Sneak Media – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 17 Nov 2023 12:35:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Sneak Media – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Кристина Димитри и Љуба Перуќица ја промовираа видеоприказната од макфестовскиот дует – „Посилна“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitri-i-luba-perukitsa-ja-promoviraa-videoprikaznata-od-makfestovskiot-duet-posilna-video/ Fri, 17 Nov 2023 12:35:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327483

Иако уште на самиот фестивал се користеа сцени од снимањето при нивниот настап, дури еден месец по завршувањето на „Макфест 2023“ Кристина Димитри и српскиот фолкер Љуба Перуќица ја имаат премиерата за видеото за нивната фестивалска дует песна - „Посилна“. Македонската екс мисица, сега естрадна пејачка и српскиот пејач снимиле видео кое изобилува со жешки сцени, од кои некои делуваат толку многу убедливо, што дури и српските медиуми се посомневаа дека меѓу нив нешто и приватно се случило, иако сопругата на фолкерот тогаш само што се не беше породила со нивното прво дете. Како и да е прашината бргу слегна и се' остана само на „професионална провокација за дразнење на јавноста“, односно само фрлена јадица на која публиката треба да загриза на песната „Посилна“. Особено откако набргу по макфестовскиот настап ултразгодната и атрактивна екс ТВ водителка Катарина Колозеус се породи, па таа и макфестовскиот дует партнер на Кристина Димитри станаа за прв пат родители. „Ми беше чест да соработувам со Љуба, кој е еден од најдобрите вокали на овие простори. А неговата сопруга, која е убава и харизматична, знае што значи шоубиз. Па секако нема да има развод“ - низ насмевка тогаш прокоментира сексапилната тетовка, која видеото за „Посилна“  деновиве и го промовираше. Инаку песната која како комплетен автор (музика, текст, аранжман)  ја потпишува Стефан Стојановски е отпеана на комбинаиран македонски и српски јазик и е во стилот на модерна ар ен би балада, која не е лоша, но не е ниту кој знае колку впечатлива. Впрочем, обајцата изведувачи пред тоа имале многу посветли музички моменти во своите претходни остварувања. Видеото изработено од Sneak Media донекаде ја надополнува оваа констатација, зашто визуелизацијата на „Посилна“ е на висината на задачата. Урбани кадри кои реалистично  ја отсликуваат љубовната приказна исполнети со доволна количина еротски набој за да ја заскокоткаат јавноста. Останува да видиме колку визуелизацијата ќе помогне песната да стане  „Посилна“ или видео-инфузијата нема многу да и помогне, па „Посилна“ бргу ќе замине во заборав на јавноста. Како и да е, погледнете го видеото и преслушајте ја песната, па самите проценете дали и колку е „Посилна“ од претходните музички изданија на Кристина и Перуќица: ]]>

Огнен Здравковски има нов љубовен – „Порок“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ognen-zdravkovski-ima-nov-porok-muzichki-video/ Tue, 31 Oct 2023 06:54:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324720

Огнен Здравковски учествуваше на 38. издание на фестивалот „Макфест 2023“ во Штип, каде настапи со својата најнова песна која носи наслов „Порок. Огнен настапи во ревијалната вечер и со својата изведба во живо ја воодушеви многубројната публика во културниот дом „Ацо Шопов, како и гледачите пред ТВ екраните... Автори на оваа песна се потпишуваат веќе докажаните музички имиња, Елвир Мекиќ како автор на текстот, додека музиката и аранжманот се дело на Дамјан Лазаров. „Јас сум прездоволен од мојот настап на Макфест, добивам само позитивни коментари. Најважно од се ми беше песната да и се допадне на публиката, а според тоа што го слушам и читам на социјалните мрежи, им се допаѓа „Порок“ - вели Здравковски. Инаку за потребите на оваа негова најнова песна, Огнен сними и видеоспот во српската престолнин, каде соработуваше со екипата на „Sneak Media“, кои снимаат и со најпознатите тамошни ѕвезди. Покрај Огнен, во спотот се појавува и познатиот српски модел Андреа Милутиновиќ, која одлично ја заврши својата задача. Она што е важно да се спомене, е тоа што Огнен не застанува тука, тој веќе со својата екипа од соработници размислуваат и за новата песна и новите проекти, а до тогаш него ќе може да го видите и слушнете на настапите ширум нашата земја. Како звучи и изгледа неговиот музички „Порок“, проследете во продолжение: ]]>