Сонцето не грее од сите страни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 18 Jul 2023 06:22:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Сонцето не грее од сите страни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Го познава цел свет, а само Македонија му е во срце: Ване Црнгаров – единствениот македонски Елвис Присли не го сонува животот, туку го живее сонот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/go-poznava-tsel-svet-a-samo-makedonija-mu-e-vo-srtse-vane-tsrngarov-edinstveniot-makedonski-elvis-prisli-ne-go-sonuva-zhivotot-tuku-go-zhivee-sonot-foto/ Tue, 18 Jul 2023 06:13:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310524

„Jailhouse Rock“ е насловот на албумот на единствениот македонски Елвис Присли, Ване Црнгаров, а беше промовиран вчера, (понеделник, 17. јули 2023 год.) во култното скопско музичко кафуле „Аудиокултура“. Албумот содржи осум песни - кавер верзии и е втор албум, кој досега го има снимено Ване со песни на кралот на рокенролот. Ване, кој и физички неверојатно личи на Елвис Присли, на промоцијата дојде облечен во костум, по каков беше препознатлив рок ен рол кралот, за да ја прослави 30 годишнината од неговата кариераво која има снимено три албуми. Првиот е со македонски фолк песни, од кои тој е аавтор на повеќето,  вториот е со песни од Елвис Присли, како и сегашниот со грст познати негови хитови. „Австралиските медиуми се „виновници“, тие ми ја дадоа идејата да го продолжам ликот и делото на Елвис Присли. На почетокот ми беше чудно, кога непознати луге ме застануваа на улица да се сликаат со мене, бидејќи сум бил како Елвис. Оттука и почна се. Ги научивнеговите песни, а со нив го совладав и јазикот, односно акцентот. Тоа се случи на почетокот, бидејќи јас потекнувам од Струмица, но 25 години живеам во Мелбурн. Но, и покрај тоа јас никогаш не ја заборавив Македонија. Секое лето сум тука, а понекогаш и зиме. Така и ќе остане. Без оглед што сум толку далеку од дома, во мене сепак грее нашето сонце, вели Ване и најавува многу идни планови. Но, ова не е единствениот повод, бидејќи Ване го најави и  документарецот насловен како  „Сонцето не грее од сите страни“, посветен на неговиот лик и дело. Документарниот филм го финансираше Ал Џезеира, а ќе биде , премиерно прикажан на 6 август, на филмскиот фестивал „Астер фест“ во Струмица.  Продуцент на документарниот филм е Дејан Милошевски, режија Глигор Кондовски, а документарниот филм е во продукција на „Револушн“. „Ване потекнува од типично македонско семјество, и по душа и по срце. Роден е во село Куклиш, Струмица, во 1974 година. За него најважен е домот и семејството. Но и сонот да стане познат музичар и да го забавува светот. Иако, за некој од таков крај, тоа е речиси и невозможно. Сепак, Ване ќе остане носител на традицијата, но, ќе стане и носител на новото и промените“ - рече водителката Оливера Петрушевска, која е и дел од документарецот и  додаде: „Денес, Ване не го сонува животот, го живее својот сон. Сонот од кој не сака да се разбуди. И, како што ќе каже своевремено Елвис Присли: „„Ако ја сакате музиката морате да и се препуштите„. Така, и македонскиот Елвис Присли од Куклиш верува во моќта на желбата и преку музиката го живее сонот! И, ќе рече: „Најмногу од се, сакам после концерт луѓето да размислуваат за мене, дури и кога ќе заминат дома“  потенцираше Оливера. Ване не е познат само на македонската јавност, туку и е светски познат како единствениот Македонец, почитувач на делото на кралот на рокенролот Елвис Присли.   Тој е чест гостин во австралиските медиуми, а во 2007 години учествуваше на единствениот фестивал во родното место на Присли, Тенеси, САД, каде се натпреваруваат артисти од цел свет.  Во 2017 година исто така беше единствениот Македонец кој настапи во Лас Вегас и секако единствениот кој имаше можност за средба со неговата ќерка Лиза Мери Присли во Мелбурн, како и со дел од членовите на неговиот бенд, додека престојуваше на фестивалот. Како македонски Елвис Присли тој ја имаше можноста да биде дел од филмот „Знаење“, во кој главната улога ја толкува Николас Кејџ, а и еден од ретките кој ја имал можноста да се дружи со дел од познатите холивудски актери.  ]]>