солун – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 19 Aug 2019 09:44:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png солун – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лила во „грчка поза“ на јахта: Грчкото знаме на погрешно место или водителката ја наместија во грешен кадар? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/lila-vo-grchka-poza-na-jahta-grchkoto-zname-na-pogreshno-mesto-ili-voditelkata-ja-namestija-vo-greshen-kadar-foto/ Mon, 19 Aug 2019 07:03:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102756

Лила со  посака малку да се одмори од се', па реши да си даде оддишка на душата и умот, на викенд во Солун. Држејќи се до максимата: „Ако се најдеш себе си во погрешна приказна - напушти ја“, Лила реши да смени друштво, ама не и старите добри навики.
Поглед на море од тераса на еден од најпознатирте хотели во самиот центар на Солун, па малку прошетка со јахта по егејот и се разбира, сето тоа овековечено за на социјалните мрежи, за спомен и долго сеќавање... Арно ама каква поза, такви спомени, велат. А позата на Лила легната на јахта - божествена. Морско синило, едноделен костим за капење со длабоко деколте од кое љубопитно ѕиркаат надградените адути на водителката, која ужива со чаша скапо шампањско на јахтата и секако, знамето кое означува во чии води е пловилото.
Се' е потаман и правилно распоредено, освен позата на водителката или поточно кадарот во кој, оној што ја сликал, ја фатил или наместил... за фотографирање, без да и каже! Зашто ако подобро загледате и самите ќе видите каде завршува мини јарболот на грчкото знаменце? Лила со „Моет“ пред себе и со... „то пустињето“ зад себе?
„Моет? З'ш да не моет, баш е секси“ - што би рекле охриѓани каде Лила потоа замина да се доолабави, во хотелот на својата матична  ТВ куќа и фирма!  ]]>

„Македонско девојче“ ечеше среде Солун (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonsko-devojche-echeshe-srede-solun-video/ Fri, 09 Aug 2019 12:15:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=101360

Познатата македонска песна „Македонско девојче“, во инструментална изведба, можеше да се слушне среде Солун. Уличен кларинетист ја отсвире на шеталиштето покрај морето, а видеото го објави Обединета Македонска Дијаспора. https://www.youtube.com/watch?v=Xp0HNXQuK1M]]>

Љупка Митрова им го сврте грбот на Грците: Панорама на Солун од високо, со струмичка позадина, одблизу! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ljupka-mitrova-im-go-svrte-grbot-na-grcite-panorama-na-solun-od-visoko-so-strumichka-pozadina-odblizu-foto/ Thu, 02 May 2019 07:44:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=85490

Атрактивната  македонска модна блогерка инфлуенсерка празникот на трудот го мина рекреативно, ама не во природа туку во урбана средина. Љупка Митрова реши за 1-ви Мај да се прошета до Солун.
Времето како по обичај за овој празник: така - така... Па, иако не беше баш погодено за на плажа, атрактивната струмичанка сепак реши да му се спротистави.
Така, на тераста сместена на покривот на солунскиот хотел Љупка се расоблече по бикини, па ги собра сите погледи.
Најпрвин седната крај базенот, ја покажа расцветаната ружичка... Се разбира онаа, истетовирана на левата страна од рамната снага, па потоа побрза да се качи на покрив. Оттаму, од кровната тераса, ем да ужива во погледот на прекрасната солунска панорама, ем да фати некој сончев зрак кој срамежливо се пробиваше низ облачното небо.
Сексапилната струмичанка им го сврте грбот на Солун и Грците, ама овој пат никој не се бунеше.  Напротив, на општо задоволство на оние што се најдоа на исто место со неа! Зашто ваква глетка ретко се гледа. Панорама на Солун од високо со струмичка позадина, одблизу. Солун убаво изгледа од одозгора, а Љупка... уште поубаво, од која страна и да ја погледнеш! Бујна и раскошна за сите прилики, од Струмица до... Тесалоники!  ]]>

Јелена Спенџарска на „ерга омнес“ викенд: Пар рози за Вас мадам… и практична примена на Преспанскиот… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-spendzarska-na-erga-omnes-vikend-par-rozi-za-vas-madam-i-praktichna-primena-na-prespanskiot-foto/ Mon, 12 Nov 2018 08:23:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57350

