солидарни за срцето на скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Aug 2020 06:14:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png солидарни за срцето на скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Солидарни за срцето на Скопје“ – граѓаните на собирот за спас на „Универзална сала“ со јасна порака: Реконструкција и санација на истата локација, наместо нејзино уривање и дислокација https://arhiva.vistina.com.mk/solidarni-za-srceto-na-skopje-gragjanite-na-sobirot-za-spas-na-univerzalna-sala-so-jasna-poraka-rekonstrukcija-i-sanacija-na-istata-lokacija-namesto-nejzino-urivanje-i-dislokacija/ Tue, 11 Aug 2020 18:42:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162840

Најавениот собир за поддршка на „Универзална сала“ се одржа вечерва, вторник, 11 август 2020 година,  пред платото на салата во 20 часот. Собирот во организација на граѓанската иницијатива „Солидарни за срцето на Скопје“ имаше доволна масовност на која беа запазени препораките и здравствените протоколи за носење заштитни маски и социјална дистанца на присутните заради корона епидемијата. Од собирот  граѓаните испратија јасна порака и апел дека „Универзална сала“ мора да остане на истата локација, но затоа побараа нејзина санација, промена на салата во ново руво и реконструкција со која ќе бидат запазени сите светски стандарди кои треба да ги поседува една современа концертна сала: од инфраструктура, комодитет на публиката, современа сцена, квалитетна сценска, звучна и светлосна техника, па се до врвна акустика,  наместо нејзино уривање. Поддршка на иницијативата дадоа и дел од познатите македонски музички и естрадни уметници, актери, организатори, промотери..., а настанот го проследија и голем број новинари од различни македонски медиуми. „Универзална сала е еден од симболите на Скопје, таа е обележје на градот, храм и светилиште на културата и уметноста, место каде најпознатите домашни, регионални и светски уметници од разни профили оставиле дел од својата уметничка душа на neјзината сцена, ја разменувале својата креативна енергија со публиката, го презентирале своето врвно уметничко творештво... Но, Универзалнасала како објект кој е подарок од 20-ина земји од светот на разурнатото Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963-та година е и симбол на хуманоста и солидарноста на човештвото на еден град и  кон еден народ во неговите најтешки денови и премрежја...“ - се само дел од цитираните зборови кои познатите поединци или обичните граѓани ги разменуваа меѓу себе или во изјавите за медиумите. Затоа, „Универзална сала“ не смее да се урне, туку мора да се направи се'  таа да опстои и продолжи да постои , да го сочува овој лик, но во ново руво, со нов декор, на истото место - во срцето на Скопје! https://www.youtube.com/watch?v=KQcX0hrnO1I]]>

„Солидарни за срцето на Скопје – Универзална сала“: Вечерва граѓански собир пред платото на „Универзална сала“ против нејзиното уривање https://arhiva.vistina.com.mk/solidarni-za-srceto-na-skopje-univerzalna-sala-vecherva-gragjanski-sobir-pred-platoto-na-univerzalna-sala-protiv-nejzinoto-urivanje/ Tue, 11 Aug 2020 10:56:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162748

„Иницијативата Солидарни за срцето на Скопје - Универзална сала  вечерва, вторник, 11 август 2020 година, пред платото на Универзалната сала со почеток во 20 часот ги повикува сите добронамерни граѓани заедно да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје. *Ве молиме почитувајте ги мерките за дистанца и носење маски - се вели во соопштението од иницијаторите кое осамна на социјалните мрежи и во медиумите, за собирот кој беше пролонгиран од минатата недела за денес, заради временските непогоди и обилните врнежи.   Иницијативата потекна по објавата на конкурсот за идејно решение за парк со летна сцена на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, кој според замислите на градските власти би требал да никне на местото на „Универзална сала“, која во тој случај би се урнала и дислоцирала на друга локација. По бурните рекации на граѓаните на социјалните мрежи и во медиумите за ваквата објава, ним им се придружија музичките и естрадните уметници, актерите, културните дејци, авторите, организаторите, промотерите, менаџерите, ивент индустријата.... па се очекува на вечерешниот протест пред платото на „Универзална сала“ и јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој  единствен „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради политичките и личните бизнис интереси на урбаната мафија!    ]]>

