соком – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 31 Oct 2022 13:03:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png соком – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Наградата на СОКОМ за Љупчо Константинов https://arhiva.vistina.com.mk/nagradata-na-sokom-za-ljupcho-konstantinov/ Mon, 31 Oct 2022 13:03:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=273588

Во рамките на традиционалната манифестација „Денови на македонска музика“ на 31 октомври (понеделник) , највисокото професионално признание на СОКОМ за долгогодишни значајни остварувања во областа на музичкото творештво и музикологијата ,наградата “Трајко Прокопиев“,ќе му биде доделена на композиторот Љупчо Кoнстантинов.Така по минатогодишната награда -Голема звезда на македонскиот филм, која му беше доделена на Интернационалниот фестивал на филмска камера во Битола “Браќа Манаки“, ова е второ големо признание од Македонија по бројните награди кои тој порано ги освои на големите театарски и филмски фестивали во културните центри на Југославија:“Златна арена“ на филмскиот фестивал во Пула за филмот “Среќна нова 49“, “Златни ловорови венци“ на театарскиот фестивал МЕС во Сараево за музиката во претставите “Електра““, “Шехерезада “(режисер Томаж Пандур), за која ја доби и награда на критиката на меѓународниот фестивал во Мексико ......
Љупчо Константинов е автор на музиката на филмвите “Црвениот коњ„“Јужна патека““Хај фај“, “Тетовирање“,“Македонска сага“,“Преку езерото“...Тој соработувал со познати имиња од светот на филмот како што се Пенелопе Круз, Роберто Чули, Бранко Гапо, Димитрија Османли, Столе Попов, Антонио Митриќески.....
Неговите музички квалитети ги откри и познатиот театарски режисер Паоло Маџели кој го ангажира како посотјан соработник на сите негови претстави “Црна дупка“, “Вујко Вања“,“Тетовирани души“,“Метастабилни грал““Добариот човек од Сечуана“,“Буздо“ и многу други кои тој ги работеше за отварање на Сплитско лето и Дубровнички летни игри и за театрите во Загреб и Европа.
Љупчо Константинов не зборува многу но за неговиот креативен и творечки потенцијал најдобро зборува музиката во 60-тина театарски претстави ,30-тина играни филмови и бројни телевизиски драми и документарни емисии која беше високо вреднувана од филмските критичари и театарските уметници и публиката.
За Љупчо Константинов,( роден на 11 декември 1946 во Охрид дипломирал на Музичка академија во Белград) критичарите ќе напишат дека: „Тој со своето долгогодишно искуство и фанатична посветеност во потрага по креативното, убавото, по оние тајновити музички тонови и варијации што ја хранат и возвишуваат човековата природа ,се вбројува во онаа плејада на врвни наши оргинални, автентични творци-уметници, кои се достојни за почит и респект“.
]]>

Валентина Велковска-Трајановска е прва жена композитор на чело на СОКОМ https://arhiva.vistina.com.mk/valentina-velkovska-trajanovska-e-prva-zena-kompozitor-na-chelo-na-sokom/ Mon, 22 Feb 2021 14:14:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190900

Композиторот и проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска е избрана за претседател на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) на Изборно собрание  што се одржа на 13.02.2021 за следниот мандат од две години. Со изборот таа воедно станува и првата жена композитор која застанува на чело на оваа институција во нејзиното повеќедецениско постоење. За Велковска -Трајановска тоа претставува огромна чест, но и предизвик да се раководи со СОКОМ.
– Огромен е предизвикот да се застане на чело на здружение што постои и делува повеќе од 75 години, каде како претседатели се вброиле најзначајните имиња од македонската музичка историја, а воедно и првата претседателка композитор. Одговорноста кон колегите композитори, музиколози и севкупно нашите професии е, исто така, огромна, особено поради тоа што живееме во времиња кога се подзаборава на стручноста и знаењето кое нѐ издвојува и обединува. Посебно сум благодарна што мојата предлог-програма за претседател и мојот избор го потврдија поголемиот дел од нашето членство, што ми влева надеж за подобри времиња и наша целосна соработка – истакна новата претседателка на СОКОМ за „Културен печат“.
Плановите за понатамошната работа на СОКОМ таа ги доставила при постапката за нејзин избор во форма на предлог-програма, која ги детализира идните насоки на работење на композиторското здружение.
– Има неколку горливи прашања што би морале да ги решиме, а што зависат од нашата соработка со надлежното министерство, останатите институции и севкупно останатите чинители на музичкото живеење на домашен и на меѓународен план. Живеењето во, за и од културата веќе подолго време за сите го помина и работ на можно опстојување, поради што мора да се изнајдат начини што би го помогнале опстанокот на нашите дејности – потенцира Валентина Велковска-Трајановска. Новото Претседателство на СОКОМ го сочинуваат композиторите проф. Живојин Глишиќ, проф. м-р Јана Андреевска, проф. д-р Горан Начевски и м-р Борис Светиев, како и музиколозите проф. д-р Стефанија Лешкова Зеленковска и д-р Мирјана Павловска Шулајковска. За Претседател на Собранието на СОКОМ е реизбран проф. д-р Јане Коџабашија.

СОКОМ и годинава учесник на Генералното собрание на Европската алијанса на композитори https://arhiva.vistina.com.mk/sokom-i-godinava-uchesnik-na-generalnoto-sobranie-na-evropskata-alijansa-na-kompozitori/ Mon, 01 Oct 2018 11:00:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50893

Редовното есенско Генерално собание на ECSA (European Composer and Songwriter Alliance - Европска алијанса на композитори) кое оваа година се одржа од 17 до 19 септември во Белград, свечено беше отворено во просториите на Српското здружение на композитори, со поздравен говор на министерката за култура на Белград, Ивона  Јефтиќ. Сојузот на композиторите на Македонија е активен член на оваа значајна европска асоцијација од самото нејзино основање во 2006 година и досега редовно учествува во бројните нејзини активности и проекти, особено во комитетот за сериозна музика (еcf). Уметничкиот одбор на еден од позначајните проекти на ЕСЅА, ЕССО (Еuropean Contemporary Composers Orchestra), проект во кој реномирани активни ансамбли и оркестри го претставуваат музичкото шаренило на современа Европа во последните пет години е претседаван од претставникот на СОКОМ во ЕСЅА, композиторката Јана Андреевска. Во изминатиот период композиторот Михајло Трандафиловски два пати ја претставуваше Македонија на програмата на овој проект - вториот пат со неговиот најнов гудачки квартет кој во Брисел оваа година со огромен успех го изведе реномираниот квартет „Диотима“. Инаку, на концертот на ЕССО во Белград, во полната сала на Коларчевиот народен универзитет, носител на програмата беше Симфонискиот оркестар на РТС под диригентската палка на Бојан Суџиќ, кој изведе дела на композитори од Србија, Финска, Естонија, Италија и Белгија. Во своите рамки, ECSA ги обединува здруженијата на композитори ширум Европа, преку нивните претставници од областа на популарната, филмската и сериозната музика. Алијансата се занимава со прашања кои го засегаат местото и третманот на современите музички творци од сите жанрови, горливи теми во однос на третманот на авторските права во европската легислатива, родови проблеми и сл. Еден од поголемите скорешни успеси на ЕСЅА во однос на лобирањето за заштитата на авторските права е усвојувањето со огромно мнозинство во Европскиот парламент на новиот законски предлог на скицираната Директива за авторски права во рамки на рамката за авторски права на ЕУ.]]>