смрт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 25 Jan 2024 11:12:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png смрт – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор Џамбазов раскажа анегдота на две години од смртта на својот татко: „Ова на мајка ти нема да и го кажеш, така?“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dhambazov-raskazha-anegdota-na-dve-godini-od-smrtta-na-svojot-tatko-ova-na-majka-ti-nema-da-i-go-kazhesh-taka-foto/ Thu, 25 Jan 2024 10:01:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336227

Времето лета, реченица која многу често за слушаме за повеќе нешта, особено за тоа кога некој одамна го нема меѓу живите, а ние чувствуваме како да сме го изгубиле вчера. На денешен ден пред две години почина легендарниот диригент и композитор маестро Александар Џамбазов. Неговиот син, шоуменот Игор Џамбазов како и минатата година на годишнината од смртта на татка си и неговото заминување во вечноста, тој со емотивна прошетка по сеќавањата се потсети на него и денот кога тој почина. Поточно, Игор се присети на една анегдота од детството, а за крај прати и порака до вечноста:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Igor Djambazov (@igordzambazov)

-Две години без тебе стари. Ко два дена. Ама и како две столетија истовремено. Ти си мојот тато. Иако многу ретко те викав така. Уште од моите први улоги и снимања се договоривме дека ќе се викаме "колега". Се сеќаваш? Ти и јас во нашиот тегет Фиат 1300, чекаме на црвено на семафорите кај "Рубин кармин". На пешачкиот премин поминува една исклучително згодна жена. Ти ја измерка од глава до пети, ме погледна и ми рече: "А? Како теткава? Згодна е?" Веројатно сакаше да ја провериш мојата машкост, иако имав само седум-осум години. Јас, како од пушка одговорив: "Да". Ти ми се насмеа и се издиша истовремено. Ја изгледавме теткицата се додека не се изгуби во толпата. Кога конечно тргнавме ми кажа: "Ова на мајка ти нема да и го кажеш, така?" А јас ти одговорив: "Е нема де, нели сме колеги". И така станавме колеги. До крај. И засекогаш ќе останеш мојот омилен колега. Колега за сите времиња. П.С. Тања и јас сме добри. Тераме. Тука се' е по старо. Писмените се срамат дека се писмени. Неписмените се трудат да бидат уште понеписмени. И уживаат во тоа. Се' на се' стари, ништо не си пропуштил... заврши тој. фото: Instagram printscreen/ igordzambazov]]>

„Многу е тешко!“: Силвестер Сталоне никогаш не се помири со смртта на синот (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/mnogu-e-teshko-silvester-stalone-nikogash-ne-se-pomiri-so-smrtta-na-sinot-foto/ Wed, 24 Jan 2024 08:48:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=335974

По смртта на неговиот син, Силвестер Сталоне остана без здив. Ништо не може да ја излечи неговата болка. Сите го знаеме Силвестер Сталоне како татко на три прекрасни ќерки кои ги доби со Џенифер Флавин, но тој имаше уште еден син, кој го доби со Саша Чак. Сејџ беше првото дете на Силвестер Сталоне и почина на 36-годишна возраст од срцев удар предизвикан од атеросклероза. Смртта на неговиот син го собори храбриот Роки. Тој бараше осаменост и приватност. Силвестер Сталоне тогаш рече: “Ниту една болка не е посилна од таа кога родителот ќе изгуби дете. Затоа ги молам луѓето да покажат почит кон споменот на мојот талентиран син и да сочувствуваат со љубовта на неговата мајка Саша. Оваа болна загуба ќе остане со нас до крајот на нашите животи”. По разводот на Силвестер и Саша Чак, имаше тежок период меѓу таткото и синот. По неколку години, тие ги “закопаа секирите“, па дури почнаа да снимаат филмови и да даваат интервјуа заедо. Сталоне работеше со Сејџ на Роки 5, а неговиот син планираше да продуцира. И покрај неговите здравствени проблеми, никој не можеше да замисли дека такво нешто ќе му се случи на овој млад човек. Во август 2012 година, актерот изјави: -Многу е тешко. Тоа е ужасна ситуација, но тоа е реалниот живот – времето ви помага да се справите и да се обидете да го преживеете она што се случи. Многу е важно да се најде сила да се крене на нозе и да се обиде да се живее. Во спротивно, може да ве вовлече во маѓепсан круг“. На доделувањето на наградите „Златен глобус“, новинарите го прашале Силвестер како загубата на неговиот син влијаела на неговата работа, а актерот одговорил: „Мислам дека многу помага во тие ситуации ако направите нешто. Во случајот со мојот син, сакав да му оддадам почит и го направив тоа“. Фотo: printskrin/instgaram/officialslystallone]]>