Дури и „нивните“ се против нив: „Единствено што можам да прифатам е реновирање на Универзална сала“ – обзнани режисерот Александар Поповски https://arhiva.vistina.com.mk/duri-i-nivnite-se-protiv-niv-edinstveno-shto-mozam-da-prifatam-e-renoviranje-na-univerzalna-sala-obznani-reziserot-aleksandar-popovski/ Tue, 04 Aug 2020 09:03:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161640

Распишаниот конкурс за идејно решение  за некаков „културен парк со летна сцена“ на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би била урната, што градската власт на чело со скопскиот градоначалник Петре Шилегов неодамна го пушти за да го „опипа“ пулсот на јавноста, очигледно им се „дупна“ уште уште при самото лансирање. Јавноста едноставно експлодираше жестоко застанувајќи во одбрана на културниот скопски храм, на светилиштето на уметноста кое очигледно скопјани, и не само тие, немаат намера да дозволат да биде срамнето со земја и заменето за зелена трева. Илјадници обични граѓани уште при самата помисла за уривање на „Универзална сала“ категорички му рекоа НЕ на Шилегов. Најпрвин преку социјалните мрежи и медиумите, а сега и преку граѓанската иницијатива насловена: „Солидарни за срцето на Скопје“ која осамна на Фејсбук страницата „Градот убав“.  Граѓаните, сите добронамерници, се повикуваат во четврток, на 6 август 2020 година, во 20.00 часот да се соберат на протест пред платото на „Универзална сала“ во што поголем број, за и јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради личните бизнис интереси на урбаната мафија! Рамнодушни не останаа ниту истакнатите музички, естрадни, драмски, балетски, фолклорни.... уметници, автори, културни дејци, организатори, ивент или културни работници... кои оставиле дел од својот живот, работа и кариера во таа сала или својата егзистенција ја обезбедувале токму преку организацијата или непосредното учество на разни соллистички или групни настапи на нејзината сцена. Колку е „сулуда и промашена“  воопшто и помислата, а камо ли идејата или решението за уривање на „Универзална сала“, покажува и фактот што дури и „нивните“ застанаа против нив! Така, реномираниот македонски режисер Александар Поповски, кој важи за поддржувач на СДСМ и актуелната власт од која дури беше и поставен за претседател на Управниот одбор на Македонскиот народен театар (МНТ), но, набргу потоа, како што објави на прес конференција, не сакајќи да биде дел од тонењето на оваа институција, си даде оставка и замина за Марибор - Словенија, каде стана  уметнички директор на драмата во мариборското „Словенско народно гледалишче“, на својот Фејсбук профил напиша: Емотивно помнење или бројки и сметки „Моментот со Универзалната сала е нешто што му припаѓа на просторот на емотивното помнење. Тоа е за мене многу посилно од сите аргументи базирани на бројките и пресметките со кои се оправдуваат идеите за уривање или преместување на Универзалната сала. Тие емотивни моменти ги создаваат легендите и митовите. А легендите се важни затоа што од нив се направени приказните. А без приказните нема за што да раскажуваме во часовите додека седиме собрани околу огнот. Затоа не се согласувам со никакво рушење на приказната. Таа приказна зборува за еден момент кога светот беше солидарен со несреќата која го задеси малиот град Скопје и неговите жители. Таа е првата компонента на емотивното помнење. Втората е она со што сиве овие години беше исполнета Универзаланата сала. Сите оние момементи споделени со сите оние уметници кои настапија во тој простор. Заедно овие две емотивни помнења или приказни го прават овој објект посебен и како таков единствено што можам да прифатам е негова реновирање. Како дете кое паднало во кал, да се избања, исчисти, дотеар и исчешла. Тоа е се што на Универзална сала и е потребно“. Извор и фото: Фејсбук]]>