софра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Feb 2024 10:51:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png софра – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Татјана Лазаревска славеше роденден: На дамите не им се бројат годините, ама затоа со торта, песна, оро и чочек на тапан им ги слават родендените (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tatjana-lazarevska-slaveshe-rodenden-na-damite-ne-im-se-brojat-godinite-ama-zatoa-so-torta-pesna-oro-i-chochek-na-tapan-im-gi-slavat-rodendenite-video/ Tue, 13 Feb 2024 06:51:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338473

Роденден е денот што го чекаме цела година, без оглед на возраста. До душа кога сме деца ли помлади тоа некако госледат повеќе возбуди, но дека тоа не мора да биде така и кога возраста се пишува со поголема бројка, потврди македонската пејачка Татјана Лазаревска, која со својот брачен партнер и колега Новица Василевски и нивните деца, веце целе деценија живеат и работат во далечната Австралија. „Туѓино - јабано, што ми направи“ - ќе речат некои, но за македонската фолкерка и нејзината фамилија далечната Австралија не беше причина денот на нејзиното раѓање да не го прослави онака како што самата си замисли и посака. Сто пати е кажано дека на  дамите не им се бројат годините, ама затоа Татјана покажа дека им ги слават родендените со сите салтанати...! Сепак претходно, фолкерката самата уште рано наутро среде бел ден од градината самата си посака она што секоја роденденка си го посакува. Со порција овошје и запалена жижица, Татјана упати роденденска честитка до себе си и сите останати кои на тој ден  исто така се роденденки, па со рефренот од сопствената роденденска фолк песна „Среќен роденден“ и себе и ним им посака само убавини: „Среќен да е роденден, наздрави за среќа, заедно да славиме, се' до сто и една...“! Прв кој и го честиташе роденденот беше кој друг ако не тој, нејзиниот животен сопстник во сите ситуации и прилики, сопруг и колега, Новица Василевски, со најубавите роденденски зборови: „Среќен роденден на мојата љубов, жена, мајка, кралица“ - споделил покрај заедничката фотографија Новица! Сепак, она вистинското ќе се случи дури во вечерните часови, кога во домот покрај домашните се собра сите гости. Пријатели, соседи, нашинци, Балканци... на софра, торта, песна, оро и чочек на тапан! Или што би рекле, со сите салтанати... Ама ако! Само нека е за арно и весело! Фотои видео: Фејсбук/Novica Vasilevski/австралија, сите салTatjana Lazarevska]]>

Дојде братот од САД, се собра старата „естрадна екипа“: По дома може сите, а за во диско… женетиот „несуден советник“ остана дома (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dojde-bratot-od-sad-se-sobra-starata-estradna-ekipa-po-doma-moze-site-a-za-vo-disko-zenetiot-nesuden-sovetnik-ostana-doma-foto/ Mon, 25 Oct 2021 07:39:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224316

Секоја генерација си има свои естрадни ѕвезди, свои идоли, свои љубимци на публиката која расте и созрева со нив, а и тие со неа... Тие тројца тоа и се - генерација македонски поп пејачи која стануваше популарна некако во исто време. Димитар Андоновски, Дарко Илиевски, Александар Тарабунов...  Во исто време  се појавија, се пробиваа, учествува по разни фестибвали., манифестации, музички натпреварувања и доам и надвор од Македонија, почнаа да редат хитови, прават албуми, снимаат спотови, освојуваат награди... Се' додека животните и професионални патишта не ги рапрснаа на различни страни, па некои од нив се иселија од земјава, како Дарко Илиевски кој се ожени за ќерката на македонската ДЈ легенда Славе Келешоски и остана да живее во САД, а музиката речиси и ја батали. Димитар Андоновски исто така вплови во брачните води и се вреати во родната Битола, а и тој како и Дарко стана и сопруг и татко, почна да работи и друга професија, и се придружи на групата „Тајфата“ со која настапува, а на овие локални избори реши да се обиде и во политиката како кандидат на советничката листа на СДСМ во Битола, но не успеа сцената да ја замени со општинската говорница и советничката фотелја. Александар Тарабунов и понатаму е музички најактивен, снима, сега и микса и продуцира, има неколку нови песни и видеа и среде корона пандемија... Кога на тројцата „стари музички мускетари“ ќе им се придружи најмладиот, надежната македонска „Гранд ѕвезда“ од семејството Џорлеви, младиот Огнен Здравковски, музичкото „триото-фантастико“ станува „квартет од соништата“, овој пат собран крај софрата! И тоа во домашна атмосфера, на гости кај „несудениот општински советник“ во Битола. Братот Дарко дојде од САД, па време беше да се седне... Сите заедно на едно видување за потсетување на старите добри времиња и она што носи денешнината, секако со богато мезе и по некоја пијачка, по дома. А кога ќе се собере екипата добро позната стара, неизбежна е песна и гитара за уште подобра домашна атмосфера, во која свој тон ќе даде и најмалиот Огнен, како „ново дете“ во тимот за уште подобар штимунг. И кога сите чинии и чаши ќе се испразнат и сите драги песни ќе се испеат, доаѓа време за второ полувреме. Екипата се сели во друга сфера, од домашна во клубска атмосфера. Колку за потсетување на младоста на оние малку постарите и одржување на формата на помладиот и неженетите. Арно ама, како што може да се забележи по споделените фотографии на социјалните мрежи, „на диско“ заминале само ергените, ако се смета дека и Дарко е овде дојден сам. По дома може сите, за за во диско, женетиот „несуден советник“, дали „по совет“ на младата сопруга или  причината некоја друга, останал дома! Така квартетот одново заврши како трио, како три тела - една душа, која се веселеше до фајронт! Четвртиот остана само на добриот домаќинлук и гостопримство што им го приреди на другарите, ама тоа е... Во кого душа да остане...? А, и кој да ти признае?! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/dimitarandon/ognenzdravkovski/aleksandartarabunov/ilievskidarko
]]>