социјални медиуми – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 May 2021 12:53:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png социјални медиуми – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што го привлекува вниманието на младите на социјалните медиуми? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-go-privlekuva-vnimanieto-na-mladite-na-socijalnite-mediumi/ Tue, 25 May 2021 12:53:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203999

Во екот на технолошкиот развој и комуникација на прво место се секако социјалните медиуми. Многу од нив се дел од секојдневието на младите генерации. Eдна од најважните цели која е заедничка за секоја содржина е да се привлече внимание на што е можно повеќе читатели и да се сподели меѓу различни групи на луѓе. Токму тоа беше поттик за две студентки од ФИНКИ да направат истражување на тема - Што го привлекува вниманието на младите на социјалните медиуми? За таа цел спроведоа анкета на повеќе испитаници и разговараа со стручно лице кое има долгодишно искуство во интернет рекламирањето. Преку овие активности дојдоа до интересни заклучоци. “Содржината зависи од производот кој комуницира и најголем ефект имаат видео содржините во кои треба да се запази приказната на брендот. Младите денес комуницираат визуелно, па така вниманието најмногу го привлекува впечатливиот наслов, добрата комбинација на бои и слики кои се придружени со текстуални пораки” – велат тие.]]>

Мајка на моќен начин опишува како социјалните медиуми ја рушат самодовербата на родителите https://arhiva.vistina.com.mk/majka-na-mokjen-nachin-opishuva-kako-socijalnite-mediumi-ja-rushat-samodoverbata-na-roditelite/ Wed, 07 Aug 2019 12:30:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=100933

Покрај тоа што родителството е доживотна обврска, тоа со себе носи и доста одговорности. Во денешно време оваа ситуација може да му се случи секому – гледате совршена семејна фотографија на профил на некоја социјална мрежа и одеднаш се чувствувате виновно затоа што вашиот семеен живот не изгледа толку интересен. Сцената што Џен Флинт еднаш ја видела на базен ја натерало да ја напише оваа моќен објава каде што ја открива целата тајна што стои зад „беспрекорните“ фотографии од одгледувањето деца. Го опишува и начинот на кој овие фотографии можат да ја уништат самодовербата на родителите. Објавата веднаш се проширила како вирус и ги погодила илјадниците мажи и жени коишто ѝ се заблагодариле на Џен за искреноста. Вчера додека бев на базен гледав една млада мајка и нејзината малечка ќерка како влегуваат во просторот облечени во убави усогласени костими за капење. Мајката, со нејзините совршени бујни кадрици, подврзана во усогласена марама ги потроши првите пет минути зборувајќи гласно на мобилен со пријател додека нејзината ќерка чекаше да влезе во базенот. Мајката го заврши повикот и на пешкир ги постави играчките и кремата за сончање. После тоа, откако најде совршен агол и убаво светло, го извади триподот и направи неколку селфиња со ќерка си. Малечката праша дали може да влезе во базенот. Мајката ѝ рече да почека и потоа ја местеше пред базенот, па внатре и после тоа излезе од базенот. Малечката се смееше и позираше. Потоа девојчето влезе внатре и пливаше неколку минути. Мајката на телефон повика некоја пријателка и започна уште еден разговор додека малечката културно и упорно прашуваше: „Мамо, може ли да дојдеш во вода со мене, те молам?“ Таа беше игнорирана. „Мамо, дојди играј си со мене?“, девојчето праша четири пати. Мајката ја погледна кратко, но не го остави мобилниот. После 10 минути го заврши разговорот, ги собра кремата за сончање што не беше искористена, водните играчки што не ја допреа водата, ја зеде ќерка си и го напуштија базенот. Седев таму размислувајќи на што посведочив. Ги замислував фотографиите што ги направи и совршено ги уреди и ги постави на социјалните медиуми со натпис: „Време за базен со моето девојче“, со хаштаг создавање сеќавања. Некаде, друга мајка ќе биде во својот дом со нејзините деца, во куќа растурена од нивната игра, со нескротлива коса од првиот ден кога станала мајка и алишта извалкани со дамки. Таа ќе биде уморна затоа што цел ден го поминала во готвење, грижење, чистење и играње со нејзините деца. Ќе ја погледне фотографијата и ќе се спореди со совршената мајка на базенот. Непријателот ќе ѝ шепне на увото: „Ти не си доволно добра… Не изгледаш како мајката на базенот… Немаш пари за да купуваш такви скапи костими за капење и немаш време за да направиш спомени како неа“, и таа мајка ќе му поверува. Ќе се чувствува неуспешно. Но, никогаш нема да знае дека времето што таа го потрошила тој ден бил многу подобар во очите на Бога и во очите на нејзините деца отколку денот на „совршената мајка“ на базенот. Она што ние го гледаме на социјалните медиуми не е секогаш вистинито. Некогаш, а и честопати тоа е целосно наместено, организирано, филтрирано, но и лажно. Некогаш можат да се видат вистински фотографии од одмори, убави домови и свежо направена фризура, но тоа е само еден момент. Само еден најдобар момент од целиот ден поминат многу слично како вашиот. Работа, чистење, расчистување неред… Мајки, не се споредувајте едни со други. Вие сте доволни! Вие сте прекрасни и најдобриот дел од вас е тоа што вие сте вистински! Вашата валкана маица, неуредниот дом и вашите среќни деца се вистински, а тоа е само доказ дека вие ја правите вистинската работа! извор:кафепауза.мк]]>