Сандра Булок пет месеци по неговата смрт ја испочитува последната желба на саканиот (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sandra-bulok-pet-mesetsi-po-negovata-smrt-ja-ispochituva-poslednata-zhelba-na-sakaniot-video/ Fri, 05 Jan 2024 13:13:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333947

Славната холивудска актерка Сандра Булок ја испочитува последната желба на својот покоен партнер Брајан Рендал 5 месеци по неговата смрт. Имено, Брајан имал желба по неговата смрт, неговата пепел да се расфрла во река во Вајоминг. На денот кога требаше да биде неговиот 58-ми роденден, актерката ги расфрлала неговите останки во реката Снејк. „Среќен роденден, Брај. Сенди те донесе до реката, токму како што вети“, напишала сестрата на Булок, Гесин Булок-Прадо покрај краткото видео.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Gesine Bullock-Prado (@gesinebp)

„Колку убав начин да му оддаде почит на човекот кој го сакала. Да се испочитува неговата последна желба! Вие сте во моето срце и во моите молитви. Колку и да е тешко и тажно да се изгуби некој толку посебен, се надевам дека ќе пронајдете мир и ќе го славите неговиот живот“, „Ви благодариме што го споделивте ова. Голема утеха за сите нас кои доживеавме ваква загуба“, се дел од коментарите под објавата. За потсетување, Рендал почина во август 2023 година по 3-годишна битка со амиотрофична латерална склероза (АЛС), прогресивна невродегенеративна болест која влијае на нервните клетки во мозокот и 'рбетниот мозок кои ги контролираат доброволните движења на мускулите. Лек за оваа болест сè уште не е пронајден и не постои ефикасен третман за да се запре нејзината прогресија. Моделот кој подоцна стана фотограф 8 години се забавуваше со Сандра и ѝ помогна во одгледувањето на нејзините две деца.
„Брајан рано одлучи да ја задржи неговата борба со АЛС во тајност, а ние што се грижевме за него дадовме сè од себе да го испочитуваме неговото барање“, изјавија неговите најблиски за „Page Six“ по неговата смрт. „Ние сме исклучително благодарни на неуморните лекари кои заедно со нас се грижеа за оваа болест и на неверојатните медицински сестри кои станаа наши цимери, честопати жртвувајќи ги своите семејства за да бидат со нашите“, додаа тие. фото:Instagram printscreen/ sandra.bullock.official]]>

Експертите откриваат колку кафе може да предизвика смрт https://arhiva.vistina.com.mk/ekspertite-otkrivaat-kolku-kafe-mozhe-da-predizvika-smrt/ Wed, 03 Jan 2024 13:15:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333522