Јелена Спенџарска не се прибра „дома“... Летото го мина по егзотичните дестинации, што Шпанија, што Италија, што Грција... а есента исто така подготвено ја дочека во странство. Овој пат на викенд, кај јужниот сосед. ТВ каналот во кој работи мора добро да ја плаќа... или некој добро да чести? Но, како и да е, тоа не и и толку важно, важно е  вита Јела да е среќна и здоволна, а тоа да не и го комплицира животот.
До душа таа комбинација и не е баш така лесно изводлива, ама... за кого како?! Спенџарска е на два ума, или поточно пред мудар избор. Така барем самата напишала во постираниот текст покрај последната фотографија на која е сликана крај  морето на познатото солунско шеталиште.  Замислената беровка со скопска адреса на живеење со својата фигура ја надополнува солунската есенска идила, а на фотографијата навидум нема ништо необично... Освен, цвеќето што Спенџарска го држи в рака.
„Есенски рози за Вас мадам...“ - ах, колку би било романтично, розите да не се ДВЕ на број! Зашто „букет“ со парен број на цветови, за жал знаете веќе каде се носи! Нејсе, ајде и тоа некако... Не знаел тој што ги даав, па ќе научи... А и таа што го прима... „парниот букет“!  Важно  „парот“ да е среќен! Како што е важен и впечатокот кој го оставате за себе и земјата од која доаѓате.
А водителката тркна до СОЛУН,  па кога се врати дома, по се' изгледа заборави од каде доаѓа... Или каде била?! Уште не ратификуван, Спенџарска прва почна да го „спроведува на дело“ Преспанскиот договор и имињата на топонимите и дома да ги применува во оригинал.  Имено, беровката си се пофали на Инстаграм со „ерга омнес викенд“: дека наместо во СОЛУН била во ТЕСАЛОНИКИ! И после Јорго ни е крив? Пардон, виновен?  ]]>

Со долга коса и брада: Бурак Озчивит фотографиран во Солун (фото +видео) https://arhiva.vistina.com.mk/so-dolga-kosa-i-brada-burak-ozchivit-fotografiran-vo-solun-foto-video/ Fri, 17 Aug 2018 09:46:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=43532

Турскиот актер Бурак Озчивит едноставно не може да помине ниеден ден, а да не биде под будното око на јавноста, папараците, новинарите. Но, таква е славата, а нему тоа му е доста добро познато. Имено, тој деновиве престојува во Грција, а беше фотографиран и во Солун.
Она што може да се забележи е дека има доста подолга коса и брада, кои мора да признаеме дека одлично му прилегаат.
Инаку, неодамна во турските медиуми се пишуваше дека Бурак е во депресија поради работата, но тој тоа го негираше со изјавата дека се смее кога чита такви вести.
]]>

Ќерката на Цеца ја покажа палмичката: Анастасија Ражнатовиќ се сонча во Солун (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kjerkata-na-ceca-ja-pokaza-palmichkata-anastasija-raznatovikj-se-soncha-vo-solun-foto/ Thu, 05 Jul 2018 12:26:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36358

Ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ деновиве со својата другарка ужива во Солун. Отседнати во еден од елитните солунски хотели во центарот на градот со поглед на море, девојките уживаат во летото и неговите убавини.
Како морето среде Солунското пристаниште не е баш за капење, тие ги користат услугите на хотелскиот базен за сончање, разладување и капење, ама и за по некое жешко селфи.
Имено, Анастасија ги симна прерамките од бикинито за што подобро да фати бронзена боја...
...Па додека си поигруваше со камерата на мобилниот, во кадар влета и нејзината палмичка...
Се разбира онаа, од долниот дел на костимот за капење, кој беше толку спуштен надолу што можеше да се види и несончаниот дел под пупачето, што се крие зад бикинито.

