смртта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 15 Apr 2023 07:16:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png смртта – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Велика Сабота“ – денот меѓу смртта и воскресението, денот што ги спојува распнувањето и радоста https://arhiva.vistina.com.mk/velika-sabota-denot-megju-smrtta-i-voskresenieto-denot-shto-gi-spojuva-raspnuvanjeto-i-radosta/ Sat, 15 Apr 2023 07:12:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=145487

Велика Сабота е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Великa Сабота е ден на исчекување, ден на свештен трепет пред Христовото Воскресение. Денешниот ден, Велика Сабота, според христијанското учење е ден на свештен трепет пред Христовото воскресение, кое точно на полноќ ќе го означат биењето на камбаните и радосниот восклик „Христос воскресе“. Православните верници ги прават последните подготовки пред вечерашното прославување на најголемиот христијански празник – Велигден. Вечерва се оди во црква каде што секој носи црвено јајце. На полноќ сите присутни со песната „Христос воскресе” трипати ја обиколуваат црквата. Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршат со јајцата и се омрсуваат. Празникот на Христовото воскресение Велигден е празник на љубовта и мирот. За христијаните, Велигден е триумф на животот над смртта и доброто над злото, ден кога Исус Христос воскреснал од мртвите по неговата смрт со распнување, и ја докажал божествената моќ. На Велигден верниците си подаруваат едни со други рака на помирување, со традиционалниот поздрав „Христос воскресе” и „Вистина воскресе. Велика Сабота е ден на покојот, ден на покојникот, ден на најголемиот покој и на најголемиот покојник. Денот на големиот покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на нашата жалост, тага и молк. Ова е денот на оплакувањето на покојникот. Тогаш, Мајка Му – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Господа Исуса Христа. Денес се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика Сабота е определена како ден за чување на гробот. Денеска верниците се крај Христовиот гроб, се поклонуваат пред Плаштеницата, на која е претставено телото Господово при погребението и положено во гробот.]]>

„Со љубов за Тоше“: Концерт по повод 15 години од смртта на македонската музичка икона https://arhiva.vistina.com.mk/so-ljubov-za-toshe-koncert-po-povod-15-godini-od-smrtta-na-makedonskata-muzichka-ikona/ Fri, 30 Sep 2022 13:35:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269173

По повод 15 години од последниот, незаборавен концерт на Тоше Проески, Министерството за култура и Спомен куќата на Тоше го продолжуваат неговиот аманет и ветуваат незаборавен концерт на 5-ти октомври токму во неговото родно Крушево. Имено, на 5 октомври Крушево првпат ќе биде домаќин на сите музички пријатели на Тоше, кои ќе исполнат дел од неговите вонвременски хитови. Ѕвезденото небо за Тоше ќе се случува на платото пред неговата Спомен куќа на Гумење во Крушево, со почеток во 19 часот. дел од Концертот и Ѕвезденото небо за Тоше ќе бидат: Каролина Гочева, Бени Шаќири, Јелена Томашевиќ, Бојан Маровиќ, Дани Димитровска, Ѓоко Таневски, Мартинијан Кириловски, Кристина Арнаудова, Јоце Панов, Влатко Груевски, Омар Џафероски и Билјана Јосифов. Тие ќе настапат во придружба на Камерниот оркестар на Битола, под водството на Владимир Димовски и на Бендот на Тоше. Од крушево ги повикуваат сите фанови од Балканот, со своето присуство и со своите мобилни телефони да го збогатат Ѕвезденото небо за Тоше и да споделат љубов и сеќавања на концертот кој е наречен „Со љубов за Тоше“. Неговата љубов за сите нас сѐ уште трае и постои во секој негов стих и нота.]]>

Замина на денешен ден: Четири години без Влатко Илиевски (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zamina-na-deneshen-den-chetiri-godini-bez-vlatko-ilievski-foto/ Wed, 06 Jul 2022 06:28:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257232

