со големи срца – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 02 Jan 2024 13:49:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png со големи срца – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Фрида“ – хор на распеаните жени со големи срца https://arhiva.vistina.com.mk/frida-hor-na-raspeanite-zheni-so-golemi-srtsa/ Tue, 02 Jan 2024 13:49:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333367

Во овие празнични денови  распеаното женско друштво, хорот- Фрида, имаше прво јавно претставување од затворен тип: беше тоа топла емотивна вечер преполна со магична женска енергија. И зад и во сета таа музичка и емотивна сказна која ќе трае, раскажува Сузана Турунџиева. – На овој наш настап гостинката ни беше Дени Жерновска, мојата Фрида- која непрестано ме потсетува на најважните животни вредности, а на клавир не придружуваше маестро Огнен Стаматоски… Патем, Фрида е моја дамнешна желба, потајно од секогаш многу сакав да имам женски бенд, ама не мислев дека ќе порасне во хор и затоа знам дека нејзиното раѓање е кармички предодредено- раскажува Сузе. Првичната замисла беше многу поинаква, со Андријана Јаневска, со која соработуваме повремено имавме идеја да формираме детско хорче и распишавме оглас за аудиција. Се јавија малку деца, наспроти- многу жени, кои беа желни за песна и дружење. И, бидејќи во училиштето на Андријана немаше услови за возрасни, решив оваа приказна да ја започнам на друго место, следејќи ги знаците на Универзумот. “ Решено- сторено. Сузе најде и изнајми простор и веднаш почнаа со пробите. За кратко време бројот на распеаните жени се зголеми, а со тоа и ентузијазмот растеше. – Сите пеат со блесок во очите и радост во срцата! И покрај тоа што се аматери, брзо ги усвојуваат текстовите и ги примаат сите мои насоки, особено за детали околу вокалната техника. Репертоарот е безвременски: од обработки на стари и познати евергрини, до госпел музика, латино и македонски евергрини… Тие уживаат, а јас уште повеќе додека ги гледам и слушам, заврши Сузе. Плановите за настапи се секој втор месец, на различна тема. Сега Фрида работи на познати љубовни теми, за празникот на виното и љубовта. Каде ќе се одржи настанот, зависи од тоа колку нови членови ќе се регрутираат, бидејќи интересот е навистина огромен.]]>