На Анета Наковска и го „налепија“ Закинтос, а и го премолчаа Солун: Сакајќи да и „сместат“ на фолкерката, испаднаа „смешни“?! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-aneta-nakovska-i-go-nalepija-zakintos-a-i-go-premolchaa-solun-sakajkji-da-i-smestat-na-folkerkata-ispadnaa-smeshni-foto-video/ Tue, 06 Mar 2018 08:09:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14985

Коментирајќи го неделниот протест ,,Нашето име е наше право’’ на плоштадот Македонија во Скопје, некои од  провладините медиуми и нивните електронски изданија сакајќи да ја релативизираат сериозноста и бројноста на истиот, се обидоа на шеговит начин ги (дис)квалифицираат некои од непосредните говорници и учесници на истиот. Меѓу останатите на тапет  и некои од пејачите кои се најдоа на говорницата , односно сцената како фолк пејачката Анета Наковска, на пример. Така, електронското издание на политичкиот интернет забавник, како што себеси се нарекува „Фокус“ коментирајќи кој се од пејачите настапил на протестот во вчерашното издание од 05 март 2018, во насловот на текстот пишува: „Сними спот на Закинтос, па порача дека името не го даваме“ - иронично алудирајќи на фолк пејачката Анета Наковска.
И не дека не се во право... само што правото намерно го искривуваат, за да ја искриват и сликата за некого, кој си ја сака својата земја и својот народ, зашто таквиот патриотизам во дадениот момент не му одговара на актуелниот режим и неговите медиумски мегафони!
Имено, Анета Наковска пред две години снимала на споменатата локација во што нема ниту нешто страшно, ниту е непатриотски!? Конечно, половина Македонија оди кај јужниот сосед на летување, што не значи дека  се сите изроди и предавници кои не си ја сакаат татковината, името, нацијата, идентитетот, јазикот... и не излегуваат на протести кога истите ни се загрозени!
Конечно, споменатата македонска фолкерка беше една од ретките, ако не и единствената, која среде истата таа Грција или поточно, среде Солун отпеа македонска народна песна со патриотска содржина на Македонски јазик... И згора на сето тоа, среде Солун снимаше и дел од кадрите за видеоспотот за истата таа песна насловена „Ајде в наша родина“. 
Дали од незнаење или од пуста желба да им удоволат на оние чии поддржувачи се, овие од политичкиот интернет забавник го премолчеле овој факт, па наместо пофалби за патриотскиот чин - и тогаш и сега, Анета Наковска доби етиката во стилот: „Се збодна таму да снимаш, а сега против истите протестираш“. 
Да беше поинаку, а тие и нивните во поинаква позиција, ќе беше обратно! Вака, на Наковска македонската песна со патриотска содржина „Ајде в наша родина“ и  спотот од Солун и ги премолчеа, ама затоа устата и пишаните редови им се полни со Закинтос и „Дај Џони“!       https://www.youtube.com/watch?v=k42svUBo_Qk  ]]>

Светска премиера на „Исцелител“ нa филмски фестивал во Солун https://arhiva.vistina.com.mk/svetska-premiera-na-iscelitel-na-filmski-festival-vo-solun/ Thu, 09 Nov 2017 13:47:08 +0000 http://vistina.mk/?p=3171

Долгометражниот игран филм „Исцелител“ на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески вечерва ќе има светска премиера на 58. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Солун.
 Во дебитантскиот игран филм на Ставрески, кој е македонско-грчка копродукција, главните улоги ги толкуваат Благој Веселинов, Анастас Тановски, Аксел Мехмет, Александар Микиќ, Мирослав Петковиќ, Диме Илиев и Симона Димковска.
Филмот е приказна за еден млад човек, кој ќе украде марихуана од опасни криминалци со цел да му помогне на својот болен татко, што ќе доведе до многу перипетии и бројни необични и апсурдни ситуации. Официјалната проекција на „Исцелител“ ќе се одржи вечерва во салата „Ставрос Торнес“ во Солун со почеток во 20,30 часот, во рамки на програмата „Балкански преглед“. За утре е закажана уште една проекција на филмот. Филмското остварување на Ставрески е во продукција на „Фрагмент филм“ и копродукција на грчката „Граал С.А.“, а финансиски е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија. Солунскиот фестивал е еден од најголемите и најстари филмски фестивали на балканските простори. Оваа година тој се одржува од 2 до 12 ноември, а во главната натпреварувачка програма се наоѓаат дебитантски и втори филмови на автори од цел свет кои имаат субверзивен пристап. Во трката за годинешната награда „Златен Александар“ се натпреваруваат 14 филмови, од кои три се грчки. Меѓународното петочлено жири, кое ќе ги оценува филмовите, е предводено од палестинскиот режисер, сценарист и продуцент Анемари Јасир. извор:cooltura.mk