смртт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 18 Feb 2022 08:57:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png смртт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Анета Молика се потсети на Шабан Шаулиќ на 3 години од неговата смрт: „Ми беше чест што те познавав“ https://arhiva.vistina.com.mk/aneta-molika-se-potseti-na-shaban-shaulikj-na-3-godini-od-negovata-smrt-mi-beshe-chest-shto-te-poznavav/ Fri, 18 Feb 2022 08:57:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=239621

На 17 февруари се наполнија три години од смртта на легандата на народната музика, Шабан Шаулиќ. Имено, пејачот почина во сообраќајна несреќа во Германија кога од хотелот каде што бил сместен се упатил на аеродром да се врати во Белград. Ни по 3 години, носталгијата и болка по пејачот не престануваат. На три годишнината од неговата смрт, семејството, пријателите, колегите се потсетија на Шабан Шаулиќ. Македонската пејачка Анета Молика на „Инстаграм стори“ објави фотографија со пејачот, а во описот напиша: -Три години без твојот глас. Чест ми беше што те познавав, напиша таа во описот. фото: Инстаграм/anetamicevska/sabansaulic]]>

По 12 години од смртта на Ксенија Пајчин е откриена тајна: Пејачката не успеала да ја исполни оваа желба пред да почине https://arhiva.vistina.com.mk/po-12-godini-od-smrtta-na-ksenija-pajchin-e-otkriena-tajna-pejachkata-ne-uspeala-da-ja-ispolni-ovaa-zelba-pred-da-pochine/ Fri, 28 Jan 2022 10:37:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236673

Пејачката Ксенија Пајчин почина откако  нејзиното љубоморно ја уби со огнено оружје. Потоа, тој заврши самоубиство, а тој ден помина една деценија. Парот се запозна во реалното шоу „Велики брат“, а по завршувањето на истото ја продолжија својата романса. Меѓутоа, после толку години од смртта на Ксенија е откриена тајна која никој не ја знаеше. Имено, на официјалниот Инстаграм профил кој го уредуваат администратори со одборение на семејството, се појави информација за една песна која покојната пејачка требала да ја сними, но ја чувала во „фиока“. Неколку години подоцна, песната ја купила Секси Сандра која од неа направила летни хит. -Сандра Валтеровиќ на Фарма кажа дека одбрала песна на Ксенија. Сакала да направи летни хит. Со годни таа песна стоеше во фиока додека Сандра не ја отпеја, пишуваше на Инстаграм профилот посветен  на Пајчин. фото: принтскрин/јутуб  ]]>

5 години од смртта на Есма Реџепова https://arhiva.vistina.com.mk/5-godini-od-smrtta-na-esma-redzepova/ Sat, 11 Dec 2021 13:55:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230772

На 11 декември 2016 година на 73 годишна возраст, по кусо и тешко боледување почина кралицата на ромската музика или како што ја ословуваат и кралицата на убавата песна, Есма Реџепова-Теодосиевска. Зад неа остана долга 55 годишна кариера исполнета со неверојатно многу успеси. Кога со сопругот Стево се врати во родната Македонија, по распаѓањето на Југославија, Есма стана вистински музички амбасадор на својата татковина во светот. Родена е како петто дете во семејствто на Чанија и Ибраим Реџепов, во мала сиромашна куќичка во центарот на Скопје. Таткото Ибраим во април 1941 година на почетокот на Втората светска војна ја изгубил едната нога, но и како таков се трудел со сите сили да ги издржува четирите ќерки и двата сина. Беше уличен чистач на чевли, но бидејќи останал инвалид, некој постојано морал да му помага, да му ја носи кутијата со бои и четки. Покрај останатите браќа и сестри, и малечката Есма станала постојан помошник на татка си. Парите што и таа си ги заработувала всушност ги штедела за да оди во кино кое многу го сакала. Како девојче била многу бунтовна. Најмногу и пречеше што во тоа време ја понижувале со прекарот “Циганката“. Но, таа никогаш не се срамела од ниту една работа. И како деветгодишното девојче чистела и перела во богатите семејства. Од најраната младост се истакнува со прекрасен глас, дар од природата. Песната пополека почнува да и станува се на овој свет. За Есма набргу слушнал и маестро Стево Теодосиевски. Тој доаѓа во Скопје само за да го убеди таткото на Есма да и дозволи на ќерката да настапува со неговиот ансамбл. Од тогаш во животот на Есма се се менува од корен. Стево и Есма набргу ја освојија целата Југославија со своите оригинални концерти, а потоа и целиот свет. Домот им станал стариот автомобил на Стево Теодосиевски, а немаше еден ден кога не беа по патиштата освојуваќи ја планетата со песната. Во 1960 година се преселуваат да живеат во Белград, главниот град на тогашната заедничка држава во кој ширум им се отвараат вратата на мегапопуларноста. Во Белград останаа се до распадот на Југославија, а потоа по желбата на Стево во 90-тите години се враќааат во Скопје, во кое ја саградија својата куќа на скопското “Кале“(и која по нивната смрт остана во сопственост на државата Македонија). Со Стево Теодосиевски, Есма стапува во брак во 1968 година. И до ден денешен многу Скопјани се сеќаваат на нивната голема, весела ромска свадба. Есма станала толку многу популарна пејачка, па поради тоа влегла и во протоколот на претседателот на Југославија, Јосип Броз Тито кој инаку многу сакаше да ја слуша да му пее во живо.Пеела и пред голем број Председатели, кралеви, цареви, принцови, а во сеќавање останува и нејзиното искрено пријателство со големата Индира Ганди. Есма Реџепова објави повеќе од 600 песни, кои се снимени на грамофонски плочи и касети. Имаше над 50 илјади концерти, според некои слободни проценки, и настапуваше во кој знае колку ТВ-емисии. Секако дека најмногу пееше на ромски и македонски јазик, но исто така пееше и на српскохрватски, турски, хебрејски, грчки и хинди јазик. Нејзината најпопуларна (и авторска) песна “Чае шукарие“ која и денес се пее со иста љубов на секаде, стана и официјална химна на сите Роми низ светот. Да беше жива и сега за своја душа често ќе си ја запееше својата најомилена песна, нејзината интимна химна „Чекај животе“. Но, тажно е што животот не ја чекаше онака како што Есма посакуваше низ песните со кои низ светот ја славеше и се гордееше со својата родна татковина Македонија. фото: фејсбук]]>