Истражувањата покажуваат дека редовното консумирање кафе е поврзано со намален ризик од рак, срцева слабост и дијабетес тип 2. Сепак, постојат студии кои откриле дека премногу кафе може да го зголеми ризикот од деменција и мозочен удар, особено кај луѓето со висок крвен притисок. Затоа е добра идеја да најдете рамнотежа и да се грижите за вашето здравје ако уживате во секојдневното кафе. Иако кафето е безбедно и здраво за повеќето луѓе, луѓето со одредени здравствени состојби може да искусат повеќе од неговите негативни несакани ефекти, пишува NBC News. „Никогаш не би им препорачал на поединците кои не пијат пијалоци со кофеин да почнат да ги вградуваат во својот ден поради која било причина“, вели нутриционистот Триша Псота. „Повеќето луѓе веројатно нема да доживеат сериозни несакани ефекти од кофеинот, како што се неправилни отчукувања на срцето, повраќање, напади, па дури и смрт, освен ако не консумираат 1.200 милиграми кофеин, или околу 12 шолји кафе, во еден ден“, истакнува Псота. Но, дури и консумирањето 400 милиграми кофеин дневно понекогаш може да доведе до несакани несакани ефекти, вклучувајќи немир, анксиозност и тешкотии со спиењето, забележува Псота. На бремените жени и доилките им се советува да не консумираат повеќе од 200 милиграми кофеин или околу две шолји кафе дневно. Навиката за пиење кафе се развива во тинејџерските години Дејвид Бухолц, педијатар од Медицинскиот центар Ирвинг на Универзитетот Колумбија, вели дека забележува дека пациентите почнуваат да развиваат навика за кафе во тинејџерските години, кога добиваат поголема контрола врз нивната исхрана и се соочуваат со поголем обем на работа и распоред. Бухолц не би препорачал повеќе од 100 милиграми кофеин на ден за тинејџерите, или околу една шолја кафе од 230 милилитри. Иако кафето нуди здравствени придобивки во умерени количини, важно е да бидете свесни за потенцијалните ризици. Одржувањето рамнотежа и размислувањето за сопственото здравје е клучно за одговорно уживање во кафето и избегнување на несакани последици. Извор: Курир]]>

Новиот документарец открива дека кралицата Елизабета сакала да биде на мирно место, но тоа ја ставило во грижи https://arhiva.vistina.com.mk/noviot-dokumentarets-otkriva-deka-kralitsata-elizabeta-sakala-da-bide-na-mirno-mesto-no-toa-ja-stavilo-vo-grizhi/ Wed, 03 Jan 2024 12:36:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333564

Во новиот документарец за кралското семејство, а во емотивниот сегмент, принцезата и ќерка на кралицата Елизабета Втора,Ана, говори за мајчината смрт и како се чувствувала кога видела како Царската државна круна за последен пат се трга од ковчегот на кралицата во капелата Свети Џорџ во Виндзор. „Прилично чудно, почувствував олеснување – тоа е тоа, готово“, изјавила таа, па додала: „Таа одговорност се пренесува понатаму“. Принцезата Ана која била исклучително блиска со покојната кралица и мајка во текот на својот живот исто така рекла: „Мислам дека постоеше момент кога таа почувствува дека ќе биде комплицирано доколку почине во Балморал. Се обидувавме да ја убедиме дека тоа не е нејзина грижа“. Причината била големата организација за нејзиното испраќање и преместување на нејзиното тело во Лондон, но и доаѓањето на членовите од семејството кои последните денови со неа не биле во Балморал. Но, многумина сметале дека е прикладно тоа што кралицата починала во Балморал затоа што многу ги сакала шкотските гори. Непосредно пред нејзината смрт во септември минатата година, ја посетил д-р Ајелн Гриншилдс којшто после тоа кажал дека таа зборувала дека е задоволна што е таму и дека ужива во мирот. Принцезата Ана додала дека било случајност што тој тажен ден се нашла во Балморал. Објаснила дека само запрела во дворецот на враќање кон југ откако поминала неколку денови на западното крајбрежје на Шкотска. По смртта на кралицата, Ана открила дека на нејзиниот брат му било тешко целосно да се подготви за моментот во којшто ќе дојде на престолот, без оглед на тоа што цел живот чекал на тоа. фото:You Tube/ The Telegraph/ The Royal Family Channel]]>

Неговат смрт е болка за цел живот: Семејството на Емина Јаховиќ доживеа трагедија која заборав нема (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/negovat-smrt-e-bolka-za-tsel-zhivot-semejstvoto-na-emina-jahovik-dozhivea-tragedija-koja-zaborav-nema-foto/ Mon, 25 Dec 2023 11:14:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332277

