соња тодорова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Jul 2021 06:35:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png соња тодорова – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Димса стана татко: Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ доби син (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimsa-stana-tatko-portparolot-na-vmro-dpmne-dobi-sin-foto/ Tue, 13 Jul 2021 06:35:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210757

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски доби син. Димса, како што му е прекарот по кој сите го знаат, среќната вест  ја објави на социјалните мрежи.
„Денес ми се роди син, станав татко!!! Фала на Бог и на жена ми Соња Тодорова што ми дари син и што ме направи најсреќен татко на овој голем празник христијански!!! Сине жив, здрав и среќен да растеш!!!“, напиша среќниот татко Арсовски по дознавањето на убавата вест на празникот Петровден. Среќната мајка исто така му возврати на социјалните мрежи со еден емотикон во вид на срце, споделен покрај неговата објава!
Инаку Димче и Соња се венчаа во месец март 2021 година, а заради корона пандемијата на малата семејна веселба присуствуваа само нивните најблиски. Претходно во средината на јануари Димса ја побара раката на својата сакана објавувајќи дека става крај на ергенскиот живот, но и тоа дека со својата тогашна свршеница веќе чекаат бебе, синчето кое сега дојде на свет. Димче Арсовски стави крај на ергенскиот живот: Соња е убавицата што му го освои срцето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Редакцијата на Вистина.ком.мк се придружува кон честитките со желби да им е живо и здраво синчето и цел живот да ги прави среќни и горди родители... Не родител 1 и 2, туку среќни и горди мајка и татко! Фото: Социјални мрежи
]]>

Димче Арсовски стави крај на ергенскиот живот: Соња е убавицата што му го освои срцето на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dimche-arsovski-stavi-kraj-na-ergenskiot-zivot-sonja-e-ubavicata-shto-mu-go-osvoi-srceto-na-portparolot-na-vmro-dpmne-foto/ Fri, 22 Jan 2021 09:12:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186264

Иако корона пандемијата се уште не е стишана, годинава тргнало на свршувачки... Уште во првите денови од jануари мириса на свадба. Oсобено кај младите политичари, кои последниве години важат за најпожелни ергени, зашто политиката некако стана ем најекспонирана, ем најдоходовна, па политичарите кај нас се поголеми ѕвезди и од оние естрадните. Нејсе, први нога повлекоа портпаролите. И тоа не двете најголеми парии во Република Македонија за нас и за едните, Северна за другите. На Костадин Костадинов, актуелен пратеник и портпарол на владеачката СДСМ, „Бог му пушти знак“ - како што самиот рече, па ја побара својата сакана Марија за жена, со дијамнатски прстен! Како на Коста - Манулaќ, така и на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски - Димса оваа година исто така му започна среќно на приватен план. Nа 17 јануари тој го прослави својот роденден. Неговата девојка Соња тогаш сподели фотографија од него на која Димса дува свеќички на славеничката торта и напиша: „Среќен роденден љубов моја. Ти посакувам многу здравје и среќа, а желбите веќе ни се остварија“, му порача Соња на саканиот. Но, среќата не заврши тука. Утредента Арсовски на социјалните мрежи го обзнани она што неговата девојка го наговести: Дека става крај на ергенскиот живот и дека ја побарал раката на Соња. Фотографијата на која Димса ја држи  раката на Соња, на која во преден план блеска свршеничкиот прстен, кажува се'. Дотогашниот ерген пак, само кусо појасни во описот: „Доста беше, до вечноста“, напиша  тој на социјалните мрежи. За Димса важи дека е „златно дете“, но затоа пак и неговата свршеница е вистинска убавица со манекенска става и ангелски лик. Налик на манекенките и моделите од насловниците на светските модни магазини. Инаку, Соња Тодорова по потекло е од Струмица и е основач на маркетинг агенцијата Дот Медиа. Убавата вест и таа исто така ја сподели на социјалните мрежи. „Роденденски подарок за мене или за него? За двајцата! До вечноста, љубов моја“ - напиша Соња на својот профил на социјалните мрежи, потврдувајќи ја убавата вест за свршувачката на среќната двојка. Датумот на свадбата се' уште не го обзнанија? Не барем јавно! Веројатно ќе почекаат малку да се стиша коронапандемијата и да се создадат услови за вистинска свадбена веселба со сите адети, по сите тертипи, онака како што прилега на една вистинска македонска млада двојка идни брачни другари и сопружници. Освен, ако не мора баш да се побрза...?! Како и да е честитки и нека им е со среќа свршувачката! Фото: Социјални мрежи - принтскрин