собир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Aug 2020 06:14:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png собир – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Солидарни за срцето на Скопје“ – граѓаните на собирот за спас на „Универзална сала“ со јасна порака: Реконструкција и санација на истата локација, наместо нејзино уривање и дислокација https://arhiva.vistina.com.mk/solidarni-za-srceto-na-skopje-gragjanite-na-sobirot-za-spas-na-univerzalna-sala-so-jasna-poraka-rekonstrukcija-i-sanacija-na-istata-lokacija-namesto-nejzino-urivanje-i-dislokacija/ Tue, 11 Aug 2020 18:42:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162840

Најавениот собир за поддршка на „Универзална сала“ се одржа вечерва, вторник, 11 август 2020 година,  пред платото на салата во 20 часот. Собирот во организација на граѓанската иницијатива „Солидарни за срцето на Скопје“ имаше доволна масовност на која беа запазени препораките и здравствените протоколи за носење заштитни маски и социјална дистанца на присутните заради корона епидемијата. Од собирот  граѓаните испратија јасна порака и апел дека „Универзална сала“ мора да остане на истата локација, но затоа побараа нејзина санација, промена на салата во ново руво и реконструкција со која ќе бидат запазени сите светски стандарди кои треба да ги поседува една современа концертна сала: од инфраструктура, комодитет на публиката, современа сцена, квалитетна сценска, звучна и светлосна техника, па се до врвна акустика,  наместо нејзино уривање. Поддршка на иницијативата дадоа и дел од познатите македонски музички и естрадни уметници, актери, организатори, промотери..., а настанот го проследија и голем број новинари од различни македонски медиуми. „Универзална сала е еден од симболите на Скопје, таа е обележје на градот, храм и светилиште на културата и уметноста, место каде најпознатите домашни, регионални и светски уметници од разни профили оставиле дел од својата уметничка душа на neјзината сцена, ја разменувале својата креативна енергија со публиката, го презентирале своето врвно уметничко творештво... Но, Универзалнасала како објект кој е подарок од 20-ина земји од светот на разурнатото Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963-та година е и симбол на хуманоста и солидарноста на човештвото на еден град и  кон еден народ во неговите најтешки денови и премрежја...“ - се само дел од цитираните зборови кои познатите поединци или обичните граѓани ги разменуваа меѓу себе или во изјавите за медиумите. Затоа, „Универзална сала“ не смее да се урне, туку мора да се направи се'  таа да опстои и продолжи да постои , да го сочува овој лик, но во ново руво, со нов декор, на истото место - во срцето на Скопје! https://www.youtube.com/watch?v=KQcX0hrnO1I]]>

„Солидарни за срцето на Скопје – Универзална сала“: Вечерва граѓански собир пред платото на „Универзална сала“ против нејзиното уривање https://arhiva.vistina.com.mk/solidarni-za-srceto-na-skopje-univerzalna-sala-vecherva-gragjanski-sobir-pred-platoto-na-univerzalna-sala-protiv-nejzinoto-urivanje/ Tue, 11 Aug 2020 10:56:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162748

„Иницијативата Солидарни за срцето на Скопје - Универзална сала  вечерва, вторник, 11 август 2020 година, пред платото на Универзалната сала со почеток во 20 часот ги повикува сите добронамерни граѓани заедно да бидеме солидарни за срцето на Скопје. Придружете се на собирот за Универзална сала, да не дозволиме да исчезне овој белег на Скопје. *Ве молиме почитувајте ги мерките за дистанца и носење маски - се вели во соопштението од иницијаторите кое осамна на социјалните мрежи и во медиумите, за собирот кој беше пролонгиран од минатата недела за денес, заради временските непогоди и обилните врнежи.   Иницијативата потекна по објавата на конкурсот за идејно решение за парк со летна сцена на Град Скопје и градоначалникот Петре Шилегов, кој според замислите на градските власти би требал да никне на местото на „Универзална сала“, која во тој случај би се урнала и дислоцирала на друга локација. По бурните рекации на граѓаните на социјалните мрежи и во медиумите за ваквата објава, ним им се придружија музичките и естрадните уметници, актерите, културните дејци, авторите, организаторите, промотерите, менаџерите, ивент индустријата.... па се очекува на вечерешниот протест пред платото на „Универзална сала“ и јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој  единствен „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради политичките и личните бизнис интереси на урбаната мафија!    ]]>

„Солидарни за срцето на Скопје на 11 август во 20 часот“: Собирот со хепенинг за поддршка на „Универзална сала“ заради временските неприлики одложен за во вторник https://arhiva.vistina.com.mk/solidarni-za-srceto-na-skopje-na-11-avgust-vo-20-chasot-sobirot-so-hepening-za-poddrshka-na-univerzalna-sala-zaradi-vremenskite-nepriliki-odlozen-za-vo-vtornik/ Fri, 07 Aug 2020 19:56:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=162163

Покрај многубројните реакции против уривањето на „Универзална сала“ на чије место градските власти и градоначалникот Петере Шилегов имаа идеја да никне парк со летна сцена,  граѓаните покренаа и граѓанска иницијатива насловена: „Солидарни за срцето на Скопје“ која осамна на Фејсбук Имено, денес, четврток,  6 август 2020 година, во 20.00 часот граѓаните и сите добронамерници требаше да се соберат на протест пред платото на „Универзална сала“ и јавно да му пратат порака на скопскиот градоначалник и неговите градски чиновниици, дека скопската и македонска „лулка на културата“, тој „храм и светилиште на уметноста“ нема да дозволат да биде жртвуван заради политичките и личните бизнис интереси на урбаната мафија! Но, поради временските непрелики, иницијативата реши собирот со хепенинг да го помести за ВТОРНИК, 11-ти август 2020 год. со почеток во 20 часот. „Иницијативата Солидарни за срцето на Скопје- Универзална сала ја известува јавноста дека поради временските прилики и врнежливото време, хепенингот планиран за денес пред платото на Универзалната сала се поместува во вторник, 11.08.2020 година со почеток во 20 часот “ -  напишаа во својата објава на Фејсбук иницијаторите. ]]>