собраа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 03 Jul 2018 11:55:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png собраа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Откако најави дека ќе им наплаќа паркинг: Моторџиите му се собраа, а Шилегов се држеше за своите… „аргументи“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-najavi-deka-kje-im-naplakja-parking-motordziite-mu-se-sobraa-a-shilegov-se-drzeshe-za-svoite-argumenti-foto/ Mon, 02 Jul 2018 07:14:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35436

Скопскиот градоначалник и неговата свита советници со нова генијална идеја, за нова давачка. Отсега и моторџиите ќе плаќаат паркинг во македонската метропола.
Овие пак револтирани му се собраа пред градските порти, па виде не виде, Шилегов мораше да ги прими на разговор. Демек, да им ја каже идејата дека не е се така како црно што тие мислат, зашто е во првата година паркирањето на специјализираните паркиралиште ќе биде бесплатно, а по првата година ќе се наплаќа од 5 до 7 денари за еден час. Иако никаде во Европа и светот не се плаќа паркинг за мотори, ама ако... Кога се работи за Шилегов и СДС, мора да може... Или можеби не мора? Човекот да си проба, па АПП... Ако помине-помине!
Па, треба ли Петре да биде прв во нешто? Иноватор од кого Европа ќе учи, па и таа можеби еден ден кога ќе ги исполни условите за прием на идеи од западен Балкан, како оваа на скопскиов градоначалник, истите ќе ги примени во пракса?!
Арно ама, моторџиите се „посебна сорта“ на луѓе па не климаат баш така лесно со глава и не викаат „амин“ на секоја глупост! Затоа и му се собраа... За да му го плеснат в лице... Дека е очигледно оти власта нема како поинаку да собира екстра арач, па најде да удира сатар кај што никој нигде не наплаќа, лажејќи дека така ќе се придонесело Скопје да стане европски град?! И додека поединците и членовите на здруженијата и мото клубовите на скопските моторџии пробаа да го убедат скопскиот градоначаник со проевропски фикс идеи, дека немаат намера да плаќаат за нешто што никаде во светот не се наплаќа, Петре повторно проба да ги „извози“.  Патем, додека се објаснуваше, убедуваше и образложуваше со претставниците на скопските моторџии, Шилегов упорно се држеше за две нешта, кои очигледно „не му држат“.
Првото е дека:  „Даваме МОЖНОСТ луѓето кои ги користат овие превозни средства, да можат своите мотори безбедно да ги остават на паркинзите. Особено што голем дел од нашите граѓани, во пролетно/летниот период ги користат моторите да стасаат до своите работни места и мака мачат каде да ги остават за време подолгиот престој“.
А второто... Второто нешто за кое се држеше Шилегов не е за коментар... Фотографиите сами зборуваат.
       ]]>