Пејачката Емина Јаховиќ пораснала во Нови Пазар, а додека одела во основно училиште, како девојче на само 13 години, на Јаховиќ и се случила семејна трагедија. Имено, нејзиниот татко и почитуван кардиолог Нусрет Јаховиќ почина и тоа беше голем удар за нивното семејство, а и до ден денес не можат да се помират со неговата загуба. Таа еднаш ја отвори душата и со солзи во очите зборуваше за тие тешки моменти. - Татко ми рано не напушти, а мајка ми мораше да работи во ординацијата. Неговата загуба засекогаш ќе ме боли. Мислам дека мајка ми сè уште не може да се помири со тоа. Нему му беше полесно, а нам потешко – изјави еднаш пејачката. Колку се уште и недостига нејзиниот татко, многу години подоцна, може да се види од нејзините објави на социјалните мрежи. Емина одвреме-навреме ја објавува фотографијата на својот татко со зборови полни љубов и го опишува како ангел чувар. фото:Facebook/ Instagram printscreen/ yaemina/ Emina Jahovic]]>

По откривањето на причината за смртта на актерот Метју Пери се бара сослушување на докторите https://arhiva.vistina.com.mk/po-otkrivaneto-na-prichinata-za-smrtta-na-akterot-metju-peri-se-bara-soslushuvane-na-doktorite/ Tue, 19 Dec 2023 08:21:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331557

Поранешната девојка на Метју Пери, Кејти Едвардс, повика да се испрашуваат во истрагата неговите доктори, откако беше потврдено дека кетаминот е причина за неговата смрт. Актерот беше пронајден мртов на 28-ми октомври во џакузи на неговиот имот во Лос Анџелес, а резултатите од токсиколошките тестови беа објавени минатиот петок и се нашироко анализирани. Извештајот покажа дека Метју Пери починал од „акутни ефекти на кетамин“ и давење – при што актерот имал слични количини на кетамин во неговиот систем како болнички пациент под општа анестезија. Беше подложен на инфузиона терапија со кетамин за депресија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

Кети Едвардс, која се забавуваше со Метју Пери во 2006 година и работеше како негов асистент во 2011 година, рече дека има многу неодговорени прашања и побара дополнително објаснување. – Не бев таму, па не знам што точно се случи, но го познавам Метју како личност и пријател и ги знам шаблоните што довеле до ова. Од далеку можев да кажам дека не изгледаше добро во последните неколку недели од неговиот живот. Трезните луѓе кои го познаваа никогаш не се дружеа со него кога беше под дејство на дрога, па не можеа да ги видат знаците, рече таа.
 
Таа рече дека последната објава на актерот на Инстаграм, на која се гледа како лежи во џакузи, била сигнал дека повторно се дрогира. Кејти Едвардс денес е мајка на четири деца и води ранч со коњи во Калифорнија, последен пат разговарала со Пери минатата година, кога е објавена неговата автобиографија. -Метју сакаше да експериментира со различни лекови. Сакаше да проба различни работи за да види што му функционира најдобро. Се сеќавам дека во еден момент доби хероин и еден од неговите пријатели му покажа како да го користи. Отсекогаш сакал да пробува различни работи, но јас сум прилично сигурна дека кетаминот е нова работа бидејќи никогаш не сум го видела да го користи, забележала таа, пренесува Daily Mail. фото: Instagram printscreen/ mattyperry4]]>

Еве од што почина Метју Пери: Откриена вистинската причина за смртта https://arhiva.vistina.com.mk/eve-od-shto-pochina-metju-peri-otkriena-vistinskata-prichina-za-smrtta/ Mon, 18 Dec 2023 07:45:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331391

Смртта на ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери е прогласена за несреќен случај поради „акутните ефекти на кетаминот“, соопшти Канцеларијата на медицинскиот преглед на округот Лос Анџелес. Портпаролот од Лос Анџелес објави дека причината за смртта на 54-годишниот актер Метју Пери е утврдено дека е акутно дејство на кетамин, анестетик кое тој го користел како сретство за болка и антидепресив.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Matthew Perry (@mattyperry4)

- Фактори кои придонесуваат за смртта на г-дин Пери вклучуваат давење, коронарна артериска болест и ефектите на бупренорфинот (кој се користи за лекување на нарушување на употребата на опиоиди). Начинот на смртта бил несреќен случај - се наведува во наодот. фото: Instagram printscreen/ mattyperry4]]>

