смртни закани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Nov 2023 12:02:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png смртни закани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Додека Ламбе Алабакоски од душманите добива смртни закани, Игор Џамбазов во песна го прогласи за народен херој (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/dodeka-lambe-alabakoski-od-dushmanite-dobiva-smrtni-zakani-igor-dhambazov-vo-pesna-go-proglasi-za-naroden-heroj-video/ Mon, 06 Nov 2023 10:47:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325446

Ламбе Алабакоски не само дека е одличен пејач, туку и голем македонски патриот и родољуб, веќе знаат и врапчињата. „Гемиџијата од Љубојно“ деновиве повторно беше на суд во Битола, но не како обвинет, туку само во сојство на сведок на Обвинителството во судскиот процес против Љупчо Георгиевски, поранешен претседател на згаснатиот бугарски клуб, чии порти како што е познато, Ламбе ги запали. Ламбе во судницата облечен со маичка со македонското знаме, а обвинетиот Ѓоргиевски  со ликот на Ванчо Михајлов. „Имаше закани и навреди и ден денес ги има. Најчесто се, по мое мислење, од бугарски граѓани и луѓе кои живеат тука, а се чувствуваат како Бугари или од измислени ботови на Фејсбук и Инстаграм, кои најчесто ги добивам во директна порака со смртна закана кон мене и кон моето семејство“ -  рекол Алабаковски во судницата. И додека Ламбе Алабакоски од душманите добива смртни закани, Игор Џамбазов на себесвојствен начин го прогласи за народен херој... И тоа во песна! До душа песната не е ниту нова, ниту непозната, а стана одново актуелна за време на короната. Италијанската  партизанска песна „Бела чао“ (Збогум убавице) која потекнува од времето на  италијанската граѓанска војна. Низ светот се користи како химна на слободата и отпорот.  Песна која била пеена од анти-фашистичкото движење на отпорот во Италија меѓу 1943 и 1945 година. Авторот на стиховите не е познат, а музиката и духот на песната се врз основа на народната песна што ја пееле работници покрај реката По на почеток на 20 век – „Само што станав утрово“. Токму неа Игор Џамбазов ја искористи да направи своевиден римејк на истата и во неговите нови стихови на „оние - другите“, кои му се закануваат на Ламбе уште еднаш „да им ја плесне вистината в лице“, вметнувајќи ги Илинденските херои како: Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Јане Сандански... а меѓу сите нив и Ламбе Алабакоски! Оваа верзија на „Бела чао“ е на репертоарот на Игор Џамбазов и Гуру Харе на нивните живи настапи, па делчето од еден таков некој го споделил на ТикТок, а Ламбе го преземал на својот Фејсбук... Колку за потврда „кој е кој“... Или како што вели Џамбазов во песната: „О партиџано - тоа сме ние, вие сте тие - другите“! Проследете како сето тоа изгледа и звучи...
@user5639685110396♬ original sound - enidze vardar
]]>