соната – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 22 Oct 2019 08:16:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png соната – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кате и Трајче од „Соната“ јавно ја покажаа ќеркичката: Семејството по прошетката – на пауза… за некого за пиење, за некого за спиење! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kate-i-trajche-od-sonata-javno-ja-pokazaa-kjerkichkata-semejstvoto-po-proshetkata-na-pauza-za-nekogo-za-pienje-za-nekogo-za-spienje-foto/ Tue, 22 Oct 2019 08:16:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113850

Пејачката и клавијатуристот на велешката фолк група „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков можеби го држеа македонскиот рекорд меѓу естрадните личности со љубовна врска која, замислете, траеше  цели 18 година! Откако беа љубовници речиси две децении, годинава во мај решија да станат и сопружници, па ја направија својата венчавка и семејна веселба, откако невестата беше влезена во осмиот месец на бременоста. Еден месец подоцна откако го го кажаа судбоносното „ДА“, на 24 јуни 2019 да ја добијата својата прва принова. Младите за неполн месец од бракот станаа родители, откако Кате на свет ја донесе малата принцеза, ќеркичката Ана. И како што долго и умешно ја криеја бременоста на пејачката се' до венчавката, така Кате и Трајче од  очите јавноста ја криеја и малечката убавица. Некои велат заради суеверие, с' краја да е,  некој да не ја урочи, други пак, заради тоа што музичката двојка е скромна и не сака многу приватноста јавно да ја експонира...   Како и да е и покрај зголемениот број обврски летово, Кате и Трајче најдоа малку време за себе и своето проширено семејство и секако најновиот член во него, па излегоа на прошетка. Убавото време и продолженото лето се како создадени да се излезе надвор од домот, па брачната двојка и нивната ќеркичка го искористија моментот да се прошетаат и уживаат на убавото време. А, после прошетката време за мала пауза. За некого за спиење, за некого за пиење. Мама - топло кафенце, тато - ладно пивце, а малечката убавица, слатки сништа на отворено во своето креветче на тркалца!  Семејна хармонија во која се' штима како по ноти, а сите тројца - среќни и задоволни!    ]]>

Се породи Катерина – пејачката на фолк групата „Соната“: Минатиот месец невеста, овој мајка! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/se-porodi-katerina-pejachkata-na-folk-grupata-sonata-minatiot-mesec-nevesta-ovoj-majka-foto/ Tue, 25 Jun 2019 07:55:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=94270

Пејачката и клавијатуристот на велешката фолк група „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков по цели 18 години љубовна врска, пред точно еден месец го кажаа судбоносното „ДА“, венчајќи се пред матичар, за вчера, 24 јуни 2019 во попладневните часови брачната двојка да  објави уште една среќна вест. Можеби и посреќна од самата венчавка.
Имено, ако минатиот месец беше невеста, шармантната Кате од овој месец е мајка! Или поточно, младоженците за неполн месец станаа родители!
Имено, русокосата велешанка на свет го донесе своето прво чедо, па така Катерина и Трајче станаа родители на прекрасно девојче. Можеби навидум  изгледа чудно, но  не е ако се знае дека Катерина влезе во брак со Трајче во осмиот месец од бременоста, која мора да се признае, многу умешно ја криеше од јавноста се до венчавката.
Малата убавица го доби името Ана, а со нејзиното доаѓање на свет во една елитна скопска приватна клиника, дојдоа и првите честитки, се разбира од најблиските, роднините, пријателите, колегите...
Дури и слатката торта за новопристигнатата принцеза пристигна со нејзиното раѓање, како и преубавата порака за добредојде на овој свет на малата Ана!
Девојче е, а дали ќе биде и пејачка на мама? Или музичар на тато? Или можеби обете?
Девојките го движат светот, затоа... Нека е жива и здрава!
Талентот за музика и дарбата за пеење сигурно се некаде запишани во гените, а патот, самата ќе си го одбере кога ќе дојде вистинското време за тоа!]]>

По 18 години водење љубов, Катерина и Трајче од групата „Соната“, се венчаа: Пејачката е во осмиот месец на бременоста па затоа, прво принова, па после свадба! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/po-18-godini-vodenje-ljubov-katerina-i-trajche-od-grupata-sonata-se-venchaa-pejachkata-e-vo-osmiot-mesec-na-bremenosta-pa-zatoa-prvo-prinova-pa-posle-svadba-foto/ Sat, 25 May 2019 09:57:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=89544

Тие важат за еден од најтивките, најдискретните, најмистериозните љубовни двојки на естрадата, иако заедно се уште „од деца“. Пејачката и клавијатуристот на велешката фолк група „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков верувале или не цели 18 години водеа љубов и беа во врска, за конечно деновиве да го кажат судбоносното „ДА“, венчајќи се пред матичар.
Распеаната невеста стана сопруга, а за нешто повеќе од еден месец и мајка, зашто Катерина влегува во брак со Трајче во осмиот месец од бременоста, која мора да се признае, умешно ја криеше од јавноста.
Овој пат убавата вест редно и убаво беше да се сподели со јавноста, па новопечените сопружници тоа го сторија преку социјалните мрежи, каде ја обзанија својата венчавка. Како што се дознава, естрадно-брачната двојка сега се подготвува за двојна веселба.
Со оглед на околностите, најпрвин ќе се чека да дојде на свет приновата во семејството, а по породувањето и изминувањето на одреден период, на ред ќе дојде и семејната свадбена веселба.
Конечно, тие цел живот им свиреа и пееја на други, па сега на ред е некој друг и да запее, засвири и заигра и на прославата на нивната семејна среќа, на која повеќе од веројатно дека нема да пропуштат и самите да и се придружат на музиката. Или што би рекле, да си засвират и запејат и на сопствената свадба!?
Во меѓувреме, додека ја чекаме нивната „соната во бело“,  идните  родители и семејството најпрвин ќе му се израдуваат на нивното новородено чедо, кое прво „ќе пушти глас“!  ]]>