Димитар Атанасовски проговори за загубата на мајка си и највредниот совет кој го добил од неа за времиња кога е најтешко (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-atanasovski-progovori-za-zagubata-na-majka-si-i-najvredniot-sovet-koj-go-dobil-od-nea-za-vremina-koga-e-najteshko-video/ Thu, 14 Dec 2023 07:13:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331014

Во животот ништо не е црно и бело, ама не е ниту розово. За радио водителот и маркетинг менаџер Димитар Анатасовски и сопругата Сара Мејс редовно сведочиме на објави за нивниот весел и исполнет семеен живот. Сепак, тоа е така за пред камерите, и навистина е реално, но она кога камерите се исклучени не секогаш е така шарено и весело. Токму за таквите моменти кои ги поминал Димитар раскажа во интервјуто за „Ти реков ми рече“ кај јутјуберот Давид Давидовски. Оние што изгубиле драга и блиска личност од семејството, најјасно знаат за болката што човек ја доживува и живее со истат, а токму за таа празнина и неочекувано брза загуба на мајка си, Димитар отвори душа пред јавноста за деновите откако ја нема неговата мама која починала од канцер. -Мајка ми многу брзо, на многу чуден начин си отиде од овој свет. Затоа што и беше дијагностициран канцер во јули, а во декември веќе почина. Така што... Можеби сега ќе кажат и доктори и луѓе кои што го преживеале ова затоа што веќе не познавам фамилија во државата што нема некој кој што е болен од кандер за жал. Но, за мене тоа беше накако многу брзо и многу се развиваше брзо, ама па за мајка ми ме научи што и да се случува, животот оди понатаму...Значи јас, мајка ми дента ја погребавме, попладнето одидов на емисија на радио, зашто знам дека тоа е нешто кое што мајка ми би го сакала. Знали не би сакала да седам дома и да плачам 40 дена и да кажаувам колу ми е тешко и да им се јавувам на луѓе, да мајка е, значи нема како да не ти е тешко, ама мора да се собереш и да сфатиш дека „Show must go on“, вели Димитар за девизата што ја научил од мајка си, насловена според познатата песна на легендарните „Квин“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by DAVID DAVIDOVSKI (@davidovski_icon)

Мајката на Димитар почина минатата година во месец декември, таа по професија беше професорка по биологија во гимназијата „Кочо Рацин“ во Скопје. За ова и за уште многу теми поврзани со работата и приватноста погледнете го комплетното интервју во продолжение: фото: You Tube printscreen/ Ti Rekov Mi Rece/ instagram/ dimitaratanasovski_]]>

Во очи на својот роденден почина Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бело дугме“ https://arhiva.vistina.com.mk/vo-ochi-na-svojot-rodenden-pochina-vlado-pravdik-klavijaturistot-na-belo-dugme/ Tue, 05 Dec 2023 11:14:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329953

Синоќа во Сплит почина Владо Правдиќ, клавијатуристот на „Бело Дугме“, пренесува „Аваз“. За споменатиот медиум смртта ја потврди неговата блиска пријателка. Правдиќ, како што се наведува, починал во пресрет на својот 74-ти роденден на 6 декември. Во последните месеци тој се бореше со тешката болест. Правдиќ последните години живееше во Сплит. „Бело дугме„ е најпознатата југословенска рок група, основана во Сараево во 1973 година. Објавија девет албуми во периодот од 1973 до 1989 година. Водач и единствен постојан член на групата беше гитаристот Горан Бреговиќ, додека Жељко Бебек, Младен Војичиќ Тифа и Ален Исламовиќ се менуваа како пејачи. Басистите Зоран Реџиќ, Јадранко Станковиќ, Санин Кариќ и Љубиша Рациќ, тапанарите Горан Ивандиќ, Милиќ Вукашиновиќ и Драган Јанкелиќ и клавијатуристите Владо Правдиќ и Лаза Ристовски дојдоа и ја напуштија групата од различни причини. фото:Facebook/ Ljubisa Racic/ You tube printscreen/ NOVA S]]>