смртник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 22 Feb 2021 13:41:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png смртник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Роберто Поп Димитров се обидува да ја разбуди нејзината љубов во – „Разбуди се во мене“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/roberto-pop-dimitrov-se-obiduva-da-ja-razbudi-nejzinata-ljubov-vo-razbudi-se-vo-mene-video/ Mon, 22 Feb 2021 13:41:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190869

Штипскиот рокер и пејач  Роберто Поп Димитров, некогашниот вокал на штипската група „Кентаур“ станува се поактивен. Така по темата „Живот ко филм“, за која веќе напишавме дека беше едно од ретките музички освежувања што позитивно можат да ве изненадат во минатата 2020 година, еве го одново со нова песна, овој пат многу попрофесионално визуелизирана. „Разбуди се во мене“ во основа е поп-рок балада со гитарски призвук, по теркот на песните од старите добри времиња, без експериментирање со електрониката и сајзерските звуци. Едноставна, емотивна, тема кој на прво слушање нуди просторна ширина и мелодичност како во самиот звук, така и во сигурната вокална изведба, во која искусниот пејач сопствената експресија и одличните стихови на Огнен Неделковски знаел како да ги спои во единствена хармонична прегратка. Впрочем, убавината отсекогаш била во едноставноста, но никогаш не било едноставно да се најде начин таа убавина да се сподели на приемчив начин со слушателот, што на штипскиот Кентаур и вокално и музички и аранжмански, па и продукциски му оди со неподнослива леснотија. Видеото кое го потпишува Кокан Палашев и во кое покрај пејачот женската актерска улога ја има Весна Дуева само визуелно ја дополнува звучната слика, како одраз на емотивната состојбата на, за љубов жедната душа, која ја опишуваат стиховите, но ја доловува и целата атмосфера на темата  „Разбуди се во мене“, која буди трперливи емоции кај секој што ќе ја слушне и ќе го погледне спотот. „Песната е само дел, парче албумот со наслов 'Смртник'  кој е снимен во 2020/2021 година во моето студио Кентаур Продукција, каде работам повеќе од 10 години и во кое издадов повеќе албуми и песни од различни стилови: од  рок и хеви метал, рнб, хип хоп... со различни уметници од Македонија, Грција, Словенија, Бугарија“ - вели Роберто и додава:  „Конкретно на целиот албум има мало експериментирање и аранжмански и стилско со нојот матичен гранџ стил и модерен хип хоп, рнб звук... Направив мешавина што може ќе и се допадне напубликата, која сепак го има последниот збор. Во моментов, иако во ситуацијата на коронапандемија работам на неколку проекти“ - порачува Поп Димитров канејќи ве да го проследите и ова негово музичко парче. https://www.youtube.com/watch?v=dYxyvf-OzCM]]>