот молчи, а само срцето слуша во – „Сонувам“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tijana-perikj-niz-pesna-vi-dolovuva-kako-e-koga-razumot-molchi-a-samo-srceto-slusha-vo-sonuvam-video/ Mon, 05 Sep 2022 05:45:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=265523

20-годишната Тијана Периќ вчеравечер ја промовираше својата втора песна, насловена како „Сонувам“. За „Сонувам“ најмногу е заслужен Ѓорѓи Крстевски, кој е комплетен автор на песната, но ништо без Иван Петровски - гитара, Џоле Максимовски - бас гитара, Иле Спасев - микс и мастеринг и Сара Пројковска која ги пее придружните вокали. „Во песната пеам за љубов којашто е многу силна, толку силна што може да помине низ секаква бура од емоции и на крајот повторно да остане само чиста, силна и вистинска... Кога разумот молчи, само срцето слуша“- вели Тијана. Уникатноста во цел овој музички пакет се крие во видеоспотот. Ана Стрелкова преку својот единствен талент за цртање на песок, на целиот проект му дава една поинаква уметничка димензија. „Песната се подготвуваше пет месеци со тоа што најмногу време и труд беше вложен во тоа спотот да се поклопи целосно со песната, па затоа цртањето на песок ни одзеде многу време, но на крајот се исплатеше. Крајниот резултат е уметничко дело што ни ги задоволи очекувањата и притоа е прво вакво нешто уметничко кај нас“, открива пејачката. Инаку, ова е втора песна на Тијана, после „Писмо“, со која стана дел од македонското музичко небо. Периќ студира на Факултетот за музичка уметност и вели дека сака да остане доследна на својот музички правец, и покрај тоа што сосема поинаква музика во моментов е многу популарна. „Сонувам за успех по патот по којшто почнав да чекорам. Верувам дека секој труд и квалитет се исплатат и затоа трпеливо ќе сонувам за ‘моите 5 минути’, а дотогаш останува да работам на себе и да не престанам да се трудам и напредувам“, вели Тијана Периќ. Слушнете ја „Сонувам“ и споделете ја со вашите пријатели. ]]>