Денеска се одбележуваат четири години од смртта на македонскиот поп-рок пејач, водител и актер Влатко Илиевски (33). Илиевски на 6 јуни во 2018 година во вечерните часови беше пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“. Својата кариера ја започна во почетокот на 2000-те и се стекнa со голема популарност ширум македонската публика. Изведуваше музички композиции со поп и рок елементи. Во 2011 година Влатко Илиевски ја претставуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“. Беше првиот македонски поп-рок артист кој успеа да ја наполни А1 арената -„Борис Трајковски“ во Скопје. Пред да ја почне својата соло кариера, тој беше дел од музичката група „Морал“. Завршил на Факултетот за драмски уметности во Скопје, а дипломираше со претставата „Гнев“ на Стивен Кинг. Со неговата 12 годишна возраст тој започнал да свири на гитара во локалните скопски бендови. Првите посериозни почетоци му биле со групата „Made in Macedonia“ во 2000 година кога освоиле две нагрди. Во 2000 година, македонскиот рок бенд „Морал“ му понудил на Влатко Илиевски да се приклучи на бендот. Во 2001 година тие ги снимиле своите први песни, а во 2003 година го завршиле својот албум „Кога патувам“. Албумот бил составен од песните: „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во 2005 година „Морал“ биле предгрупа на концертот на „Дип Парпл“ (Deep Purple) во Скопје. Влатко Илиевски беше роден на 2 јули 1985 година во Скопје. По неговата смрт, компилацијата со најголемите хитови на Влатко Илиевски „За љубов се пее до крај“, беше објавена во 2020 година, на иницијатива на неговото семејството. На 2-ри јули годинава (2022) на денот на неговиот роденден беше промовиран уште еден негов албум. „Последно танго“, кој е составен од неговите досега необјавени песни. Станува збор за колекција од 14 песни, кои авторски ги потпишуваат Кристијан Габроски, Владимир Дојчиновски, Ристо Самарџиев, Дарко Тасев, Весна Малинова…, како и легендарниот лидер на „Дивље јагоде“ – Зеле Липовача. Албумот го отвора извонредната „Дајте му ја“, исполнета на „Охрид-фест“ 2017-та, по која следат „Не постојам без тебе“, „Кој ли е ден“, „Со тебе најдов среќа“, „Сè ќе покрие прашина“, „Вило вилена“, „Македонка“ (од фестивалот „Златен костен“ во Петрич, Бугарија 2016-та), „Комшивке убава“, „Љубов“ (дует со Јулија Димчевска), „Последно танго“ („Макфест“, најслушана песна меѓу два фестивала), веќе споменатата „Не желиш крај“, како и „Сети се“ и „Божикна песна“, снимени со хорот „Златно Славејче“. На албумот  се најде и првата песна на Влатко Илиевски (која ја снимил во студиото на Ангел Ќосев, неговиот професор по музичко, уште како осмооделенец) – „Together Again“, инаку авторско дело на самиот пејач, за која тој ја снимил и соло делницата на гитара.
]]>

Две години од смртта на великанот на македонската музика, фолк пејачот Ѓорѓи Желчески https://arhiva.vistina.com.mk/dve-godini-od-smrtta-na-velikanot-na-makedonskata-muzika-folk-pejachot-gjorgji-zelcheski/ Thu, 24 Feb 2022 11:26:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=240561

Денеска се одбележуваат две години до смртта на Ѓорѓи Желчески, великан на македонската музика, кој долги децении во Белград и Србија ја афирмираше македонската народна музика и заедно со сопругата Кевсер Селимова беа вистински амбасадори на македонскиот мелос. Тој почина на 82 годишна возраст. Беше многу талентиран човек во естрадниот свет, можеби и единствен кој има четири дипломи – музичко школо, средно медицинско школо, потоа вишо педагошко училиште и Природно математички факултет (наставник по хемија). Желчески, рано како солист во Радио Скопје, сфатил дека за народната музика која ја носел во своите гени не му треба никакво училиште. Во 1959 година на „Партизанските води“ на Златибор на барање на Маршалот Тито, се одржал фолклорен фестивал од цела Југославија, на кој Скопје како свој претставник го испратил Културниот клуб „Орце Николов“, на кој настапила и Кевсер Селимова. Почнале да пеат и да снимаат во дует, ширејќи ја славата на македонската песна на сите меридијани, а бидејќи 50 години живееја и твореа во Белград, ги нарекуваа амбасадори на македонските песни. Тој ќе остане запаметен со песните, кои во дует ги испеа со Кевсер, меѓу кои се „Елено, ќерко”, „Бело лице љубам јас”, „Врати ми се, љуби ме”, „Брала мома капини” и многу други. Во Домот на АРМ во Скопје концертно го прославија пет децениското постоење.]]>

Две години од смртта на Шабан Шаулиќ: Ќерката Илда најмногу пати, а куќата на Шабан во Крчедин – напшуштена… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/dve-godini-od-smrtta-na-shaban-shaulikj-kjerkata-ilda-najmnogu-pati-a-kukjata-na-shaban-vo-krchedin-napshushtena-foto/ Wed, 17 Feb 2021 09:55:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190098

Дури и по две години, семејството Шаулиќ не може да се помири со фактот дека нивниот Шабан, народната фолк легенда ги напушти. На Инстаграм, на годишнината од смртта на нејзиниот татко, ќерката Илда Шаулиќ објави заедничка фотографија но собра сили да напише  само еден збор: „Ми недостасуваш“. Сепак куќата која починатиот крал на народната музика, Шабан Шаулиќ ја обожуваше и каде што сакаше да поминува најмногу од своето слободно време, е скоро напуштена, а неговите риболовни трски сè уште стојат таму каде што за последен пат ги оставил. Се шпекулираше дека куќата ќе биде продадена или претворена во музеј, но ниту една од овие работи не се случи се досега, што може да се заклучи со одење во Крчедин. Соседите велат дека им недостига неговиот глас со кој можел да ги расположи во двор, кафената или на брегот, каде што секојдневно ловел риба и посочуваат дека по неговата смрт речиси никој не ја посетува куќата. „И додека беше жив, Гоца не доаѓаше овде, Михајло ретко, а мислам дека никогаш не ја видовме Санела. Ова беше неговата оаза на мирот, додека неговата сопруга претпочиташе некои други работи и далечни дестинации, за што Шабан отворено зборуваше. Затоа и не сме изненадени што таа не доаѓа ниту сега. Од децата, ја гледаме само Илда, таа била неколку пати тука, но посетите на ова место и причинуваат болк,а затоа што куќата ја потсетува на татко и Шабан“ - вели еден од соседите. ]]>