сограѓани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 22 Oct 2020 08:36:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сограѓани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ги прашаа неговите сограѓани во Краљево што мислат за него, па еве што велат соседите, неговиот фризер, келнерот, случајните минувачи… за Кристијан Голубовиќ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/gi-prashaa-negovite-sogragjani-vo-kraljevo-shto-mislat-za-nego-pa-eve-shto-velat-sosedite-negoviot-frizer-kelnerot-sluchajnite-minuvachi-za-kristijan-golubovikj-foto/ Thu, 22 Oct 2020 08:36:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172617

Кристијан Голубовиќ во јавноста има слика на опасно момче. Тој честопати се фали без пардон како не одговарал за повеќекратни убиства, па дури и се закануваше на старлетата Станија Добројевиќ дека ќе ја убие ако не му се извини за навредите што му ги нанесе на неговото семејство, за што сега е и на суд. Во моментов тој е најактуелен учесник во реалното шоу „Задруга 4“ и главна тема и во домашните медиуми и кај публиката што го следи ова ријалити. Новинарите го посетија Краљево каде што живее  Кристијан Голубовиќ, па ги прашаа соседите, неговиот фризер, келнерот, случајните минувачи... каков човек е тој? Еве што мислат за него, неговите сограѓани:   Фризерот на Кристијан Голубовиќ Јован, вели дека не  знае од каде да започне: - Кики е феноменално момче и како клиент е прекрасен. Лесно можеме да се согласиме за фризура.Не бара многу, а е галантен кога станува збор за бакшиш - рече Јован за „Ало!“ И откри дека Голубовиќ бил кај него на дотерување дента пред да влезе во „Задруга 4“. - Немам ништо лошо да кажам за него. Кристијан е исто така почитуван и сакан како граѓанин на Краљево. Дарежлив е, добар е ... Само заради него ја гледам „Задруга 4“ - вели фризерот на најактуелниот учесник на ова ријалити во моментот. - Не верувам дека некој може да го испровоцира и да го исфрли од такт до таа мера. Приватно е многу поразличен отколку во реалното шоу. Тој не е конфликтна личност и разговара со сите, пријатен е - ќе рече Јован за „Ало!“ И додава дека сопругата на Кристијан, Ивана е исто така љубезна и културна жена, која сите во Краљево ја почитуваат. Само пофални зборови за него имаа и во кафеаната и во кафулето, каде што Кристијан е редовен гостин. - Кристијан е едноставен гостин. Претежно јаде пица капричиоза, обично со рукола и јајце одозгора. Кога не јаде пица, тогаш нарачува бифтек со сос од горгонзола или бибер - вели келнерот Стефан за „Ало!“. Тој додава  дека Кристијан е слаб на слатките, па затоа често нарачува чоколадна торта или суфле со две топки сладолед. - Тој е вистински господин, пријатен и интересен гостин. Возрасните и децата му приоѓаат. Тој секогаш е среќен кога се слика со сите и дели автограми. Обично доаѓа со сопругата Ивана и ќерката, која е вистинска мала дама - рече Стефан и додаде дека му посакува победа во реалното шоу. - Тој е џек во друштво, редовно чести сè околу себе со пијалоци, а и остава богат бакшиш - вели тој. Една дама -случаен минувач, на новинарите ќе им  рече дека Кристијан е многу подобра личност приватно,  од она што е прикажано во „Задруга“. - Тој е таков каков што е, по природа е многу подобар човек од оние што го предизвикуваат. Јас го поддржувам и му посакувам да победи“ - рекла таа.]]>